ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • br78 стр. 6-11
  • Нивниот современ развој и раст

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Нивниот современ развој и раст
  • Јеховините сведоци во дваесеттиот век
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • 1914 ГОДИНА
  • ПОБЕДИ НА СУД
  • ПОСЕБНИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ
  • ПРОШИРУВАЊЕ НА ПЕЧАТНИЦИТЕ
  • МЕЃУНАРОДНИ КОНГРЕСИ
  • Нивниот современ развој и раст
    Јеховини сведоци — кои се тие? Што веруваат?
  • Јехова го собира и опремува својот народ за дело
    Јеховините сведоци обединето ја извршуваат Божјата волја ширум светот
  • Враќање кај вистинскиот Бог
    Потрагата на човештвото по Бог
  • Бетелот во Бруклин — 100 години постоење
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Повеќе
Јеховините сведоци во дваесеттиот век
br78 стр. 6-11

Нивниот современ развој и раст

Современата историја на Јеховините сведоци датира нешто повеќе од 100 години. Во почетокот на 1870-тите, се формира незабележлива група за проучување на Библијата во Алегени (Пенсилванија, САД) кој денес е дел од Питсбург. Главен иницијатор на таа група е Чарлс Тејз Расел. Во јули 1879 година е објавен првиот број од списанието Zion’s Watch Tower and Herald of Christ’s Presence (Сионска стражарска кула и гласник на Христовата присутност). До 1880, од таа мала група за проучување произлегуваат десетици собранија во разни околни сојузни држави. Во 1881 година се основа Zion’s Watch Tower Tract Society, а во 1884 законски се регистрира, со Расел како претседател. Подоцна, името на Друштвото е променето во Watch Tower Bible and Tract Society. Многумина сведочеле од куќа до куќа нудејќи библиска литература. Во 1888 година, 50 лица служеле полновремено, а денес просечниот број ширум светот надминува 620.000.

Од 1909 година делото добива меѓународен карактер, а централата на Друштвото е преместена на нејзиното сегашно место во Бруклин (Њујорк). Во разни весници се објавувани проповеди, а до 1913 година овие проповеди излегуваат на четири јазици во 3.000 весници низ САД, Канада и Европа. Дистрибуирани се стотици милиони книги, брошури и трактати.

Во 1912 година почнува да се работи на Photo-Drama of Creation (Фото-драмата Создавање). Дијапозитиви и филмови го обработувале периодот од создавањето на Земјата до крајот на Христовото илјадагодишно владеење. Прикажувањето почнало во 1914 година, а фото-драмата секојдневно ја гледале 35.000 луѓе. Тоа било пионерска работа на полето на звучниот филм.

1914 ГОДИНА

Се приближувало пресудното време. Во 1876 година, истражувачот на Библијата Чарлс Тејз Расел напишал статија со наслов „Кога завршуваат времињата на паганите?“ Оваа статија е објавена во октомврискиот број на списанието Bible Examiner кое излегувало во Бруклин. На 27. страница можело да се прочита: „Седумте времиња ќе завршат во 1914 година н. е.“ Под изразот „времиња на народите“ се мисли на временскиот период што Исус го означил како „одредени времиња на народите“ (Лука 21:24, НС). Во 1914 година не се исполниле сите очекувања, но таа година го означила крајот на времињата на народите и била посебно значајна година. Многу историчари и коментатори се согласуваат дека 1914 година била пресвртница во човечката историја. Тоа го потврдуваат следните цитати:

„Последната потполно ‚нормална‘ година во историјата беше 1913, годината пред почетокот на Првата светска војна“ (Воведна статија во Times-Herald, Вашингтон, Д.К., 13. март 1949).

„Од 1914 година наваму, секој кој е свесен за светските тенденции длабоко е вознемирен поради она што изгледа како судбоносен и предодреден марш кон уште поголема несреќа. Многу сериозни луѓе имаат чувство дека не може ништо да се стори за да се спречи втурнувањето во пропаст“ (Бертранд Расел, The New York Times Magazine, 27. септември 1953).

„Со појавата на Првата светска војна целиот свет излезе од колосек, а ние сѐ уште не знаеме зошто. Пред тоа луѓето мислеа дека на повидок е идеална состојба. Владееше мир и благосостојба. А потоа сѐ исчезна и оттогаш се наоѓаме во состојба на премреност . . . Во нашиов век се убиени повеќе луѓе отколку во целата човечка историја“ (Д-р Волкер Перси, American Medical News, 21. ноември 1977).

Повеќе од 50 години после 1914 година, германскиот канцелар Конрад Аденауер напишал: „Од 1914 година наваму луѓето не живеат безбедно и мирно“ (The West Parker, Кливленд, Охајо, 20. јануари 1966).

Првиот претседател на Друштвото, Ч. Т. Расел, умира во 1916 година, па следната година го заменува Џозеф Ф. Ратерфорд. Настапиле многу промени. Почнува излегување на придружното списание на Стражарска кула, наречено Златен век. (Сега е познато како Разбудете се!, со тираж од преку 12.000.000 примероци на повеќе од 60 јазици). Сѐ повеќе се нагласува потребата за сведочење од врата до врата. За да се разликуваат од верските заедници на таканареченото христијанство, во 1931 година овие христијани го прифаќаат името Јеховини сведоци. Името се темели на Исаија 43:10-12.

Во 1920-тите и 1930-тите години изобилно се користело радиото. Во 1933 година, за емитување на библиски предавања Друштвото користело 403 радиостаници. Подоцна предавањата на радиото воглавно се заменуваат со почести посети во домовите, при што Сведоците употребувале преносливи фонографи и плочи со снимени библиски предавања. Таму каде што бил покажан интерес, започнувале домашни библиски студии.

ПОБЕДИ НА СУД

Во 1930-тите и 1940-тите години многу Сведоци биле апсени поради своето делување и се воделе правни борби за одбрана на слободата на говор, печат, состанување и вероисповед. Во САД, со апелации Сведоците добиле 43 случаи пред Врховниот суд на Соединетите Држави. Виши судови во други земји исто така донеле позитивни пресуди. За тие победоносни судски процеси, во својата книга These Also Believe (И тие веруваат), професорот Ч. С. Брејден напишал за Јеховините сведоци: „Борејќи се за своите граѓански права, тие прилично ѝ послужија на демократијата, бидејќи многу допринесоа за обезбедување на тие права за секое малцинство во Америка“.

ПОСЕБНИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ

Во 1942 година умира Џ. Ф. Ратерфорд, а на местото претседател доаѓа Н. Х. Нор. Тогаш била подготвена образовна програма. Во 1943 година е основана посебна школа за оспособување на мисионери, наречена Библиска школа Гилеад на Watchtower. Оттогаш дипломците на оваа школа биле испратени во повеќе од 140 земји во светот. Така се формирале собранија и во земјите во кои дотогаш немало и се основани близу 100 подружници во различни земји. Одвреме навреме се одржуваат посебни курсеви за оспособување на собраниски старешини, на доброволните работници во подружниците и на оние кои се ангажирани полновремено (како пионери) во делото на сведочење.

Н. Х. Нор умира во 1977 година. Една од последните организаторски промени во кои учествува пред смртта е проширувањето на Водечкото тело, сместено во светската централа во Бруклин. Во 1976 година административните одговорности за делото на проповедање ширум светот се поделени на различни одбори составени од членови на Водечкото тело. Секој од 11-те членови на Водечкото тело (1993 година) околу 50 или повеќе години му го посветува сето свое време на делото на сведочење.

ПРОШИРУВАЊЕ НА ПЕЧАТНИЦИТЕ

Современата историја на Јеховините сведоци е полна со драматични настани. Од мала група за проучување на Библијата што постоела во Пенсилванија во 1870, до 1993 година ширум светот се основани повеќе од 73.000 собранија на Јеховини сведоци. Во почетокот целата литература ја печатат комерцијални фирми; потоа, во 1920, Сведоците почнуваат сами да печатат некои списанија во изнајмени фабрички згради. Од 1927 почнува да се печати многу повеќе литература во осумкатната печатница во Бруклин (Њујорк), сопственост на Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc. Во меѓувреме печатницата е проширена на седум згради и голем деловен комплекс. Во други згради, недалеку од Бруклин, живеат преку 3.000 доброволци, вработени во печатницата. Повеќе стотици служат во образовниот објект во Патерсон (Њујорк). Освен тоа, во близината на Волкил (Њујорк) се наоѓаат фарма и печатница со околу 1.000 доброволци. Таму се печатат списанијата Стражарска кула и Разбудете се! и се произведува храна за овие илјадници волонтери. Секој од нив добива скромен надоместок за своите лични потреби.

МЕЃУНАРОДНИ КОНГРЕСИ

Во 1893 година е одржан првиот поголем конгрес во Чикаго (Илиноис, САД) на кој присуствувале 360 лица а биле крстени 70 нови. Последниот голем меѓународен конгрес е одржан во 1958 во Њујорк. За таа пригода беше изнајмен Јенки Стадион и тогашниот Поло Граундз. Тогаш е забележан најголем број од 253.922 присутни; крстени беа 7.136 лица. Оттогаш меѓународните конгреси се одржуваат во облик на серии конгреси во повеќе земји. Такви меѓународни серии од конгреси сега вклучуваат преку 1.500 собири во над 100 земји.

[Истакната мисла на страница 6]

Првите звучни филмови

[Истакната мисла на страница 7]

Пресвртница во човечката историја

[Истакната мисла на страница 8]

Придонеле за граѓанските слободи

[Слика на страница 6]

„Стражарска кула“ чиј тираж од 6.000 примероци на еден јазик порасна на повеќе од 16.000.000 на преку 115 јазици

[Слики на страница 10]

Печатниците во Волкил (Њујорк)

. . . и во Бруклин (Њујорк)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели