ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 20
  • Второто чудо додека е во Кана

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Второто чудо додека е во Кана
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Второто чудо во Кана
    Исус — патот, вистината и животот
  • Првото чудо на Исус
    Исус — патот, вистината и животот
  • Првото Исусово чудо
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • ‚Сѐ уште не бил дојден Неговиот час‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 20

Поглавје 20

Второто чудо додека е во Кана

КОГА Исус се враќа во својот крај по поголемата кампања на проповедање во Јудеја, тој не се враќа таму за да се одмори. Напротив, почнува со уште позголемена служба во Галилеја, земјата каде што израснал. Но, учениците не остануваат со него, туку се враќаат дома кај своите семејства, и на своите поранешни занимања.

Каква порака почнува да проповеда Исус? Таа гласи: „Се приближи Божјето царство. Покајте се и имајте вера во добрата вест“. А каква е реакцијата? Галилејците го примаат Исус. Сите го почитуваат, но не поради неговата порака, туку поради тоа што многумина од нив неколку месеци пред тоа биле на Пасхата во Ерусалим и ги виделе извонредните знаци што тој ги направил.

Изгледа дека Исус ја започнува својата голема галилејска служба во Кана. Се сеќаваш, порано, по своето враќање од Јудеја, на една свадба таму ја претвори водата во вино. Во оваа втора прилика, детето на некој службеник од владата на царот Ирод Антипа е тешко болно. Кога тој службеник дознава дека Исус се вратил од Јудеја во Кана, патува дури од својот дом во Капернаум за да го пронајде. Скршен од тага, тој настојува: ‚Те молам дојди веднаш пред да ми умре детето!‘

Исус одговара: ‚Оди си дома. Твојот син е излекуван!‘ Иродовиот службеник верува и тргнува на долг пат кон дома. По патот го пресретнуваат слугите кои брзаат да му кажат дека сѐ е добро — син му оздравел! ‚Кога му стана подобро?‘ прашува тој.

‚Вчера во 13 часот‘, му одговараат.

Службеникот увидува дека тоа е истиот оној час кога Исус рекол: ‚Твојот син е излекуван!‘ После тоа, човекот и целиот негов дом стануваат ученици на Христос.

На тој начин, Кана станала повластена како место каде што, означувајќи го своето враќање од Јудеја, Исус двапати направил чуда. Секако, ова не се единствените чуда што ги направил досега, но тие се значајни поради тоа што го означиле неговото враќање во Галилеја.

Сега Исус тргнува дома кон Назарет. Што го очекува таму? Јован 4:43—54; Марко 1:14, 15; Лука 4:14, 15.

▪ Кога Исус се враќа во Галилеја, што се случува со неговите ученици, и како го примаат луѓето?

▪ Какво чудо прави Исус и како тоа влијае на оние што се вклучени?

▪ Како Кана на тој начин е повластена од Исус?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели