ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • rq лекција 10 стр. 20-21
  • Навики кои ги мрази Бог

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Навики кои ги мрази Бог
  • Што бара Бог од нас?
  • Сличен материјал
  • Божјите пријатели го избегнуваат она што е лошо
    Ти можеш да бидеш Божји пријател!
  • Коцкање
    Разбудете се! 2015
  • Дали коцкањето е грев?
    Одговор на библиски прашања
  • Спорно прашање кое важи и за тебе
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Повеќе
Што бара Бог од нас?
rq лекција 10 стр. 20-21

Лекција 10

Навики кои ги мрази Бог

Што треба да чувствуваш спрема работите за кои Бог вели дека се лоши? (1)

Кои облици на сексуално однесување се погрешни? (2)

Како треба еден христијанин да гледа на лажењето? (3) Коцкањето? (3) Крадењето? (3) Насилството? (4) Спиритизмот? (5) Пијанството? (6)

Како може некој да се ослободи од лоши навики? (7)

1. Слугите на Бог го сакаат она што е добро. Но тие исто така мораат да научат да го мразат она што е лошо (Псалм 96:10). Тоа значи да се избегнуваат одредени навики коишто Бог ги мрази. Кои се некои од тие навики?

2. Блудство: Сексуални односи пред бракот, прељуба, бестијалност, инцест и хомосексуалност се сериозни гревови против Бог (3. Мојсеева 18:6; Римјаните 1:26, 27; 1. Коринтјаните 6:9, 10). Ако некоја двојка не е венчана но живее заедно, тие треба да се разделат или законски да се венчаат (Евреите 13:4).

3. Лажење, коцкање, крадење: Јехова Бог не може да лаже (Тит 1:2). Оние кои го сакаат неговото одобрување мораат да избегнуваат лажење (Изреки 6:16—19; Колосјаните 3:9, 10). Секој облик на коцкање е извалкан со лакомост. Затоа христијаните не учествуваат во никаков облик на коцкање, како што се лотарија, коњски трки и томбола (Ефесјаните 5:3—5). Ниту, пак, христијаните крадат. Тие свесно не купуваат украден имот нити земаат предмети без дозвола (2. Мојсеева 20:15; Ефесјаните 4:28).

4. Изливи на гнев, насилство: Неконтролираниот гнев може да доведе до насилни постапки (1. Мојсеева 4:5—8). Еден насилен човек не може да биде Божји пријател (Псалм 11:5, НС; Изреки 22:24, 25). Погрешно е да се одмаздуваме или со зло да враќаме на лошите работи кои другите би можеле да ни ги прават (Изреки 24:29; Римјаните 12:17—21).

5. Магични волшебништва и спиритизам: Некои луѓе се повикуваат на силата на духовите во обидот да лекуваат болести. Други ги маѓепсуваат своите непријатели за да ги разболат, па дури и да ги убијат. Силата зад сите овие постапки е Сатана. Затоа христијаните не смеат да имаат удел во некоја од нив (5. Мојсеева 18:9—13). Да се остане близу до Јехова е најдобрата заштита од маѓии кои другите би можеле да ни ги направат (Изреки 18:11).

6. Пијанство: Не е погрешно да се пие по малку вино, пиво или некој друг алкохолен пијалок (Псалм 103:15; 1. Тимотеј 5:23). Но прекумерното пиење и пијанството се погрешни во Божји очи (1. Коринтјаните 5:11—13; 1. Тимотеј 3:8). Прекумерното пиење може да ти го уништи здравјето и да ти го разори семејството. Исто така, може да предизвика многу брзо да попуштиш на други искушенија (Изреки 23:20, 21, 29—35).

7. Луѓето кои практикуваат работи за кои Бог вели дека се лоши, нема „да го наследат царството Божјо“ (Галатјаните 5:19—21). Ако вистински го сакаш Бог и сакаш да му угодуваш, можеш да се ослободиш од овие навики (1. Јованово 5:3). Научи да го мразиш она за кое Бог вели дека е лошо (Римјаните 12:9). Дружи се со луѓе кои имаат побожни навики (Изреки 13:21). Зрелите христијански пријатели можат да се покажат како извор на помош (Јаков 5:14). Пред сѐ, ослонувај се на Божјата помош преку молитва (Филипјаните 4:6, 7, 13).

[Слики на страници 20 и 21]

Бог ги мрази пијанството, крадењето, коцкањето и насилните постапки

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели