Кога би можел да живееш вечно — дали би го избрал тоа?
Навистина е можно да живееш вечно во Рајот на Земјата, како што јасно покажува оваа брошура. Божјата намера да создаде такви услови сигурно ќе се оствари! Но, ти мораш да избереш да живееш вечно.
Тој избор, за кој поучувал Исус, мора да се темели на точно спознание за Бог. Оваа брошура е наменета да ти помогне да го стекнеш тоа спознание. Натамошна помош можеш да добиеш од Јеховините сведоци. Ним ќе им биде драго да те посетат во време и место кое тебе ти одговара. А ако сакаш бесплатно да ја проучуваш Библијата дома, можеш да пишеш на адреса: Јеховини сведоци, п.ф. 800, 1000 Скопје, Македонија, или на една од долунаведените адреси.