ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • pe погл. 30 стр. 250-255
  • Што мораш да правиш за да живееш вечно

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што мораш да правиш за да живееш вечно
  • Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ПРЕДАНИЕ И КРШТЕНИЕ
  • БОЖЈАТА ВОЛЈА ЗА ТЕБЕ ДЕНЕС
  • ИЗБЕРИ ВЕЧЕН ЖИВОТ ВО РАЈОТ НА ЗЕМЈАТА
  • Постави си цел да му служиш на Бог засекогаш
    Спознание кое води до вечен живот
  • Крштавањето и твојот однос со Бог
    Што навистина учи Библијата?
  • Дали си спремен да се крстиш?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
  • Значењето на твоето крштавање
    Обожавај го единствениот вистински Бог
Повеќе
Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
pe погл. 30 стр. 250-255

30. поглавје

Што мораш да правиш за да живееш вечно

1. (а) Кои два патишта ти стојат отворени? (б) Како можеш да го избереш исправниот пат?

ЈЕХОВА БОГ ти нуди нешто прекрасно — вечен живот во својот праведен нов систем (2. Петрово 3:13). Но, за да живееш тогаш, мораш сега да ја вршиш неговата волја. Наскоро треба да исчезне сегашниот зол свет со сите оние кои остануваат дел од него, но ”оној, што ја извршува волјата Божја, останува довека“ (1. Јованово 2:17, ББД). Затоа мораш да избереш меѓу два патишта. Едниот води во смрт, а другиот во вечен живот (5. Мојсеева 30:19, 20). За кој ќе се определиш?

2. (а) Во што ќе бидеш уверен ако имаш вистинска вера? (б) Како може во служењето на Бог да ти помогне довербата што ја има некое дете во својот љубезен татко?

2 По што се познава дека се определуваш за живот? Како прво, мораш да имаш вера во Јехова и неговите ветувања. Дали си цврсто убеден дека Бог постои ”и ги наградува оние кои сериозно го бараат?“ (Евреите 11:6, NW). Мораш да имаш доверба во Бог, како што синот или ќерката има доверба во љубезниот и милосрден татко (Псалми 103:13, 14; Изреките 3:11, 12). Ако имаш таква вера, нема да се сомневаш дека неговите совети се мудри и дали тој исправно постапува, иако понекогаш и не сфаќаш потполно сѐ.

3. (а) Што е потребно освен вера? (б) Кои дела се потребни за да покажеш дека избираш живот?

3 Меѓутоа, потребно е повеќе од вера. Ти мораш да имаш дела за да изразиш што чувствуваш спрема Јехова (Јаков 2:20, 26). Дали веќе си презел нешто да покажеш дека ти е жал што во минатото не си постапувал исправно? Дали си поттикнат да се покаеш и промениш за да го усогласиш својот живот со Јеховината волја? Дали си се обратил, односно дали си го напуштил поранешното неисправно живеење и си почнал да го правиш она што Бог го бара од нас? (Дела на апостолите 3:19; 17:30). Таквите дела ќе покажат дека избираш живот.

ПРЕДАНИЕ И КРШТЕНИЕ

4. (а) Од кои мотиви треба да ја вршиш Божјата волја? (б) Што треба да сториш кога ќе се одлучиш да му служиш на Бог?

4 Од кои мотиви треба да се определиш за живот вршејќи ја Божјата волја? Од ценење. Размисли: Јехова ти овозможил да се ослободиш од болести, страдања, па дури и од смртта! Преку скапоцениот дар на својот Син, тој ти го отворил патот во бескраен живот на рајската Земја (1. Коринтјаните 6:19, 20; 7:23; Јован 3:16). Што треба да сториш кога Јеховината љубов те поттикнува да му возвратиш со љубов? (1. Јованово 4:9, 10; 5:2, 3). Треба да му се молиш на Бог во Исусово име и да му кажеш во молитва дека сакаш да му бидеш слуга, дека сакаш да му припаѓаш нему. На тој начин му се предаваш на Бог. Тоа е сосема лична работа. Никој друг не може да го стори тоа за тебе.

5. (а) Што очекува Бог од тебе откако си му се предал? (б) Чија помош ти стои на располагање додека се трудиш да живееш според своето предание?

5 Откако си се предал на Бог, тој ќе очекува од тебе да живееш според преданието. Затоа, докажи дека си човек од збор, така што остануваш цврст во таа одлука или предание сѐ додека си жив (Псалми 50:14). Ако си тесно поврзан со Божјата видлива организација, христијанските браќа и сестри можат да ти помогнат така што со љубов ќе те храбрат и поддржуваат (1. Солунјаните 5:11).

6. (а) Кој чекор треба да го направиш откако си се предал на Бог? (б) Што значи крштевањето?

6 Но, не е доволно само лично да му кажеш на Јехова дека сакаш да му припаѓаш. Ти мораш и пред другите да покажеш дека си се предал на Бог за да му служиш. Како можеш да го сториш тоа? Така што ќе се крстиш во вода. Крштевањето во вода е јавен доказ дека некој го предал животот на Јехова и се претставува дека ќе ја врши неговата волја.

7. (а) Каков пример оставил Исус Христос за христијаните? (б) Зошто крштевањето кое го заповедал Исус, не е крштевање на мали деца?

7 Исус Христос со својот пример покажал дека крштевањето во вода е важно барање. Исус не му соопштил едноставно на својот Татко дека дошол да ја врши Неговата волја (Евреите 10:7). Кога требало да ја започне својата служба како проповедник на Божјето Царство, му се претставил на Јехова и се крстил во вода (Матеј 3:13–17). Бидејќи Исус со тоа дал пример, исто така мораат да се крстат сите оние кои денес му се предаваат на Јехова да ја вршат неговата волја (1. Петрово 2:21; 3:21). Всушност, Исус им заповедал на своите следбеници да направат ученици од луѓето од сите народи и потоа да ги крстат тие нови ученици. Тука не се работи за крштевање на мали деца, туку тоа е крштевање на поединци кои станале верници и кои одлучиле да му служат на Јехова (Матеј 28:19; Дела на апостолите 8:12).

8. На кого во собранието треба да му соопштиш дека сакаш да се крстиш, и зошто?

8 Што треба да правиш ако си се одлучил да му служиш на Јехова и сакаш да се крстиш? Треба таа желба да му ја кажеш на претседавачкиот надгледник на собранието на Јеховини сведоци со кое си поврзан. Нему и на другите старешини во собранието ќе им биде мило со тебе да ги разгледаат информациите кои мораш да ги знаеш за да му служиш на Јехова на прифатлив начин. Потоа можат да се направат подготовки за твоето крштевање.

БОЖЈАТА ВОЛЈА ЗА ТЕБЕ ДЕНЕС

9. Што правел Ное пред потопот, а што сака Бог да правиш и ти сега?

9 Пред потопот, Јехова го употребил Ное, ”проповедникот на правдата“, да ги предупреди луѓето на претстојното уништување и да укаже на ковчегот како на единствено безбедно место (Матеј 24:37–39; 2. Петрово 2:5, ББД; Евреите 11:7). Божја волја е сега да учествуваш во едно слично проповедничко дело. Исус прорекол за нашето време: ”Оваа добра вест за Царството ќе биде проповедана по целата населена земја за сведоштво на сите народи; и тогаш ќе дојде крајот“ (Матеј 24:14, NW). Другите мораат да го дознаат она што ти си го научил за Божјите намери за да можат да го преживеат крајот на овој поредок и да живеат вечно (Јован 17:3). Зарем твоето срце не те тера да им го пренесуваш на другите ова животодајно спознание?

10. (а) Што треба да правиме од љубов како Исус? (б) Како се извршува поголемиот дел од делото на проповедање?

10 Постапувај како Христос. Тој не чекал луѓето да доаѓаат кај него, туку ги барал оние кои ја слушале пораката за Царството, и ги упатил своите следбеници — сите нив — да го прават истото (Матеј 28:19; Дела на апостолите 4:13; Римјаните 10:10–15). Првите христијани постапувале по Исусовиот пример и упатства и ги посетувале луѓето во нивните домови. Оделе ”од куќа до куќа“ со пораката за Царството (Лука 10:1–6; Дела на апостолите 20:20, NW). Тоа сѐ уште е главниот метод којшто го применуваат вистинските христијани при вршењето на службата во денешно време.

11. (а) Зошто проповедањето на Божјето Царство бара храброст, и зошто сепак не мораме да се плашиме? (б) Како гледа Јехова на нашето дело?

11 Извршувањето на тоа дело бара храброст. Сатана и неговиот свет сигурно ќе се обидуваат да те одвратат, како што се обидувале да ги одвратат и првите Христови следбеници од проповедање (Дела на апостолите 4:17–21; 5:27–29, 40–42). Но, не треба да се плашиш. Јехова ги поддржувал и ги зајакнувал првите христијани; на ист начин ќе ти помага и тебе денес (2. Тимотеј 4:17). Затоа, биди храбар! Докажи дека навистина го љубиш Јехова и своите блиски така што целосно ќе учествуваш во спасоносното дело на проповедање и поучување (1. Коринтјаните 9:16; 1. Тимотеј 4:16). Јехова нема да го заборави твојот труд, туку богато ќе те награди (Евреите 6:10–12; Тит 1:2).

12. Што учиме од примерот на Лотовата жена?

12 Сегашниот стар систем не може да ни понуди ништо што е навистина вредно; затоа немој никогаш да помислиш дека нешто ќе пропуштиш ако му свртиш грб. ”Сеќавајте се на Лотовата жена“, рекол Исус (Лука 17:32, ББД). Откако со семејството побегнала од Содом, таа со копнеж се свртела кон работите коишто ги оставиле таму. Бог видел каде ѝ било срцето, и станала столб од сол (1. Мојсеева 19:26). Немој да бидеш како жената на Лот! Насочи го својот поглед кон она што е пред тебе, кон ’вистинскиот живот‘ во Божјето праведно ново уредување (1. Тимотеј 6:19, NW).

ИЗБЕРИ ВЕЧЕН ЖИВОТ ВО РАЈОТ НА ЗЕМЈАТА

13. Како Исус ни го прикажал изборот пред кој стоиме сите ние?

13 Всушност, имаш само две можности. Исус тоа го споредил со изборот меѓу два патишта. Едниот пат, како што рекол тој, е ”широк и простран“. Оние што одат по тој пат имаат слобода да прават што сакаат. Меѓутоа, другиот пат е ”стеснет“. Да, оние кои се наоѓаат на овој пат мораат да ги слушаат Божјите упатства и закони. Како што рекол Исус, повеќето одат по широкиот пат, а малку се кои одат по тесниот пат. Кој пат ќе го избереш ти? Кога се определуваш, мисли на следново: широкиот пат ќе заврши одеднаш — тој води во уништување! Од друга страна, тесниот пат води во Божјето ново уредување. Таму можеш да учествуваш во претворањето на Земјата во прекрасен рај, кадешто ќе можеш засекогаш да живееш во среќа (Матеј 7:13, 14, NW).

14. Каде мораш да припаѓаш за да можеш да преживееш во Божјиот нов поредок?

14 Немој да мислиш дека постојат различни патишта или начини по кои можеш да одиш за да постигнеш вечен живот во Божјето ново уредување. Постои само еден. Имало само една арка која го преживеала потопот, а не повеќе. И ќе има само една организација — Божјата видлива организација — која ќе ја преживее ”големата неволја“ која брзо се приближува. Едноставно, не е точно дека сите религии водат кон истата цел (Матеј 7:21–23; 24:21, ДК). Ако сакаш да бидеш благословен со вечен живот, мораш да ѝ припаѓаш на Јеховината организација и да ја вршиш неговата волја (Псалми 133:1–3).

15. (а) Што мораме да правиме секој ден? (б) Која надеж не е само сон?

15 Цврсто задржи ја во мислите и во срцето сликата за Божјиот ветен нов систем. Секој ден мисли на прекрасната награда што Јехова ти ја овозможува — вечен живот во рајот на Земјата. Тоа не е никаков сон. Тоа е стварност! Сигурно ќе се исполни ветувањето од Библијата: ”Праведниците ќе ја наследат земјата и ќе живеат на неа вечно (...) ќе го гледаш истребувањето на грешниците“ (Псалми 36:29, 34, ББД [37:29, 34, ДК]).

[Слика на страница 251]

Предај се на Јехова . . . и крсти се

[Слика на страница 253]

”Сеќавајте се на Лотовата жена“

[Слики на страница 254]

Цврсто задржи ја во своите мисли и срце сликата за Божјиот нов систем

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели