Да учиме од... Асаф
Асаф минува низ еден тежок период од животот. Насекаде околу него гледа како луѓето ги прекршуваат Божјите закони и навидум не добиваат никаква казна за тоа! Затоа, почнува да се прашува дали вреди да се труди да му угодува на Бог. „Навистина, залудно си го исчистив срцето и си ги измив рацете за да покажам дека сум невин“, вели тој. Но, откако длабоко размислува за сето тоа, Асаф гледа поинаку. Сфаќа дека сите уживања што ги имаат злобните се само привремени. До каков заклучок доаѓа? Асаф му пее на Јехова: „Освен тебе, друга радост немам на земјата“ (Псалм 73:3, 13, 16, 25, 27).
Можеби понекогаш и ти се прашуваш дали вреди да се живее според Божјите мерила. Но, биди како Асаф и труди се да гледаш зад очигледното. Размисли во каква ситуација се оние што не ги слушаат Јеховините закони. Дали навистина имаат внатрешен мир? Дали тие откриле некоја формула за среќа којашто оние што му се верни на Бог не ја знаат? Откако добро ќе размислиш, сигурно и ти ќе го речеш она што го рекол Асаф: „Мене ми е добро да бидам близу до Бог“ (Псалм 73:28).