Песна 103
Фрли му го своето бреме на Јехова
1. Чуј ја, Боже, мојта молба!
Не криј се од мене ти.
Дај ми одговор, те молам,
грижите отстрани ги.
(Рефрен)
2. Да сум како гулаб сега,
далеку би одлетал.
Каде злото ќе го нема,
таму да се засолнам.
(Рефрен)
3. На Јехова ќе се молам,
кој од небо царува.
Дава мир во тешко време,
душата ја спасува.
(РЕФРЕН)
Фрли му го на Јехова
сето свое бреме ти.
Нема да те напушти тој,
туку ќе те поткрепи.