ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • la дел 7 стр. 22-24
  • Задоволувачки живот — зошто е толку недофатлив?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Задоволувачки живот — зошто е толку недофатлив?
  • Задоволувачки живот — како да се постигне
  • Сличен материјал
  • Зошто старееме и умираме?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2019
  • Што бил првиот грев?
    Разбудете се! 2006
  • Каков бил животот во рајот?
    Запознај го Бог и живеј засекогаш
  • Можеме да учиме од првиот човечки пар
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
Повеќе
Задоволувачки живот — како да се постигне
la дел 7 стр. 22-24

ДЕЛ 7

Задоволувачки живот — зошто е толку недофатлив?

Човек во болница, девојче со помагало за одење, жена во количка

ЗОШТО многу луѓе се мачат без да пронајдат вистинска смисла во животот? „Човек кого жена го родила е кусовечен и полн со неволји. Како цвет никне и веќе венее, бега како сенка, не застанувајќи“ (Јов 14:1, 2). На првата човечка двојка во Рајот ѝ се случило нешто што ги уништило светлите изгледи на човештвото.

2 За да биде вистински среќна, човечката фамилија мора да има добар однос со Бог — однос кој е доброволен, а не под принуда (Второзаконие 30:15-20; Исус Навин 24:15). Јехова сака послушност и обожавање кои извираат од срцето, од љубов (Второзаконие 6:5). Затоа, во градината Еден, Јехова поставил едно ограничување кое му дало прилика на првиот човек да ја докаже својата лојалност од срце. „Јади слободно од секое дрво во градината“, му рекол Бог на Адам, „но да не јадеш од дрвото за познавање на доброто и злото! Во денот кога [ќе] јадеш од него, навистина ќе умреш!“ (Битие 2:16, 17). Ова било еден едноставен испит. Јехова му забранил на Адам да јаде плодови само од едно дрво од сите други дрвја во градината. Тоа дрво го симболизирало правото на семудриот Творец да одлучува што е добро а што лошо. Првиот човек ѝ ја пренел оваа заповед дадена од Бог на својата жена, која Јехова му ја дал „како дополнување на [Адам]“ (Битие 2:18, NW). Двајцата биле задоволни со оваа подготовка — да живеат под Божјето владетелство — со ценење подложувајќи се на неговата волја и на тој начин изразувајќи ја својата љубов кон нивниот Творец и Животодавач.

3 Но, еден ден, една змија ѝ прозборела на Ева и ја прашала: „Вистина ли е дека Бог рекол оти не смеете да јадете од секое дрво од градината?“ Ева одговорила дека им е забрането да јадат само од плодовите на „дрвото кое е среде градината“, дрвото за познавање на доброто и злото, ‚за да не умрат‘ (Битие 3:1-3, NW).

4 Која била оваа змија? Библиската книга Откровение ја идентификува „празмијата“ како оној „кој се вика Ѓавол и Сатана, кој ја заведува целата населена земја“ (Откровение 12:9). Дали Бог го создал Сатана Ѓаволот? Не, Јеховините дела се совршени и добри (Второзаконие 32:4). Ова духовно суштество се направило себеси Ѓавол, што значи „Клеветник“, и Сатана, што значи „Противник“. Тој бил ‚одвлечен и мамен од сопствената желба‘, желбата да биде на местото на Бог, и наумил да се побуни против Творецот (Јаков 1:14).

Змијата зборува со Ева; Адам се мачи да ја обработува проколнатата земја

5 Понатаму, Сатана Ѓаволот ѝ рекол на Ева: „Навистина, не ќе умрете! Туку Бог знае дека, во оној ден кога ќе јадете од него, ќе ви се отворат очите, и вие ќе бидете како Бога, распознавајќи го доброто и злото“ (Битие 3:4, 5). Сатана направил да изгледа привлечно да се јаде од дрвото за познавање на доброто и злото. Всушност, тој тврдел: ‚Бог ви ускратува нешто добро. Само каснете од ова дрво и ќе бидете како Бог, па ќе можете сами да одлучувате што е добро а што зло‘. Денес Сатана се уште го користи овој правец на резонирање за да одврати многумина од службата за Бог: ‚Прави што сакаш‘, вели тој. ‚Едноставно игнорирај го она што му го должиш на Оној кој ти го дал животот‘ (Откровение 4:11).

6 Родот на дрвото одеднаш станал нешто многу пожелно, нешто неодоливо! Ева зела од плодот, јадела и му дала и на својот сопруг. Иако добро знаел какви ќе бидат последиците, Адам ја послушал жена му и јадел од плодот. Со каков резултат? Јехова ѝ ја изрекол на жената следнава пресуда: „Ќе ти ги умножам многу маките на твојата бременост, во маки ќе ги раѓаш децата. Твојот копнеж ќе биде кон мажот твој, а тој ќе владее над тебе“. А на мажот? „Земјата ќе е проклета заради тебе: во мака ќе се храниш од неа сите денови на својот живот! Ќе ти раѓа трње и троскот, а ти ќе јадеш полски растенија. Со пот на своето лице ќе јадеш леб, додека не се вратиш во земјата, зашто од неа беше земен — прав си, и во прав ќе се вратиш“. Сега Адам и Ева биле оставени самите да бараат среќа и задоволство како знаат и умеат. Дали ќе бидат успешни напорите на луѓето да имаат задоволувачки живот независно од божествената намера? Грижата за Рајот кој бил како градина и неговото проширување низ целата земја — работа што претставувала уживање — била заменета со мачна, напорна работа со која можеле само да преживеат, без да прават ништо на слава на нивниот Творец (Битие 3:6-19).

Ева има проблеми со своите несовршени деца

7 Во денот кога јадела од дрвото за познавање на доброто и злото, првата човечка двојка умрела во Божјите очи и тргнала удолу кон својата физичка смрт. Што се случило со нив кога конечно умреле? Библијата дава увид во состојбата на мртвите. „Живите барем знаат дека ќе умрат, а мртвите не знаат ништо, ниту имаат веќе награда, зашто се заборава и споменот за нив“ (Проповедник 9:5; Псалм 146:4). Не постои такво нешто како што е „душа“ која ја преживува смртта. Казната за гревот е смрт, а не вечно мачење во огнен пекол. Освен тоа, смртта не води до вечно блаженство на небото.a

8 Исто како што од една тепсија која има вдлабнатина може да се добие само торта со белег или вдлабнување, од мажот и жената кои станале несовршени можело да се добие само несовршено потомство. Библијата го објаснува овој процес: „Преку еден човек гревот влезе во светот и преку гревот смртта, така и смртта се прошири на сите луѓе, бидејќи сите згрешија“ (Римјаните 5:12). Затоа, сите ние сме родени во грев, подложни на ништожност. Животот за потомците на Адам станал фрустрирачко мачење. Но, постои ли некаков излез?

a Ќе најдете интересни детали за состојбата на мртвите во брошурата Што ни се случува кога ќе умреме?, издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.

ШТО МИСЛИШ?

  1. 1, 2. Зошто Бог забранил да се јаде од „дрвото за познавање на доброто и злото“?

  2. 3-6. Што се случило со човечкото семејство што нивниот живот го претворило во мачење?

  3. 7. Што се случува со човекот кога ќе умре?

  4. 8. Зошто сите ние умираме?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели