Издавање на библиска литература за слава на Бог
Јеховините сведоци се добро познати по своето проповедање на Божјето Царство со помош на печатен материјал. Од 1920 г. Друштвото Стражарска кула користело доброволни работници од редовите на Јеховините сведоци за објавување на списанија и книги за растурање. Целта била да се осигура производство на литература по најниска можна цена.
Во период од околу 60 години Друштвото го унапредило и проширило своето производство на библиска литература, најпрвин во Бруклин, а потоа и во други земји. Целата работа ја извршувал сѐ поголемот број на доброволци.
При крајот на 70-тите години традиционалните методи на печатење на литература се заменети со компјутерски систем, фотослог и офсет машини. Проблемот бил што постоечката опрема можела да произведува литература на ограничен број на јазици. Меѓутоа, Друштвото веќе печатело литература на околу 160 јазици, а постоела потреба и од литература на други јазици.
Така биле повикани доброволци да развијат мултијазичен електронски фотослог систем. Резултатите биле восхитувачки. Направени се неопходни технички зафати и развиен е систем за внесување на текст, композиција (слагање) и фотослог, наречен МЕПС. Со него може да се обработи текст на скоро 200 јазици, а можат да се додадат уште јазици.
Денес уредите за внесување на текст и за одредување на графичките единици од програмата МЕПС, кои ги произвеле Јеховините сведоци, се употребуваат во 25 земји, а се планира нивно користење и во други земји. Доброволни работници од тие земји се оспособени за ракување и одржување на таа опрема. Друштвото сега печати списанија на повеќе од 100 јазици во 36 земји, а во шест од тие земји исто така се печатат книги во повез и Библии.
За сета оваа работа потребни се луѓе — писатели, преведувачи, коректори, печатари, книговесци и транспортни работници. Други мораат да вршат кореспонденција со собранијата. Некои произведуваат храна, подготвуваат оброци, чистат, перат алишта и.т.н. Сево ова го прават доброволни работници кои се ставиле на располагање во разни земји. Во 1985 година ширум светот имало 8438 доброволни работници кои служеле во различни канцеларии, фабрики, домови и фарми.
Кои се тие луѓе? Тоа се мажи и жени, самци и оженети, млади и стари, сите предадени Јеховини сведоци. Некои од нив на таа работа се веќе 40, 50 па дури и 60 години. Тие просечно тошат најмалку 44 часа неделно на своите работни задачи, а ако е потребно и повеќе. Вечерните часови и викендите се посветени за проповедање на добрата вест од куќа до куќа и на други собраниски активности.
На овие работници ширум светот им е овозможено пристојно сместување и исхрана во една од установите на Друштвото, наречени Бетелски домови. Покрај тоа примаат и скромен надоместок за покривање на патните трошоци во својата служба и еден мал износ за лични потреби џепарлак.
Од 1920 година овие доброволни работници отпечатиле преку 9 милијарди Библии, книги, списанија и трактати на околу 200 јазици за растурање ширум светот. Тие го даваат својот дел за да може вечната добра вест како радосна порака да им се објави на сите народи, племиња и јазици (Откровение 14:6, 7).
● Каква печатарска активност има Друштвото Стражарска кула и зошто?
● Кој ги извршува сите тие работи и како живеат тие?
[Слики на страница 24]
Доброволци кои извршуваат разни задачи поврзани со производство на библиска литература во фабрики, домови, канцеларии и фарми во Бруклин и Волкил, Њујорк, САД
[Слики на страница 25]
Доброволци извршуваат различни задачи кои се директно или индиректно поврзани со продукција на Библии и библиска литература
Шпанија
Германија
Финска
Канада
Данска
Шведска
Јужна Африка
Бразил
Холандија
Австралија