Лекција 14
Како се организирани Јеховините сведоци
Од кога Јеховините сведоци имале свој современ почеток? (1)
Како се водат состаноците на Јеховините сведоци? (2)
Како се покриваат трошоците? (3)
Кој презема водство во секое собрание? (4)
Кои поголеми состаноци се одржуваат секоја година? (5)
Каква работа се извршува во нивното седиште и во канцелариите на подружниците? (6)
1. Јеховините сведоци имале свој современ почеток во 1870-тите години. Во почетокот биле наречени Истражувачи на Библијата. Но, во 1931 година го присвоиле библиското име Јеховини сведоци (Исаија 43:10). Од мали почетоци организацијата порасна на милиони Сведоци, кои се зафатени со проповедање во преку 230 земји.
2. Повеќето собранија на Јеховините сведоци имаат состаноци трипати седмично. Поканет си да присуствуваш на некој од нив (Евреите 10:24, 25). Библијата е темелот за она што се поучува. Состаноците се отвораат и затвораат со молитва. Исто така, на повеќето состаноци се пеат срдечни „духовни песни“ (Ефесјаните 5:18, 19). Влезот е бесплатен и не се собираат прилози (Матеј 10:8).
3. Повеќето собранија одржуваат состаноци во Сала на Царството. Тоа обично се едноставни градби кои ги изградиле Сведоци доброволци. Во Салата на Царството нема да видиш никакви ликови, распетија или слични такви работи. Трошоците се покриваат со доброволни прилози. За оние кои сакаат да дадат доброволен прилог, има кутија за прилози (2. Коринтјаните 9:7).
4. Во секое собрание има старешини, односно надгледници. Тие преземаат водство во поучувањето во собранието (1. Тимотеј 3:1—7; 5:17). Нив им помагаат слуги помошници (1. Тимотеј 3:8—10, 12, 13). Овие мажи не се воздигнати над останатите од собранието (2. Коринтјаните 1:24). Не им се даваат посебни титули (Матеј 23:8—10). Тие не се облекуваат поинаку од другите. Нити се платени за нивната работа. Старешините спремно се грижат за духовните потреби на собранието. Тие можат да дадат утеха и водство во време на неволја (Јаков 5:14—16; 1. Петрово 5:2, 3).
5. Јеховините сведоци секоја година одржуваат и големи собири или конгреси. На ваквите прилики се собираат многу собранија за посебна програма на библиска поука. Крштавањето на нови ученици е редовен дел од секоја програма на собирите или на конгресите (Матеј 3:13—17; 28:19, 20).
6. Светското седиште на Јеховините сведоци е во Њујорк. Таму се наоѓа Водечкото тело, главна група од искусни старешини кои го надгледуваат собранието ширум светот. Постојат, исто така, и преку 100 канцеларии на подружници по целиот свет. На овие места, доброволци помагаат да се печати и да се транспортира библиска литература. Исто така, се дава водство во врска со организирањето на проповедничкото дело. Зошто не испланираш посета до канцеларијата на подружницата која е најблиску до тебе?