Песна 142
Надежта на творештвото за ослободување
1. Сѐ живо што е во неволја е;
се жнее што е сеано.
Бог напуштен е, па сите луѓе
на себеси си прават зло.
2. И секој треба на Бог да гледа
за вистинско спасение.
Тој пружа рака и помош праќа
на тој во неволја што е.
3. Ќе чукне часот да дојде спасот,
да дојде и слободата.
А синот Божји нам ќе ни служи,
посредникот ќе е за нас.
4. Кој ќе се дружи со Божји слуги,
од Бог ќе има благослов.
Ја шират веста за среќни нешта
и чекаат на Царството.