ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 17
  • Го поучува Никодим

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Го поучува Никодим
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Разговорот на Исус со Никодим
    Исус — патот, вистината и животот
  • Научи лекција од Никодим
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Кои се повторно родени?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 17

Поглавје 17

Го поучува Никодим

ДОДЕКА Исус присуствува на Пасхата во 30 н.е., прави впечатливи знаци, или чуда. Затоа многу луѓе положуваат вера во него. Никодим, член на Синедрионот, еврејски врховен суд, е импресиониран и сака да дознае повеќе. Па така, тој го посетува Исус во мракот на ноќта, веројатно плашејќи се дека, ако го видат, може да му биде уништен угледот што го има меѓу другите еврејски водачи.

„Раби“, му вели тој, „знаеме дека ти си дојден од Бог како учител; бидејќи никој не може да ги прави овие знаци што ги правиш ти ако Бог не е со него.“ Како одговор, Исус му вели на Никодим дека човек мора ‚повторно да се роди‘ за да влезе во Божјето Царство.

Сепак, како може некој повторно да се роди? „Зарем може по вторпат да влезе во утробата на својата мајка и да се роди?“, прашува Никодим.

Не, тоа не е значењето на повторното раѓање. „Ако некој не се роди од вода и дух“, објаснува Исус, „не може да влезе во Божјето царство.“ Кога Исус се крстил и Божјиот дух слегол на него, тој се родил „од вода и дух“. Проследувајќи го ова со изјавата од небото: ‚Ова е мојот Син кого го одобрив‘, Бог објавил дека се родил духовен син кој имал изглед да влезе во небесното Царство. Подоцна, за време на Пентекост 33 н.е., други крстени примиле свет дух и на тој начин повторно се родиле како духовни Божји синови.

Но, улогата на Божјиот посебен човечки Син е многу важна. „Како што Мојсеј ја подигна змијата во пустелијата“, му вели Исус на Никодим, „така мора да биде подигнат Синот човечки, за секој кој верува во него да има вечен живот.“ Да, како што Израелците каснати од отровните змии морале да гледаат во бакарната змија за да се спасат, така и сите луѓе треба да покажуваат вера во Божјиот Син за да бидат спасени од нивната состојба на умирање.

Нагласувајќи ја Јеховината улога полна со љубов, Исус потоа му вели на Никодим: „Бог толку многу го љубеше светот што го даде својот единороден Син, за секој кој практикува вера во него, да не биде уништен, туку да има вечен живот“. Така, овде во Ерусалим, само шест месеци после почнувањето на својата служба, Исус објаснува дека тој е средството на Јехова Бог за спасение на човештвото.

Исус понатаму му објаснува на Никодим: „Зашто Бог не го испрати својот Син во светот за да му суди на светот“, односно да му суди неповолно, или да го осуди, пресудувајќи му уништување на човечкиот род. Туку, како што вели Исус, тој бил испратен за „светот да се спаси преку него“.

Никодим со страв отишол кај Исус криејќи се во мракот. Затоа е интересно што, завршувајќи го разговорот, Исус му вели: „А ова е основата за суд, дека светлината [чија персонификација бил Исус со својот живот и учење] дојде во светот, но луѓето повеќе ја љубеа темнината отколку светлината, зашто нивните дела беа зли. Зашто оној кој прави подли работи ја мрази светлината и не доаѓа кај светлината, за да не бидат укорени неговите дела. Но оној кој го прави она што е вистинито, доаѓа кај светлината со цел да се покажат неговите дела дека се направени во склад со Бог“. Јован 2:23—3:21; Матеј 3:16, 17; Дела 2:1—4; Броеви 21:9.

▪ Што ја поттикнува посетата на Никодим и зошто тој доаѓа ноќе?

▪ Што значи ‚повторно да се роди‘?

▪ Како Исус ја илустрира својата улога во нашето спасение?

▪ Што значи тоа дека Исус не дошол да му суди на светот?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели