ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wt погл. 16 стр. 144-150
  • „Имајте горлива љубов еден кон друг“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Имајте горлива љубов еден кон друг“
  • Обожавај го единствениот вистински Бог
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Кога ќе се појават проблеми
  • Барај начини да се ,рашириш‘
  • ,Имајте усрдна љубов меѓу себе‘
    Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог
  • „Живејте во љубов“
    Приближи му се на Јехова
  • „Пред сѐ, имајте горлива љубов“
    Бдејте!
  • Продлабочувај ја својата љубов кон браќата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Повеќе
Обожавај го единствениот вистински Бог
wt погл. 16 стр. 144-150

Поглавје шеснаесет

„Имајте горлива љубов еден кон друг“

1. Што честопати ги импресионира оние што првпат доаѓаат на состаноците на Јеховините сведоци?

КОГА луѓето првпат ќе дојдат на состаноците на Јеховините сведоци, честопати се импресионирани од љубовта што се покажува таму. Тоа го забележуваат по добредојдето што им се укажува и по срдечното дружење. Посетителите на нашите конгреси исто така ја забележуваат оваа љубов. Во врска со еден конгрес, еден новинар напишал: ‚Никој не е под дејство на дрога или алкохол. Нема викање ниту врескање. Нема турканици. Нема буткање. Никој не пцуе и не колне. Нема валкани шеги или расипан говор. Нема воздух исполнет со чад. Нема крадење. Никој не фрла лименки по тревниците. Навистина беше необично‘. Сето ова е доказ за љубов, и тоа љубов која ‚не се однесува непристојно, не ги бара сопствените интереси‘ (1. Коринќаните 13:4—8).

2. а) Со текот на времето, што треба да биде очигледно во нашето покажување љубов? б) Ако сакаме да го имитираме Христос, каква љубов треба да негуваме?

2 Братската љубов е знакот на распознавање на вистинските христијани (Јован 13:35). Додека растеме духовно, учиме уште поцелосно да покажуваме љубов. Апостол Павле се молел љубовта на неговите сохристијани „сѐ повеќе и повеќе да изобилува“ (Филипјаните 1:9). Апостол Јован покажал дека нашата љубов треба да биде самопожртвувана. Тој напишал: „По тоа сме ја спознале љубовта, бидејќи [Синот Божји] ја положи својата душа за нас; и ние сме должни да ги положиме своите души за своите браќа“ (1. Јованово 3:16; Јован 15:12, 13). Дали навистина би го дале животот за нашите браќа? Иако повеќето ситуации не го бараат тоа, до кој обем особено се напрегаме да им помагаме сега, иако тоа може да ни создаде непријатности?

3. а) На кој начин би можеле во уште поцелосна мера да ја покажуваме нашата љубов? б) Зошто е животоважно да имаме горлива љубов еден кон друг сега?

3 Покрај нашите дела што одразуваат самопожртвуван дух, треба да имаме и искрени срдечни чувства кон нашите браќа. Божјата реч нѐ поттикнува: „Во братската љубов имајте нежна наклоност еден кон друг“ (Римјаните 12:10). Сите ние го чувствуваме тоа кон некои луѓе. Но, дали би можеле да научиме да чувствуваме таква наклоност и кон другите? Додека се приближува крајот на овој стар систем, за нас е од животоважно значење сѐ повеќе да се зближуваме со сохристијаните. Библијата вели: „Крајот на сите работи се приближи . . . Пред сѐ, имајте горлива љубов еден кон друг, зашто љубовта покрива мноштво гревови“ (1. Петрово 4:7, 8).

Кога ќе се појават проблеми

4. а) Зошто можат да се појават проблеми помеѓу лицата во едно собрание? б) Иако можеби секогаш не сме склони да го правиме тоа, какво добро може да произлезе ако го применуваме библискиот совет?

4 Се разбира, сѐ додека сме несовршени ќе има моменти кога ќе правиме работи што ги повредуваат другите. Нашите браќа може исто така да ни згрешат нам на разни начини (1. Јованово 1:8). Ако се најдеш во таква ситуација, што треба да сториш? Писмото го дава потребното водство. Но, она што тоа го кажува може да не се совпаѓа со она што како несовршени луѓе сме склони да го правиме (Римјаните 7:21—23). Меѓутоа, нашето сериозно применување на советот што го содржи Библијата ќе даде доказ дека имаме искрена желба да му угодиме на Јехова. Таквото постапување ќе го збогати и квалитетот на нашата љубов кон другите.

5. Ако некој нѐ повреди, зошто не треба да се одмаздуваме?

5 Кога луѓето се повредени, тие понекогаш бараат начини да му се одмаздат со иста мера на оној што им згрешил. Но, ова само ја влошува ситуацијата. Ако е потребно отплаќање, треба да му го препуштиме на Бог (Пословици 24:29; Римјаните 12:17—21). Други може да се обидуваат да избегнуваат контакт со оној што им згрешил. Но, не треба да им правиме така на сообожавателите, бидејќи дали нашето обожавање ќе биде прифатено, делумно, зависи од тоа дали ги љубиме нашите браќа (1. Јованово 4:20). Затоа, Павле напишал: „Поднесувајте се еден со друг и простувајте си спремно еден на друг, ако некој има причина за поплака против друг. Токму како што Јехова доброволно ви прости вам, така правете и вие“ (Колошаните 3:13). Можеш ли да го сториш тоа?

6. а) Колку често треба да му простуваме на нашиот брат? б) Разбирањето на кој факт ќе ни помогне да се справиме со некој грев кон нас?

6 Што ако некој секогаш одново ни греши, но не прави тешки гревови поради кои може да биде отстранет од собранието? Во врска со таквите помали гревови, апостол Петар предложил да се прости „до седумпати“. Но Исус рекол: ‚Не ти велам до седумпати, туку: До седумдесет и седумпати‘. Тој ја истакнал неспоредливата големина на нашиот долг кон Бог во споредба со она што некој човек може да ни го должи нам (Матеј 18:21—35). На многу начини ние му грешиме на Бог секој ден — понекогаш со некоја себична постапка, со она што ќе го кажеме или ќе го помислиме, или со она што пропуштаме да го направиме — дури и без да сме свесни дека грешиме (Римјаните 3:23). Сепак, Бог останува милосрден кон нас (Псалм 103:10—14; 130:3, 4). Тој бара од нас на ист начин да постапуваме еден со друг (Матеј 6:14, 15; Ефешаните 4:1—3). Тогаш ќе го практикуваме оној вид љубов што „не ја става во сметка штетата“ (1. Коринќаните 13:4, 5; 1. Петрово 3:8, 9).

7. Што треба да правиме ако некој брат има нешто против нас?

7 Може да има моменти кога ќе сфатиме дека иако немаме ништо против нашиот брат, тој има нешто против нас. Можеме да избереме тоа да ‚го покриеме со љубов‘, како што предлага 1. Петрово 4:8. Или, можеме да преземеме иницијатива да зборуваме со него за да се обидеме да ги обновиме мирољубивите односи (Матеј 5:23, 24).

8. Ако некој соверник прави нешто што нѐ вознемирува, што може да се стори?

8 Можеби некој соверник прави нешто што те вознемирува не само тебе туку и другите. Зарем не би било добро да разговараш со него? Можеби. Ако лично му го објасниш проблемот на љубезен начин, тоа може да донесе добри резултати. Но, првин мораш да се запрашаш: ‚Дали тој навистина прави нешто небиблиско? Или проблемот главно е поради тоа што моето потекло и воспитание се поинакви од неговото?‘ Внимавај да не поставуваш свои лични мерила и потоа да судиш според нив (Јаков 4:11, 12). Јехова непристрасно прифаќа луѓе од секакво потекло и е стрплив со нив додека растат духовно.

9. а) Кој им обрнува внимание на случаите на тешко престапување во собранието? б) Под кои околности оној против кого е згрешено има одговорност да дејствува прв, и со која цел?

9 Ако некој во собранието направи тежок престап, како што е неморал, на тоа треба веднаш да му се обрне внимание. Кој треба да обрне внимание? Старешините (Јаков 5:14, 15). Меѓутоа, ако е направен грев против некој поединец, можеби во некоја деловна работа или со злоупотреба на јазикот, тогаш оној против кого е згрешено треба најпрво да се потруди да му пријде на престапникот насамо (Матеј 18:15). Ако тоа не ја реши работата, треба да се преземат натамошни чекори, како што е истакнато во Матеј 18:16, 17. Љубовта кон нашиот брат што згрешил и желбата да го ‚придобиеме‘ ќе ни помогнат да го сториме ова на начин со кој ќе го достигнеме неговото срце (Пословици 16:23).

10. Што ќе ни помогне исправно да гледаме на работата кога ќе се појави некој проблем?

10 Кога ќе се појави проблем, сеедно дали е голем или мал, ќе ни биде од помош ако настојуваме да разбереме како Јехова гледа на него. Тој не одобрува грев од никаков облик, и во од него одредено време лицата што непокајнички практикуваат тежок грев се отстрануваат од неговата организација. Меѓутоа, да не заборавиме дека сите ние грешиме на понезначајни начини и дека ни е потребна неговата долготрпеливост и милост. Со тоа Јехова дава пример што треба да го имитираме кога сме соочени со гревовите на другите. Кога сме милосрдни, ја одразуваме неговата љубов (Ефешаните 5:1, 2).

Барај начини да се ,рашириш‘

11. Зошто Павле ги охрабрил коринќаните да се ‚рашират‘?

11 Павле поминал месеци во изградувањето на собранието во Коринт, Грција. Работел напорно за да им помогне на тамошните браќа и ги љубел. Но, на некои од нив им недостигале срдечни чувства кон него. Биле многу критизерски настроени. Тој ги поттикнал да се ‚рашират‘ во изразувањето наклоност (2. Коринќаните 6:11—13; 12:15). Добро е сите ние да размислиме во колкава мера изразуваме љубов кон другите и да бараме начини да се рашириме (1. Јованово 3:14).

12. Како можеме да растеме во нашата љубов кон сите во собранието?

12 Дали во собранието има некои на кои ни е тешко да им се приближиме? Ако особено се напрегаме со цел да покриеме какви и да било лични разлики — како што би сакале и другите да прават со нас — тоа ќе придонесе за посрдечни меѓусебни односи. Нашите чувства кон нив можат исто така да се подобрат ако ги бараме нивните добри особини и се концентрираме на нив. Ова сигурно ќе придонесе нашата љубов кон нив да порасте (Лука 6:32, 33, 36).

13. Како можеме да се рашириме во покажувањето љубов кон членовите на нашето собрание?

13 Се разбира, постојат ограничувања во однос на тоа што можеме да сториме за другите. Можеби не можеме да се поздравиме со секого на секој состанок. Можеби не е возможно да го вклучиме секого кога покануваме пријатели на оброк. Но, дали би можеле да се рашириме така што ќе поминуваме барем по неколку минути за подобро да се запознаеме со некого во нашето собрание? Дали би можеле повремено да поканиме некого кого не го познаваме добро да работи со нас во службата на теренот?

14. Кога сме меѓу христијани што никогаш не сме ги запознале, како можеме да покажеме горлива љубов едни кон други?

14 Христијанските конгреси се убави прилики да се рашириме во нашата љубов. Може да се присутни илјадници. Не можеме да ги запознаеме сите нив, но можеме да се однесуваме на начин кој покажува дека нивното добро го ставаме пред сопствената удобност. Помеѓу сесиите, можеме да покажеме личен интерес така што ќе преземеме иницијатива да се запознаеме со некои од оние околу нас. Еден ден, сите што ќе живеат на Земјата ќе бидат браќа и сестри, обединети во обожавањето на единствениот вистински Бог и Татко на сите. Колкава само радост ќе биде да се запознаеме едни со други! Горливата љубов ќе нѐ тера да сакаме да го правиме тоа. Зошто не почнеш уште сега?

Дискусија за повторување

• Кога меѓу христијаните ќе се јават проблеми, како треба да се решаваат, и зошто?

• Додека растеме духовно, на кои начини треба да расте и нашата љубов?

• Како е можно да покажуваме горлива љубов кон повеќе лица наместо само кон еден тесен круг на пријатели?

[Слика на страница 148]

Христијанската љубов се покажува на многу начини како, на пример, на христијанските состаноци

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели