Песна 189
Да се објавува Јеховиниот ден на одмазда
1. Се слуша звук на труби
— тој повик јасен е.
За одмазда се ближи
Јеховиниот ден.
Глас шириме со смелост
— се муртат луѓето.
Но, мора да се јави:
Се роди Царството.
2. На Бог е бојот сега,
а Син му предводи.
Победата е нивна,
да, нема посилни!
Сатана сѐ ќе проба,
но не ќе успее.
Бог денес нас нѐ учи
за да издржиме.
3. Глеј, секој Божји стражар
ќе предупредува.
На свое место стои
под Божја наредба.
А времето е кратко,
но не нѐ плаши нас.
Проповедај со ревност,
пред Бог на добар глас.