Песна 61
„Јас сум Јехова“!
(Исаија 42:8, NW)
1. Чујте, царевите од светот
Јехова го отфрлаат.
Сувереноста не ја признаваат
и на моќта му се противат.
Но, кој е тој војски што им порази,
па во срамот тие исчезнаа?
И фалбите нивни кој ги замолкна,
на својот народ даде победа?
(Рефрен)
2. Земните сили против синот
Јеховин се здружуваат!
Но, сепак се плашат тие моќници,
дури бедни луѓе офкаат.
Ах! Кој ќе го скрши овој јарем клет,
сите кротки да ги ослободи?
И кој ќе ги утврди во праведност,
од тага радост кој ќе направи?
(РЕФРЕН)
Господ сум јас, па други нема.
Да, единствен — Јехова Бог сум јас!
Поставив Цар на мојта света гора.
Поклони се! Тој сега царува.