ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 63
  • Натамошен совет за исправање

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Натамошен совет за исправање
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Исус им дал на апостолите и други важни поуки
    Исус — патот, вистината и животот
  • Најпрочуената проповед која некогаш била одржана
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Солта — скапоцен производ
    Разбудете се! 2002
  • Проповедта на гората
    Исус — патот, вистината и животот
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 63

Поглавје 63

Натамошен совет за исправање

ДОДЕКА Исус и апостолите сѐ уште се наоѓаат во куќата во Капернаум, освен за расправијата меѓу апостолите за тоа кој е најголем, се дискутира и за нешто друго. Овој настан можеби исто така се случил при нивното враќање во Капернаум, додека Исус не бил лично присутен. Апостол Јован известува: „Видовме како некој човек истерува демони служејќи се со твоето име и се обидовме да го спречиме, бидејќи не одеше со нас“.

Јован очигледно ги смета апостолите за исклучителна екипа која носи титула исцелители. Затоа смета дека тој човек прави моќни дела на неисправен начин бидејќи не припаѓа на нивната група.

Меѓутоа, Исус советува: „Не обидувајте се да го спречите, зашто никој кој на темел на моето име ќе направи некое моќно дело, не ќе може брзо да ме прекори; зашто кој не е против нас, тој е за нас. Зашто кој вам ќе ви даде чаша вода поради тоа што му припаѓате на Христос, навистина ви велам, никако нема да ја загуби својата награда“.

Не било неопходно тој човек телесно да го следи Исус за да биде на негова страна. Сѐ уште не било основано христијанското собрание, па затоа, тоа што не ѝ припаѓал на нивната група не значело дека бил од некое засебно собрание. Тој човек навистина имал вера во Исусовото име и затоа имал успех во истерувањето демони. Тој правел нешто што било во склад со она за кое Исус рекол дека заслужува награда. Исус покажува дека тој човек нема да ја изгуби својата награда за она што го прави.

Но, што ако зборовите и делата на апостолите го спрепнале тој човек? Тоа би било многу сериозно! Исус забележува: „Кој ќе спрепне еден од овие мали кои веруваат, подобро би му било околу вратот да му стават воденичен камен како оној што го врти магарето и да го фрлат в море“.

Исус вели дека неговите следбеници треба да отстранат од својот живот сѐ што им е толку драго како рака, нога или око, а кое би можело да ги наведе на спрепнување. Подобро е да се биде без таа скапоцена работа и да се влезе во Божјето Царство отколку да се задржи, а да се биде фрлен во Геена (куп ѓубриште кое горело во близината на Ерусалим), што симболизира вечно уништување.

Исто така, Исус предупредува: „Гледајте да не презрете еден од овие мали; зашто ви велам дека нивните ангели на небото секогаш го гледаат лицето на мојот Татко кој е на небото“. Потоа, тој илустрира колку се скапоцени тие „мали“ кога раскажува за човекот кој има сто овци, но изгубил една. Тој ќе ги остави 99-те овци за да ја побара изгубената, објаснува Исус, и кога ќе ја најде, ќе се радува повеќе заради неа отколку заради оние 99. „Исто така“, заклучува потоа Исус, „ниту мојот Татко, кој е на небото, не сака да загине ниедно од малечкиве.“

Веројатно имајќи ја на ум расправијата меѓу неговите апостоли, Исус поттикнува: „Имајте сол во себе, и задржете мир меѓу себе“. Солта ја прави блуткавата храна повкусна. Така, симболичната сол овозможува полесно да се прифати она што некој го кажува. Поседувањето таква сол ќе помогне да се сочува мирот.

Но, поради човечката несовршеност повремено ќе дојде до сериозни препирки. Исус дава упатства и за нивно решавање. „Ако твојот брат изврши грев“, вели тој, „оди и разоткриј ја неговата грешка помеѓу себе и него насамо. Ако те послуша, си го придобил својот брат.“ Ако не послуша, советува Исус, „земи со себе уште еден или двајца, за секоја работа да биде утврдена од устата на двајца или тројца сведоци“.

Дури како последен начин, вели Исус, изнеси ја работата пред „собранието“, т.е. пред одговорните надгледници во собранието кои можат да донесат правна одлука. Ако грешникот не ја послуша нивната одлука, заклучува Исус, „нека ти биде како човек од нациите и како даночник“.

При донесувањето таква одлука, надгледниците треба тесно да се придржуваат за упатствата од Јеховината Реч. Така, кога ќе утврдат дека некој поединец е виновен и дека заслужува казна, судот ‚веќе ќе биде врзан на небото‘. А кога тие ќе ‚разврзат на земјата‘, т.е. кога ќе ја утврдат неговата невиност, тоа веќе ќе биде ‚разврзано на небото‘. Исус вели дека при таквите правни просудувања „каде се двајца или тројца собрани во мое име, таму сум и јас меѓу нив“. Матеј 18:6—20; Марко 9:38—50; Лука 9:49, 50.

▪ Зошто во времето на Исус не било неопходно некој да го придружува?

▪ Колку е сериозно да се спрепне некој малечок, и на кој начин Исус ја илустрира важноста на таквите „мали“?

▪ Што веројатно го поттикнува Исус да ги охрабри апостолите да имаат сол меѓу себе?

▪ Што значи ‚врзувањето‘ и ‚разврзувањето‘?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели