ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • be тема 11 стр. 118-стр. 120 пас. 5
  • Топлина и чувство

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Топлина и чувство
  • Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Сличен материјал
  • Срдечност и сочувство
    Посвети се на читањето и поучувањето
  • Негативни емоции — можеш ли да ги совладаш?
    Разбудете се! 1993
  • Имајте и изобилувајте во самосовладувањето
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Како да си ги контролирам чувствата?
    Разбудете се! 2005
Повеќе
Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
be тема 11 стр. 118-стр. 120 пас. 5

СТУДИЈА 11

Топлина и чувство

Што треба да правиш?

Зборувај на начин што ги одразува емоциите што ги чувствуваш и е во согласност со она што го кажуваш.

ЗОШТО Е ВАЖНО?

Тоа е неопходно за да ги достигнеш срцата на оние што те слушаат.

ЕМОЦИЈАТА е основен дел од човековиот живот. Кога ги изразува своите емоции, човек открива што има во срцето, каква личност е однатре, што мисли за ситуациите и за луѓето. Поради тешките искуства во животот — а во некои случаи и поради културните влијанија — многу луѓе ги кријат своите емоции. Но, Јехова нѐ охрабрува да негуваме позитивни особини во внатрешната личност и потоа соодветно да го изразиме она што се наоѓа во неа (Рим. 12:10; 1. Сол. 2:7, 8).

Кога говориме, зборовите што ги користиме можат исправно да ги идентификуваат емоциите. Но, ако нашите зборови не се изразени со соодветно чувство, оние што нѐ слушаат можат да се сомневаат во нашата искреност. Од друга страна, пак, ако зборовите се изразат со соодветно чувство, нашето говорење може да добие убавина и пријатност со кои ќе ги допреме срцата на оние што слушаат.

Изразувај топлина. Топлите чувства честопати се поврзани со она што го мислиме за луѓето. Значи, кога зборуваме за Јеховините драги особини и кога го изразуваме нашето ценење за Јеховината доброта, гласот треба да ни биде топол (Иса. 63:7-9). А и кога разговараме со другите, начинот на кој зборуваме треба исто така да пренесува привлечна топлина.

Еден лепрозен доаѓа кај Исус и преколнува да биде излекуван. Замисли си го само тонот на Исусовиот глас, кога вели: „Сакам. Биди чист“ (Мар. 1:40, 41). Претстави си ја и сцената кога една жена, која 12 години страда од крвавење, тивко му приоѓа на Исус одзади и ги допира ресите на неговата горна облека. Откако сфаќа дека не поминува незабележано, жената истапува напред треперејќи, паѓа пред Исусовите нозе и пред целиот народ ја открива причината зошто ја допрела неговата облека и како била излекувана. Помисли само на начинот на кој Исус ѝ вели: „Ќерко, твојата вера те оздраве; оди си во мир“ (Лука 8:42б—48). Топлината што ја покажал Исус во тие прилики ги трогнува нашите срца дури и денес.

Кога имаме сочувство кон луѓето, исто како Исус, и кога навистина сакаме да им помогнеме, тоа се покажува во начинот на кој разговараме со нив. Таквиот израз на топлина е искрен, не претеран. Од нашата топлина може многу да зависи како ќе реагираат луѓето. Повеќето работи што ги кажуваме во службата на теренот одговараат за вакво изразување, особено кога резонираме, охрабруваме, поттикнуваме и сочувствуваме.

Ако имаш топли чувства кон другите, нека се види тоа на твоето лице. Кога покажуваш топлина, слушателите ќе бидат привлечени кон тебе како кон оган во студена ноќ. Ако на твоето лице не се гледа топлина, можеби слушателите нема да бидат уверени дека имаш искрен интерес за нив. Топлината не може да се стави како маска — мора да биде вистинска.

Топлината треба да ја покажеш и во гласот. Ако имаш тврд, груб глас, можеби ќе ти биде тешко да изразиш топлина во зборувањето. Но, со време и со свесни напори, ќе успееш. Една работа што може да ти помогне, чисто од механичка гледна точка, е да запомниш дека кратките, проголтани звуци го прават говорот тврд. Научи да ги развлекуваш помеките звуци во зборовите. Тоа ќе ти помогне да внесеш топлина во зборувањето.

Меѓутоа, од уште поголема важност е фокусот на твојот интерес. Ако мислите ти се искрено сосредоточени на луѓето на кои им зборуваш и имаш горлива желба да им пренесеш нешто корисно, тоа чувство ќе се одрази во начинот на кој зборуваш.

Живото изнесување поттикнува, но потребно е и нежно чувство. Не е секогаш доволно да го убедиме умот; мораме да го трогнеме и срцето.

Изразувај други чувства. Лице што е во неволја може да изрази емоции како што се загриженост, страв и депресија. Радоста е емоција која треба да се истакнува во нашиот живот и која слободно ја изразуваме додека разговараме со другите. Од друга страна, пак, некои емоции треба да држиме под контрола. Тие не се во склад со христијанската личност (Ефеш. 4:31, 32; Фил. 4:4). Сите видови емоции можеме да ги пренесеме со зборовите што ги избираме, со тонот на нашиот глас, со интензитетот со кој зборуваме, со изразот на лицето и со гестовите.

Во Библијата се запишани еден цел дијапазон од човечки емоции. Понекогаш таа само ги спомнува емоциите. На други места раскажува за настани или цитира изјави што откриваат емоции. Кога читаш на глас таков материјал и ако твојот глас ги одразува тие емоции, тоа ќе има голем ефект и за тебе и за оние што слушаат. За да го постигнеш тоа, треба да се ставиш во кожата на оние за кои читаш. Меѓутоа, говорот не е некаков театрален настап, па затоа пази да не претераш. Нека пасусите бидат живи во умовите на оние што те слушаат.

Соодветна на материјалот. Како и одушевеноста, топлината што ја внесуваш во изразувањето и другите емоции што ги изразуваш, во голема мера зависат од она што го кажуваш.

Сврти во Матеј 11:28-30 и забележи што се кажува таму. Потоа прочитај ја Исусовата осуда на книжниците и фарисеите, запишана во Матеј 23. поглавје. Не можеме да си замислиме дека тој ги изразува овие остри зборови на осуда на млитав и безживотен начин.

Што мислиш, какво чувство се бара за еден извештај, како што е оној во Битие 44. поглавје, во врска со молбата на Јуда за брат си Венијамин? Забележи ја емоцијата изразена во 13. стих, потоа показателот во 16. стих за тоа што мислел Јуда за причината за несреќата, како и реакцијата на самиот Јосиф, според она што стои во Битие 45:1.

Значи, сеедно дали читаме или зборуваме, за да го направиме тоа делотворно, мораме да размислиме не само за зборовите и идеите туку и за чувството што треба да ги проследи.

КАКО ДА ГИ ИЗРАЗИШ

  • Наместо да бидеш претерано загрижен за зборовите што ги користиш, сосредоточи се на желбата да им помогнеш на слушателите.

  • И тонот на твојот глас и изразот на лицето треба да ја одразуваат која и да било емоција што е соодветна за твојот материјал.

  • Учи така, што грижливо ќе ги набљудуваш оние што зборуваат експресивно.

ВЕЖБА: Прочитај ги наглас следните делови од Писмото, правејќи го тоа со чувство соодветно на материјалот: Матеј 20:29-34; Лука 15:11-32.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели