ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • bm дел 19 стр. 22
  • Пророштвото на Исус за светските настани

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Пророштвото на Исус за светските настани
  • Библијата — која е нејзината порака?
  • Сличен материјал
  • Апостолите побарале знак
    Исус — патот, вистината и животот
  • Од каде знаеме дека Армагедон е близу
    Учи од Големиот Учител
  • За „крајот“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Што значи за тебе Христовата присутност?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Повеќе
Библијата — која е нејзината порака?
bm дел 19 стр. 22
Исус зборува со некои од апостолите на Маслинската Гора

ДЕЛ 19

Пророштвото на Исус за светските настани

Исус претскажува настани по кои ќе се види дека почнал да владее како Цар на небото и дека се ближи крајот на овој поредок

НА Маслинската Гора, од која се пружал прекрасен поглед на Ерусалим и на храмот, четворица апостоли го замолиле Исус да им објасни нешто. Само кратко пред тоа, тој рекол дека храмот во Ерусалим ќе биде разурнат. А во една друга прилика им зборувал за „свршетокот на овој поредок“ (Матеј 13:40, 49). Затоа, апостолите го прашале: „Кој ќе биде знакот на твојата присутност и на свршетокот на овој поредок?“ (Матеј 24:3).

Исус им одговорил на прашањето кажувајќи им што ќе се случува пред да биде уништен Ерусалим. Но, неговите зборови не се однесувале само на тоа време. Всушност, во далечната иднина, ова негово пророштво требало да се исполни во многу поголеми размери. Исус претскажал низа настани и околности кои ќе се случуваат во целиот свет. Сето тоа требало да го сочинува знакот по кој луѓето на Земјата ќе можат да препознаат дека тој почнал да владее како небесен Цар. Со други зборови, овој знак требало да покаже дека Јехова Бог го поставил Исус за Цар на долгоочекуваното месијанско Царство и дека е близу времето кога тоа Царство ќе го отстрани сето зло и ќе воспостави вистински мир на Земјата. Значи, настаните што ги прорекол Исус требало да покажат дека настапиле последните денови на стариот свет, односно на денешниот верски, политички и општествен поредок, и дека на повидок е еден нов свет.

Исус објаснил дека почетокот на неговото небесно царување ќе биде одбележан со војни од светски размери, глад, големи земјотреси и разни болести. Беззаконието ќе порасне. Вистинските ученици на Исус ќе ја проповедаат добрата вест за Божјето Царство низ целиот свет. Сето ова ќе заврши со една „голема неволја“ каква што немало никогаш порано (Матеј 24:21).

Како ќе знаат следбениците на Исус дека таа неволја е близу? Тој рекол: „Учете од споредбата со смоквата“ (Матеј 24:32). Кога смоквата ќе пушти лисја, тоа е видлив знак дека летото е близу. И кога во одреден период ќе почне да се случува сето она што го прорекол Исус, тоа ќе значи дека крајот е близу. Тој рекол дека никој освен Таткото не го знае точниот ден и час кога ќе започне големата неволја. Затоа им го дал следниов совет на своите ученици: „Бидете будни, бидејќи не знаете кога е времето да се случи тоа“ (Марко 13:33).

Се темели на Матеј, поглавја 24 и 25, Марко, поглавје 13, и Лука, поглавје 21.

  • Што сакале да дознаат апостолите на Исус?

  • На што укажува знакот за кој зборувал Исус, и од кои обележја се состои?

  • Кој совет им го дал Исус на своите ученици?

ЗНАКОТ НА ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Исус прорекол еден знак по кој јасно ќе се види дека е близу времето кога Бог ќе го уништи овој расипан свет. Од Првата светска војна наваму, луѓето насекаде во светот го гледаат она што го прорекол Исус. Брзите промени на светската политичка, верска и општествена сцена неизбежно ќе водат до крајот на овој поредок. Исус ги поучил своите следбеници дека, за да преживеат, ќе мораат да ‚бидат будни‘ и цврсто да стојат на Божјата страна во спорното прашање за тоа кој има право да владееa (Лука 21:36; Матеј 24:3-14).

a Нешто повеќе за ова пророштво на Исус можете да прочитате во 9. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата? Оваа публикација е издадена од Јеховините сведоци.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели