Песна 9
Јеховиниот благослов збогатува
1. Обилен благослов дарува Бог
сложно штом в мир служиме,
кога во срцата на мудрите
Речта ја всадуваме.
2. Покрај омразата, прогонствата,
смели сме сепак во сѐ,
гледајќи прекрасни дела на Бог,
храбро ќе издржиме.
3. Ако сме марливи работници,
секогаш трудејќи се,
тогаш Јехова, кој лојален е,
ние го радуваме.
4. Ревносен биди ти в служба за Бог,
претстојат благослови!
Тој ќе те облее со наклоност,
страдања ќе отстрани.