ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • pe погл. 26 стр. 217-224
  • Борба да се прави она што е исправно

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Борба да се прави она што е исправно
  • Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • МОЖЕШ ДА ЈА ДОБИЕШ ТАА БОРБА
  • ДА СЕ УЧИ НА ТУЃИТЕ ГРЕШКИ
  • ПОТРЕБНА ТИ Е ПОМОШ ЗА ДА ПОБЕДИШ
  • Можеме да останеме морално чисти!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Како да им одолеете на грешните желби?
    Разбудете се! 2004
  • Угледај се на верата на Мојсеј
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • „Води ја добрата борба на верата“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
Повеќе
Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
pe погл. 26 стр. 217-224

26. поглавје

Борба да се прави она што е исправно

1. Против кои две работи христијаните мораат да се борат?

СЀ ДОДЕКА постои сатанскиот свет, христијаните мораат да се борат против неговото лошо влијание. Апостол Павле напишал: ”Облечете се во сето оружје Божјо, за да се одржите против ѓаволското лукавство!“ (Ефесјаните 6:11–18, ББД). Но, нашата војна не е само против Сатана и неговиот свет, туку и против нашите лични желби да го правиме она што е лошо. Библијата вели дека ”склоноста на човековото срце е зла од неговата младост“ (1. Мојсеева 8:21, NW; Римјаните 5:12).

2. (а) Зошто често чувствуваме силна желба да постапиме неисправно? (б) Зошто мораме да се бориме против неисправните желби?

2 Поради наследениот грев од Адам, нашето срце може да се стреми да прави зло. Ако му попуштиме на таквиот стремеж, нема да постигнеме вечен живот во Божјиот нов систем. Затоа мораме да се бориме за да го правиме она што е исправно. Дури и апостол Павле морал да води таква борба, што е видливо од неговите зборови: ”Кога сакам да го правам доброто, злото ми се наметнува“ (Римјаните 7:21–23, ББД). Можеби таа борба и тебе тешко те погодува. Понекогаш се случува да западнеш во тежок внатрешен конфликт. Што ќе сториш тогаш?

3. (а) Кој внатрешен немир го доживуваат многу лица? (б) Која библиска вистина се потврдува со фактот дека многумина постапуваат неисправно иако сакаат да го прават она што е право?

3 Ти сега го познаваш Божјето прекрасно ветување за вечен живот под совршени услови на Земјата. Веруваш во тие ветувања и со задоволство сакаш да го доживееш нивното исполнување. Значи, ти знаеш дека служењето на Бог донесува трајна корист. Но, твоето срце можеби сака работи за кои знаеш дека не се добри. Понекогаш чувствуваш силна желба да извршиш блуд, да украдеш или да направиш некоја друга лоша работа. Можеби некои кои ја проучуваат оваа книга, би можеле да сторат такви лоши дела, иако знаат дека Бог тоа го осудува. Фактот дека прават нешто што не е исправно, иако би сакале исправно да постапуваат, е доказ за библиската вистина: ”Најподмолно од сѐ е срцето. Едвај поправливо (...)“ (Еремија 17:9, Ст).

МОЖЕШ ДА ЈА ДОБИЕШ ТАА БОРБА

4. (а) Од кого зависи дали ќе ја добиеш или изгубиш битката? (б) Што мораш да правиш за да победиш во борбата да се прави она што е исправно?

4 Но, тоа не значи дека не е можно да се совладаат силните желби за неисправно постапување. Ако навистина сакаш, ти можеш да го зајакнуваш своето срце за да правилно те води. Но, сѐ зависи само од тебе (Псалми 26:1, 11). Никој друг не може да извојува победа за тебе. Затоа, пред сѐ продолжи да го примаш во себе животодајното спознание од Библијата (Јован 17:3). Меѓутоа, потребно е повеќе отколку само разумно да го прифатиш тоа спознание. Мораш да го примиш и со своето срце. Она што го учиш треба да го чувствуваш длабоко во себе и навистина да имаш желба да постапуваш според тоа.

5. Како можеш во своето срце да развиваш ценење за Божјите закони?

5 Како можеш во своето срце да развиеш ценење за Божјите закони? Мораш длабоко да размислуваш за нив. Запрашај се: Каква разлика постои меѓу послушноста и непослушноста спрема Бог? Тогаш размислувај за животот на луѓето кои ги презреле неговите закони, како една 19-годишна девојка која напишала: ”Три пати заболував од венерични болести. Последниот пат тоа ме чинеше да не можам да имам деца, бидејќи ми е отстранета матката.“ Навистина е тажно кога ќе размислиме колку проблеми се појавуваат како последица кога луѓето не ги слушаат Божјите закони (2. Самоилова 13:1–19). Една жена која извршила блуд, рекла: ”Тоа не е вредно за болките и душевниот немир што ги донесува непослушноста. Сега страдам поради тоа.“

6. (а) Зошто не се исплаќа уживањето кое со себе го носи лошото постапување? (б) Каков живот можел да ужива Мојсеј во Египет?

6 Сепак ќе чуеш луѓе кои велат дека е забавно да се врши блуд или да се опива и да зема дрога. Но, таа т.н. забава е краткотрајна. Немој да бидеш наведен на постапки поради кои ќе ја изгубиш вистинската и трајна среќа. Сети се на Мојсеј кој бил воспитуван како ”син на фараоновата ќерка“. Живеел во стариот Египет во раскошот на царското семејство. Но, кога пораснал, избрал, како што вели Библијата, ”подобро да страда со Божјиот народ, отколку да има краткотрајно уживање во гревот“ (Евреите 11:24, 25, д–р Чарниќ). Неморалниот, разуздан начин на живот, кој очигледно бил вообичаен на египетскиот царски двор, сигурно причинувал извесно уживање. Тогаш, зошто Мојсеј му свртел грб на сето тоа?

7. Зошто Мојсеј го напуштил ”краткотрајното уживање во гревот“ кое можел да го има на египетскиот царски двор?

7 Затоа што Мојсеј верувал во Јехова Бог. Знаел дека постои нешто подобро од привременото уживање во гревот коешто можеби го доживеал на египетскиот царски двор. Библијата вели: ”Зашто гледаше на ветената награда.“ Мојсеј длабоко размислувал за она што Бог го ветил. Верувал во Божјата намера дека ќе воспостави праведен нов систем. Големата Јеховина љубов и неговата грижа за човештвото го трогнала неговото срце. Мојсеј едноставно не слушал или читал само нешто за Јехова. Библијата вели: ”Остана (...) постојан, како да го гледа Невидливиот“ (Евреите 11:26, 27, Ст). Јехова бил реалност за Мојсеј, а исто така и неговите ветувања за вечниот живот.

8. (а) Што ни е потребно за да победиме во борбата да го правиме она што е исправно? (б) Кое гледиште, прикажано преку примерот на момчето, треба да го имаме и ние?

8 Може ли истото да се рече и за тебе? Дали гледаш на Јехова како на вистинска личност, сличен на татко кој те сака? Кога читаш за неговите ветувања дека ќе им даде на луѓето вечен живот во рајот на Земјата, дали се замислуваш себеси дека ти ќе ги доживееш тие благослови? (Види стр. 156 до 162). Мораме да развиеме близок однос со Јехова за да победиме во борбата против многуте притисоци за неисправно постапување. Мораме слично на Мојсеј ”да гледаме на ветената награда“. Еден 20-годишен младич кој бил соочен со искушение да направи блуд, го имал истото гледиште како и Мојсеј. Тој рекол: ”Мојата надеж во вечниот живот ми беше премногу скапоцена за да ја прокоцкам за неколку минути неморал.“ Зарем ова не е исправното гледиште кое би требало да го имаме и ние?

ДА СЕ УЧИ НА ТУЃИТЕ ГРЕШКИ

9. Како кралот Давид затаил во борбата да го прави она што е исправно?

9 Во таа борба никогаш не смееш да попуштиш во будноста, како што еднаш му се случило на крал Давид. Еден ден од рамниот покрив на својата палата случајно ја здогледал убавата Витсавеја како се капе. Наместо да се сврти пред неисправните мисли да пораснат во неговото срце, тој и натаму ја гледал. Желбата за интимни односи со Витсавеја била толку силна, што ја довел во својата палата. Подоцна во една битка наместил да загине нејзиниот маж, бидејќи забременила, а тој не можел да го скрие браколомството (2. Самоилова 11:1–17).

10. (а) Како бил казнет Давид за својот грев? (б) Како можел Давид да го спречи браколомството?

10 Тоа навистина било тежок грев и Давид морал да страда. Не само што бил многу тажен поради својата постапка, туку Јехова го казнил, остатокот од животот да му биде исполнет со семејни проблеми (Псалми 51:3, 4; 2. Самоилова 12:10–12). Давидовото срце било поизмамливо отколку што мислел; го совладале страсните желби. После тоа рекол: ”Гледај, во беззаконие се родив, и во грев забремени мојата мајка со мене“ (Псалми 51:5, ДК). Но, не морало воопшто да дојде до тоа што го направил Давид со Витсавеја. Проблемот бил во тоа што не го одвратил својот поглед; тој не ја избегнал ситуацијата која предизвикала сексуален апетит по туѓа жена.

11. (а) Што би требало да научиме од Давидовото искуство? (б) Што може, според твое мислење, да ги поттикнува ”сексуалните желби“? (в) Што избегнува мудриот човек, според зборовите на едно момче?

11 Од искуството на Давид учиме дека мораме да се вардиме од ситуации кои поттикнуваат неисправни сексуални чувства. Што ќе се случи ако читаме книги, гледаме филмови или телевизиска програма во која се истакнува сексот? Веројатно во нас ќе се поттикне сексуална желба. Затоа избегнувј постапки и облици на забава кои ги истакнуваат ”сексуалните желби“ (Колосјаните 3:5; 1. Солунјаните 4:3–5; Ефесјаните 5:3–5). Не ставај се себеси во ситуација во која би можел да бидеш искушан да направиш блуд. Еден 17-годишник мудро забележал: ”Секој може да рече: ’Знаеме кога да прекинеме.‘ Навистина, некој може да знае кога, но колкумина навистина можат да го сторат тоа? Подобро е да се избегнуваат таквите ситуации.“

12. Која постапка од Јосиф би требало да ја задржиме на ум?

12 Да мислел на Јосифовиот пример, Давид никогаш не би му згрешил на Бог толку тешко. Во Египет Јосиф бил поставен за управител на Петефриевото домаќинство. Кога Петефри не бил дома, неговата сладострасна жена се обидела да го заведе Јосиф кој имал убава става, велејќи му: ”Легни со мене!“ Но, Јосиф одбил. Еден ден го фатила и се обидела да го натера да легне со неа. Но, Јосиф се оттргнал и избегал. Тој го јакнел своето срце со тоа што не мислел на тоа да ги задоволи своите сексуални желби, туку мислел на она што било исправно во Божјите очи. ”Како јас да направам толку големо зло и да грешам пред Бог?“, прашал тој (1. Мојсеева 39:7–12, ББД).

ПОТРЕБНА ТИ Е ПОМОШ ЗА ДА ПОБЕДИШ

13, 14. (а) Што ни е потребно за да победиме во таа борба? (б) Какви промени направиле оние кои во Коринт станале христијани, и со чија помош? (в) Какви личности биле некогаш Павле и Тит?

13 За да победиш во таа борба, мораш да дозволиш библиското спознание да допре до твоето срце, така што ќе се чувствуваш поттикнат да постапуваш по тоа. Но мораш и да се поврзеш со Божјиот народ, да станеш дел од Јеховината видлива организација. Со нејзина помош ќе можеш да се промениш, без оглед на тоа колку длабоко си западнал во грев. Апостол Павле напишал за лицата од стариот Коринт кои се промениле: ”Не лажете се: ни блудниците, ни идолопоклониците, ни прељубодејците, ниту ракоблудците, ни мажеложниците, ниту крадците, ни користољупците, ни пијаниците, ниту хулниците, ни грабачите нема да го наследат царството Божјо. А такви беа и некои од вас; туку, се измивте“ (1. Коринтјаните 6:9–11, ББД).

14 Замисли си! Некои од овие први христијани порано биле блудници, браколомци, хомосексуалци, крадци и пијаници. Но, со помош на христијанската организација се промениле. И самиот апостол Павле некогаш постапувал неисправно (1. Тимотеј 1:15). На својот сохристијанин Тит му напишал: ”И ние некогаш бевме неразумни, непокорни, заблудени, бевме робови на желби и на разни сладострастија“ (Тит 3:3, ББД).

15. (а) Што покажува дека на Павле не му било лесно да го прави она што е исправно? (б) Како можеме да извлечеме корист од примерот на Павле?

15 Дали на Павле му било лесно да го прави она што е исправно откако станал христијанин? Не. Доживотно морал да се бори против грешни желби и страсти на кои некогаш им робувал. Тој напишал: ”Напротив, го тепам своето тело и го влечам како роб, за да самиот не бидам отфрлен откако им проповедав на другите“ (1. Коринтјаните 9:27, Ст). Павле бил строг спрема себеси. Се принудувал да прави добро кога во своето тело ќе почувствувал желба да постапи неисправно. Ако постапуваш како него, и ти ќе победиш.

16. Кои современи примери можат да ни помогнат да победиме во борбата да го правиме она што е исправно?

16 Ако ти е тешко да совладаш некоја лоша навика, посети го следниот конгрес на Јеховините сведоци. Без сомнение, ќе бидеш импресиониран од чистото однесување и радоста на присутните. А сепак, многу од тие лица некогаш биле дел од светот во кој блудот, браколомството, пијанството, хомосексуалноста, пушењето, уживањето дрога, кражбата, измамата, лагата и игрите на среќа се вообичаени работи. Многумина од нив некогаш го правеле тоа (1. Петрово 4:3, 4). Дружејќи се со Јеховините сведоци на помалите собраниски состаноци, што е неопходно потребно — ќе се најдеш во заедница со лица кои и самите порано морале да се борат против истите лоши работи и страсни желби, против кои ти сега се бориш. Затоа, само храбро напред! Тие победиле во борбата да го прават она што е исправно, а со Божјата помош тоа ќе ти биде можно и тебе.

17. (а) Чие друштво треба да го бараме ако сакаме да победиме во таа борба? (б) Кој може да ти помогне да ги совладаш проблемите?

17 Доколку веќе некое време ја проучуваш Библијата со Јеховините сведоци, без сомнение си посетил/а некои состаноци во Царската сала. Имај навика редовно да ги посетуваш состаноците. На сите нам ни е потребно духовно охрабрување што го добиваме од таквото христијанско друштво (Евреите 10:24, 25). Запознај ги ”постарите мажи“, односно старешините во собранието. Нивна одговорност е да го ’пасат Божјето стадо‘ (1. Петрово 5:1–3, ББД; Дела на апостолите 20:28). Не двоуми се да им се обратиш кога ти е потребна помош за совладување на некоја навика што е во спротивност со Божјите закони. Тогаш ќе утврдиш дека тие се љубезни, пријатни и внимателни (1. Солунјаните 2:7, 8).

18. Кој идни изгледи ни даваат сила да издржиме во борбата?

18 Притисокот да се постапи неисправно не доаѓа само од сатанскиот свет, туку и од нашата грешна внатрешност. Затоа, да се остане верен на Бог е секојдневна борба. Но, колку е добро да се знае дека таа борба нема вечно да трае. Наскоро Сатана ќе биде отстранет, а неговиот зол свет уништен. Тогаш, во Божјиот нов систем кој е толку близу, ќе владеат праведни услови кои животот ќе го направат многу полесен. Конечно ќе исчезнат сите траги на гревот, а ние не ќе мораме да водиме тешка борба да го правиме она што е исправно.

19. Зошто треба да бидеш спремен многу да се трудиш за да му се допаднеш на Јехова?

19 Секогаш одново размислувај за благословите на новиот систем. Вооружи се со ’шлемот на надежта за спасение‘ (1. Солунјаните 5:8, ББД). Заземи став каков што покажала една жена која рекла: ”Размислувам за сето она што Јехова направил за мене и што ми ветил. Тој никогаш не ме оставил. Ме благословил на толку различни начини. Знам дека ми го посакува само најдоброто, и би сакала да му се допаднам. Вечниот живот е вреден за секој труд за Јехова.“ Ако останеме верни на патот на праведноста, ќе се остварат сите ветувања кои Јехова им ги дал на сите кои го љубат (Исус Навин 21:45).

[Слика на страница 219]

Зошто Мојсеј го отфрлил животниот стил на древниот Египет, кога тој стил нудел уживање?

[Слики на страници 220 и 221]

Давид продолжил да ја гледа Витсавеја; не ја избегнал ситуацијата која водела во неморал

[Слика на страница 222]

Јосиф побегнал кога жената на Петефри се обидела да го заведе

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели