ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 40
  • Поука за милосрдноста

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поука за милосрдноста
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Поука за простувањето
    Исус — патот, вистината и животот
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • На вечера кај Симон во Витанија
    Исус — патот, вистината и животот
  • „Учете од мене“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 40

Поглавје 40

Поука за милосрдноста

ИСУС можеби сѐ уште е во Наин, каде што неодамна го воскресна синот на вдовицата, или можеби е во посета на некој град во близина. Еден фарисеј по име Симон има желба да го запознае поблиску оној кој прави такви извонредни дела. Затоа, го поканува Исус на оброк кај него.

Гледајќи на оваа прилика како на можност да им помогне на присутните, Исус ја прифаќа поканата, како што прифаќал и покани да јаде со даночници и со грешници. Сепак, кога влегува во куќата на Симон, на Исус не му е укажано срдечното внимание кое вообичаено им се посветува на гостите.

Нозете обуени во сандали се вжештуваат и се валкаат од патувањата по прашливи патишта, и вообичаен гест на гостопримство е на гостите да им се измијат нозете со ладна вода. Но, никој не ги измил Исусовите нозе кога тој пристигнал. Ниту, пак, го бакнале за добредојде, што е вообичаен знак на добро однесување. А не било обезбедено ни вообичаеното масло на гостопримство за неговата коса.

За време на оброкот, додека гостите се прилегнати крај масата, една непоканета жена тивко влегува во собата. Таа е позната во градот по тоа што води неморален живот. Веројатно ги слушнала Исусовите поуки, како и неговата покана за ‚сите оние кои се оптоварени да дојдат кај него за освежување‘. Поради тоа што е длабоко трогната од она што го видела и чула, таа сега го бара Исус.

Жената доаѓа позади Исус покрај масата и клекнува до неговите нозе. Додека солзите ѝ капат на неговите стапала, таа ги брише со својата коса. Потоа зема сад со мирисливо масло и нежно бакнувајќи му ги стапалата, го излева маслото на нив. Симон гледа со неодобрување. „Да беше овој човек пророк“, резонира тој, „би знаел која е и каква е оваа жена која го допира, дека таа е грешница.“

Увидувајќи како размислува тој, Исус вели: „Симоне, имам нешто да ти кажам“.

„Кажи, Учителе“, одговара тој.

„Двајца луѓе му беа должници на некој заемодавец“, почнува Исус. „Едниот му должеше петстотини денарии, а другиот педесет. Кога немаа со што да му вратат, тој спремно им прости на обајцата. Според тоа, кој од нив повеќе ќе го љуби?“

„Претпоставувам“, вели Симон, можеби со призвук на рамнодушност поради тоа што му се чини дека прашањето е неповрзано, „оној кому спремно му прости повеќе.“

„Исправно просуди“, вели Исус. И потоа, свртувајќи се кон жената, тој му вели на Симон: „Ја гледаш ли оваа жена? Јас влегов во твојата куќа; ти не ми даде вода за нозете. А оваа жена ми ги натопи нозете со своите солзи и ги избриша со својата коса. Ти не ми даде бакнеж; а оваа жена, откако влегов не престана нежно да ми ги бакнува нозете. Ти не ми ја намачка главата со масло; а оваа жена ми ги намачка нозете со мирисливо масло“.

На тој начин, жената дала доказ дека искрено се кае за своето неморално минато. Затоа Исус заклучува, велејќи: „Поради тоа, ти велам, простени ѝ се гревовите, иако се многу, бидејќи многу љубеше; а оној кому малку му е простено, малку љуби“.

Исус на ниеден начин не го оправдува ниту преминува преку неморалот. Наместо тоа, овој настан го открива неговото сочувствително разбирање за луѓето кои прават грешки во животот, но кои потоа покажуваат дека жалат заради тоа и доаѓаат кај Христос за олеснување. Давајќи ѝ вистинско освежување на жената, Исус вели: „Простени ти се гревовите . . . Твојата вера те спаси; оди си во мир“. Лука 7:36—50; Матеј 11:28—30.

▪ Како Исус е примен од домаќинот Симон?

▪ Кој го бара Исус, и зошто?

▪ Каква споредба дава Исус, и како ја применува?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели