ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • T-25 стр. 2-6
  • Дали имаш бесмртен дух?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали имаш бесмртен дух?
  • Дали имаш бесмртен дух?
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што е духот?
  • „Во прав ќе се вратиш“
  • Духот ‚се враќа при Бога‘
  • Сигурна надеж
  • Дали имаш бесмртен дух?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • „Душа“ и „дух“ — кое е точното значење на овие зборови?
    Што навистина учи Библијата?
  • Што ѝ се случува на душата при смртта?
    Што ни се случува кога ќе умреме?
  • Духовите не живееле и не умреле на Земјата
    Духови на мртвите — дали можат да ти помогнат или да ти наштетат? Дали навистина постојат?
Повеќе
Дали имаш бесмртен дух?
T-25 стр. 2-6

Дали имаш бесмртен дух?

ИМА ли живот по смртта? Со милениуми, ова прашање го збунувало човештвото. Низ вековите, луѓето од секое општество длабоко размислувале на оваа тема и создале различни верувања.

Низ целиот свет, многу луѓе веруваат дека некаков „дух“ ја преживува смртта на човекот. Дали нешто што е внатре во човекот навистина го напушта телото при смртта и продолжува да живее? Што е духот во живиот човек? Што се случува со него кога ќе умреме? Божјата инспирирана Реч, Библијата, дава вистинити и задоволувачки одговори на овие прашања.

Што е духот?

Во Библијата, зборовите кои се преведени со „дух“ во основа значат „здив“. Но, ова вклучува многу повеќе од чинот на дишење. Библискиот писател Јаков, на пример, наведува: „Телото без дух е мртво“ (Јаков 2:26). Значи, духот е она што го оживува телото.

Оваа оживувачка сила не може да биде само здивот, односно воздухот кој минува низ белите дробови. Зошто не? Затоа што, откако ќе престане дишењето, животот останува во телесните клетки уште кратко време — „неколку минути“, според The World Book Encyclopedia. Од оваа причина можат да бидат успешни обидите некој да се врати во живот и може да се изврши трансплантација на телесните органи од еден кај друг човек. Но, штом животната искра згасне од клетките на телото, залудни се сите обиди да се врати животот. Никаков здив не може да оживее ниту една клетка. Значи, духот е невидливата животна сила — животната искра — која ги одржува клетките во живот. Оваа животна сила се поддржува со дишењето (Јов 34:14, 15).

Дали тој дух дејствува само кај луѓето? Библијата ни помага да дојдеме до исправен заклучок во овој поглед. Мудриот цар Соломон напишал: „Кој знае дали човечкиот дух се искачува горе, а духот на ѕверот слегува долу во земјата?“ (Проповедник 3:21). Значи, и за животните и за луѓето се вели дека имаат дух. Како е можно тоа?

Духот, односно животната сила, може да се спореди со електрична струја која тече низ една направа или апарат. Невидливата електрична струја може да се користи за да се извршуваат различни функции, во зависност од видот на опремата што ја снабдува. На пример, печката може да произведува топлина, компјутерот може да обработува податоци и да прави пресметки, а телевизорот може да создава слики и звук. Сепак, електричната струја никогаш не ги добива карактеристиките на опремата што ја активира. Таа останува само сила. На сличен начин, и животната сила не добива никакви карактеристики на суштествата што ги оживува. Таа нема личност, нема способност за размислување. И луѓето и животните „имаат само еден дух“ (Проповедник 3:19, NW). Значи, кога некој ќе умре, неговиот дух не продолжува да постои во некое друго подрачје како духовно суштество.

Тогаш, во каква состојба се мртвите? И што се случува со духот кога некој ќе умре?

„Во прав ќе се вратиш“

Кога првиот човек, Адам, намерно не ја послушал Божјата заповед, Јехова му рекол: „Со пот на своето лице ќе јадеш леб, додека не се вратиш во земјата, зашто од неа беше земен — прав си, и во прав ќе се вратиш“ (Битие 3:19). Каде бил Адам пред да го создаде Јехова од прав? Па, тој не бил никаде! Едноставно, не постоел. Значи, кога Јехова Бог рекол дека Адам ‚ќе се врати во земјата‘, тој мислел на тоа дека Адам ќе умре. Адам немало да премине во царството на духовите. Кога ќе умрел, повторно ќе станел безживотен, немало да постои. Неговата казна била смрт — отсуство на живот — а не преминување на некое друго место (Римјаните 6:23).

Што е со другите кои умреле? Состојбата на мртвите јасно е опишана во Проповедник 9:5, 10, каде што читаме: „Мртвите не знаат ништо . . . нема ни дела, ни умување, ни сознавање, ни мудрост во Подземјето“. Значи, смртта е состојба на непостоење. Псалмистот напишал дека, кога ќе умре некој, ќе „излезе духот од него, тој се враќа во својата земја, и во тој ден пропаѓаат сите негови мисли“ (Псалм 146:4).

Јасно, мртвите не се свесни, не се активни. Тие не знаат ништо. Не можат да те видат, да те чујат или да зборуваат со тебе. Не можат да ти помогнат ниту да ти наштетат. Сигурно дека не треба да се плашиш од мртвите. Но, во кој поглед духот ‚излегува‘ од човекот кога тој ќе умре?

Духот ‚се враќа при Бога‘

Библијата наведува дека, кога човек ќе умре, ‚духот се враќа при Бога, Кој го дал‘ (Проповедник 12:7). Дали ова значи дека некое духовно битие буквално патува низ вселената за да дојде кај Бог? Воопшто не! Начинот на кој Библијата го користи терминот ‚се враќа‘ не значи буквално преминување од едно место на друго. На пример, на неверните Израелци им било речено: „Вратете се при Мене и Јас ќе се вратам при вас — говори Господ над Воинствата“ (Малахија 3:7). ‚Враќањето‘ на Израел кај Јехова значело да се одвратат од погрешниот правец и повторно да се подложат на Божјиот праведен пат. А Јеховиното ‚враќање‘ кај Израел значело повторно да обрне поволно внимание на својот народ. Во обата случаи, ‚враќањето‘ вклучувало став, а не буквално преминување од едно географско место на друго.

На сличен начин, и при смртта не настанува никакво буквално преминување од Земјата во небесното подрачје кога духот ‚ќе се врати‘ кај Бог. Запомни, духот е животната сила. Штом таа сила ќе излезе од човекот, само Бог може да ја врати. Значи, духот ‚се враќа при Бога‘ во таа смисла што секаква надеж за живот во иднината за тој човек сега е целосно во рацете на Бог.

На пример, да разгледаме што вели Писмото за Исусовата смрт. Лука, писателот на едно Евангелие, раскажува: „Исус извика со силен глас и рече: ‚Татко, во твоите раце го доверувам својот дух‘. Штом го рече тоа, издивна“ (Лука 23:46). Кога духот излегол од него, Исус не отпатувал буквално на небото. Тој бил воскреснат од мртвите дури третиот ден. А поминале уште 40 дена пред да се вознесе на небото (Дела 1:3, 9). Меѓутоа, кога умрел, Исус со увереност го препуштил својот дух во рацете на својот Татко, имајќи целосна доверба во Јеховината способност да го врати во живот.

Да, само Бог може да врати некого во живот (Псалм 104:30). Колку само величествени изгледи ни отвора ова!

Сигурна надеж

Библијата вели: „Доаѓа часот во кој сите оние што се во спомен-гробовите ќе го чујат [Исусовиот] глас и ќе излезат“ (Јован 5:28, 29). Да, Исус Христос ветил дека сите оние кои се во Јеховиното сеќавање ќе бидат воскреснати, односно вратени во живот. Наместо тажни известувања дека луѓето умреле, ќе има радосни извештаи за оние кои биле вратени во живот. Колку само ќе бидеме восхитени кога ќе ги пречекуваме нашите сакани кои повеќе нема да бидат во гробот!

Би сакал ли да дознаеш нешто повеќе за тоа како може да ти користи оваа надеж што ја дава Бог? Те повикуваме да пишеш на долната адреса за да добиеш примерок од брошурата Духовите на мртвите — можат ли да ти помогнат или да ти наштетат? Дали навистина постојат?

Доколку не е наведено поинаку, библиските стихови од Хебрејските списи се земени од преводот на Д-р/Д-р Душан Х. Константинов (ДХК), а од Грчките списи се земени од Превод Нов свет на Христијанските грчки списи. Кога после некој стих од Хебрејските списи стои кратенката NW, тоа значи дека е направен превод од англискиот New World Translation of the Holy Scriptures-With References.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели