ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • T-24 стр. 2-6
  • Исус Христос — кој е тој?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Исус Христос — кој е тој?
  • Исус Христос — кој е тој?
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Љубовта — неговиот рецепт
  • Неговата љубов на дело
  • Како може Исус да го промени твојот живот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Зошто да се верува во Исус Христос?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Дали ќе одговориш на Исусовата љубов?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Што правел Исус додека бил на Земјата?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
Повеќе
Исус Христос — кој е тој?
T-24 стр. 2-6

Исус Христос — кој е тој?

„ДУРИ и многу луѓе кои не се христијани веруваат дека Тој бил голем и мудар учител. Тој сигурно бил еден од највлијателните луѓе кои некогаш живееле“ (The World Book Encyclopedia). Кој е „Тој“? Исус Христос, основачот на христијанството. Знаеш ли кој е тој? Дали на некој начин влијае врз твојот живот?

Настаните од Исусовата служба се запишани во Библијата, во четирите историски дела наречени Евангелија. Колку се вистинити овие извештаи? Откако ги анализирал, прочуениот историчар Вил Дјурант напишал: „Дека неколку прости луѓе во една генерација би измислиле една толку силна и привлечна личност, толку возвишена етика и толку инспирирана визија за човечкото братство, би било далеку поневеројатно чудо од кое и да било чудо кое е запишано во евангелијата“.

Но, за милиони луѓе на Ориентот и на други места, Исус Христос е непознат. Тие можеби веруваат дека тој постоел, но не мислат дека има некаква врска со нивните животи. Други го отфрлаат Исус како недостоен за внимание заради она што го правеле луѓето кои се исповедувале како негови следбеници. ‚Тие фрлија атомска бомба врз Нагасаки‘, ќе речат некои во Јапонија, ‚град во кој има повеќе христијани отколку во повеќето други градови во Јапонија‘.

Сепак, дали би го обвинил лекарот за болеста на пациентот ако пациентот не се држел за упатствата од лекарот? Секако дека не. Луѓето во христијанскиот свет долго време ги игнорирале Исусовите упатства за совладување на нивните секојдневни проблеми. Значи, наместо да го отфрлиш Исус заради таканаречените христијани, кои не ги следат неговите упатства, зошто самиот не дознаеш нешто за него? Погледни во Библијата и види кој навистина е Исус и како тој може да го промени твојот живот.

Љубовта — неговиот рецепт

Исус Христос бил голем учител кој живеел во Палестина пред скоро 2.000 години. За неговото детство се знае сосема малку (Матеј, поглавја 1 и 2; Лука, поглавја 1 и 2). Кога имал 30 години, Исус ја започнал својата служба ‚да сведочи за вистината‘ (Јован 18:37; Лука 3:21—23). Четирите историски известувачи за Исусовиот живот се сосредоточиле на неговата јавна служба, на последните три и пол години од неговиот престој на Земјата.

За време на својата служба, Исус им го дал на своите ученици клучот за справување со различни проблеми во животот. Кој бил тој клуч? Љубовта. Во една од најпознатите проповеди во историјата, наречена Проповед на гората, Исус ги поучил своите ученици како да покажат љубов кон другите луѓе. Тој рекол: „Сѐ она што сакате да ви прават луѓето, правете им го и вие“ (Матеј 7:12). Ова начело е наречено Златно правило. Во „луѓето“ на кои мислел Исус овде, спаѓаат дури и непријателите. Во истата проповед, тој рекол: „Љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат“ (Матеј 5:44). Зарем таквата љубов не би решила многу од проблемите со кои се соочуваме денес? Хиндускиот водач Мохандас Ганди верувал дека е така. Цитиран е како вели: „Кога [ние] би се сложиле на темел на учењето кое го изложил Исус Христос во оваа Проповед на гората, би ги решиле проблемите . . . на целиот свет“. Ако се применат Исусовите учења за љубовта, тие можат да ги излечат болките на човештвото.

Неговата љубов на дело

Исус го практикувал она што го поучувал. Интересите на другите ги ставал пред сопствените и покажувал љубов на дело. Еден ден, Исус и неговите ученици им служеле на многу луѓе, без да одвојат време да јадат. Исус ја увидел потребата на неговите ученици ‚да се одморат малку‘ и затоа се упатиле кон едно осамено место. Но, мноштвото отишло пред нив и ги чекало да пристигнат. Како би реагирал ти да беше на местото на Исус? Па, Исус ‚се смилувал над нив‘ и ‚почнал да ги поучува многу‘ (Марко 6:30—34). Ова силно чувство на сожалување го поттикнало да им помогне на другите.

Она што го правел Исус во корист на другите не било ограничено само на духовно поучување. Тој дал и практична помош. На пример, нахранил 5.000 мажи (освен жени и деца) кои го слушале до доцна еден ден. Во друг случај нахранил 4.000 луѓе. Во првиот случај употребил пет лепчиња и две риби, а потоа седум лепчиња и неколку рипчиња (Матеј 14:14—21; 15:32—38; Марко 6:35—44; 8:1—9). Чуда? Да, тој бил чудотворец.

Исус излечил и многу болни. Ги лекувал слепите, сакатите, лепрозните и глувите. Тој ги подигал дури и мртвите! (Лука 7:22; Јован 11:30—45). Во една прилика, еден лепрозен го молел: „Ако сакаш, можеш да ме очистиш“. Како реагирал Исус? „Протегна рака, се допре до него и му рече: ‚Сакам! Очисти се!‘ “ (Марко 1:40, 41). Исус бил поттикнат од силна желба да им помогне. Со таквите чуда, тој ја покажал својата љубов кон угнетените.

Тешко е да се поверува? Но, повеќето од своите чуда Исус ги правел во јавноста. Дури и неговите противници, кои се обидувале да му најдат приговор во секоја прилика, не можеле да го негираат фактот дека правел чуда (Јован 9:1—34). Освен тоа, неговите чуда имале цел. Тие им помогнале на луѓето да го идентификуваат Исус како оној што е испратен од Бог (Јован 6:14).

Само краткото разгледување на Исусовите учења и неговиот живот ни го прави мил и нѐ поттикнува да сакаме да ја имитираме неговата љубов. Сепак, тоа не е единствениот начин на кој Исус може да влијае врз твојот живот. Тој не бил само голем учител кој поучувал за љубовта. Тој покажал дека имал претчовечко постоење како единороден Божји Син (Јован 1:14; 3:16; 8:58; 17:5; 1. Јованово 4:9). Тој има и послечовечко постоење, што го прави уште позначаен за тебе. Библијата покажува дека Исус бил подигнат и дека сега е востоличен како Цар на Божјето Царство (Откровение 11:15). Исус рекол: „Животот вечен е тоа, да Те познаат Тебе Единиот вистински Бог, и испратениот од Тебе Исуса Христа“ (Јован 17:3; 20:31). Всушност, стекнувањето спознание за Исус Христос може да значи бескраен живот во рајот! Како е можно тоа? Зошто не научиш нешто повеќе за Исус за да видиш како „љубовта Христова нѐ гони“ да го имитираме? (2. Коринтјаните 5:14). Јеховините сведоци со радост ќе ти помогнат (Јован 13:34, 35).

Доколку не е наведено поинаку, библиските стихови се земени од Библијата на македонски јазик.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели