ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 91
  • Кога Лазар е воскреснат

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кога Лазар е воскреснат
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Лазар воскреснал
    Исус — патот, вистината и животот
  • Првосвештеникот што го осудил Исус
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Исус бил одведен кај Ана, а потоа кај Кајафа
    Исус — патот, вистината и животот
  • Одведен кај Ана, потоа кај Кајафа
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 91

Поглавје 91

Кога Лазар е воскреснат

СЕГА Исус, заедно со оние кои го придружуваат, стигнува на спомен-гробот на Лазар. Тоа е всушност пештера на чиј влез е поставен камен. „Тргнете го каменот“, вели Исус.

Не сфаќајќи каква намера има тој, Марта приговара. „Господи“, вели таа, „сега веќе сигурно смрди, бидејќи има четири дена.“

Но Исус прашува: „Зарем не ти реков дека ако веруваш, ќе ја видиш Божјата слава?“

И тие го тргаат каменот. Тогаш Исус ги подига очите и се моли: „Татко, ти благодарам што ме услиши. Навистина, јас знаев дека секогаш ме услишуваш; но ова го реков заради мноштвото што стои наоколу, за да веруваат дека ти ме испрати“. Исус се моли јавно за луѓето да знаат дека тоа што ќе го стори ќе биде резултат на силата добиена од Бог. Потоа извикува со силен глас: „Лазаре, излези!“

И Лазар излегува. Рацете и нозете сѐ уште му се завиткани со мртовечки завои, а лицето му е покриено со крпа. „Одвиткајте го и пуштете го нека оди“, вели Исус.

Гледајќи го ова чудо, многумина од Евреите кои се дојдени за да ги утешат Марија и Марта, поверувале во Исус. Меѓутоа, некои одат кај фарисеите за да им кажат што се случило. Фарисеите и главните свештеници веднаш закажуваат состанок на еврејскиот врховен суд, Синедрионот.

Синедрионот го сочинуваат тогашниот првосвештеник Кајафа, како и фарисеи и садукеи, главни свештеници и поранешни високи свештеници. Тие се жалат: „Што да правиме, бидејќи овој човек прави многу знаци? Ако го оставиме така, сите ќе поверуваат во него, па ќе дојдат Римјаните и ќе ни го земат и нашето место и нашата нација“.

Иако верските водачи признаваат дека Исус „прави многу знаци“, единственото нешто за кое тие се заинтересирани е нивната лична позиција и авторитет. Подигањето на Лазар е еден посебно силен удар за садукеите бидејќи не веруваат во воскресение.

Кајафа, кој можеби е садукеј, сега проговорува и вели: „Вие ништо не знаете, и не увидувате дека е за ваше добро еден човек да умре во корист на народот, а не целата нација да биде уништена“.

Бог влијаел врз Кајафа да го каже тоа, зашто апостол Јован подоцна напишал: „Меѓутоа, [Кајафа] тоа не го рече сам од себе“. Кајафа всушност мислел дека Исус треба да биде убиен за да го спречат и понатаму да ја поткопува нивната позиција на авторитет и влијание. Сепак, според Јован, ‚Кајафа прорекол дека Исус е одреден да умре не само за нацијата, туку и за да се соберат Божјите деца‘. И навистина, Божјата намера е неговиот Син да умре како откупнина за сите.

Сега Кајафа успева да влијае врз Синедрионот за да направат планови да го убијат Исус. Но Исус, можеби дознавајќи за тие планови од Никодим, член на Синедрионот кој му е пријател, заминува оттаму. Јован 11:38—54.

▪ Зошто Исус се моли јавно пред да го воскресне Лазар?

▪ Како реагираат на тоа оние кои го виделе ова воскресение?

▪ Што ја открива злобата на членовите на Синедрионот?

▪ Каква била намерата на Кајафа, но како Бог го користи за да даде едно пророштво?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели