ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • bm дел 24 стр. 27-28
  • Павле испраќа посланија до собранијата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Павле испраќа посланија до собранијата
  • Библијата — која е нејзината порака?
  • Сличен материјал
  • Совети за верата, исправното постапување и љубовта
    Библијата — која е нејзината порака?
  • Тимотеј — „вистинското чедо по вера“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Павле во Рим
    Мојата книга со библиски приказни
  • Севкупната складност на Библијата
    Библијата — Реч Божја или човечка?
Повеќе
Библијата — која е нејзината порака?
bm дел 24 стр. 27-28
Павле диктира писмо додека е во домашен притвор

ДЕЛ 24

Павле испраќа посланија до собранијата

Павле ги охрабрува првите христијани преку своите посланија

НОВООСНОВАНОТО христијанско собрание требало да одигра важна улога во исполнувањето на Јеховината намера. Но, христијаните во првиот век многу брзо станале мета на прогонство. Дали му останале верни на Бог додека се соочувале со противење однадвор, но и со подмолни опасности во самото собрание? Во Христијанските грчки списи, кои содржат 21 послание, им биле дадени потребните совети и охрабрување.

Четиринаесет од овие посланија — од Посланието до Римјаните до Посланието до Евреите — ги напишал апостол Павле. Имињата им се дадени според лицата или собранијата до кои биле упатени. Да разгледаме некои од работите за кои се зборува во нив.

Морални начела и совети за исправно постапување. Оние што вршат блуд, прељуба и други тешки гревови „нема да го наследат Божјето царство“ (Галатите 5:19-21; 1. Коринќаните 6:9-11). Божјите слуги мора да бидат обединети без оглед на своето национално потекло (Римјаните 2:11; Ефешаните 4:1-6). Тие треба со радост да им помагаат на соверниците кои се во неволја (2. Коринќаните 9:7). „Молете се непрестајно“, рекол Павле. Тој ги поттикнал соверниците да му ги излеат своите срца на Јехова во молитва (1. Солуњаните 5:17; 2. Солуњаните 3:1; Филипјаните 4:6, 7). Но, Бог ќе ги сослуша молитвите само ако се молиме со вера (Евреите 11:6).

Што ќе им помогне на семејствата да бидат среќни? Мажот треба да ја сака жената како своето тело. Жената треба длабоко да го почитува мажот. Децата треба да ги слушаат родителите зашто тоа му се допаѓа на Бог. Родителите треба со љубов да ги поучуваат и да ги воспитуваат децата, водејќи се притоа според начелата од Божјата Реч (Ефешаните 5:22 — 6:4; Колошаните 3:18-21).

Мапа на местата каде што Павле ги пишувал своите писма

Откривање на Божјата намера. Мојсеевиот закон на многу начини им служел на Израелците како заштита и водич до доаѓањето на Христос (Галатите 3:24). Но, христијаните не мора да се држат за тој Закон за да му угодат на Бог. Во Посланието до Евреите, односно до христијаните со еврејско потекло, Павле објаснува која била целта на Законот и која е Христовата улога во исполнувањето на Јеховината намера. Тој објаснил дека различни аспекти од Законот имале пророчко значење. На пример, принесувањето на животинските жртви укажувало на жртвената смрт на Исус, која овозможила вистинско простување на гревовите (Евреите 10:1-4). Со смртта на Исус, Бог го укинал сојузот на Законот бидејќи повеќе не бил потребен (Колошаните 2:13-17; Евреите 8:13).

Христијани од првиот век слушаат додека се чита писмо од апостол Павле

Упатства за организирање на собранието. Мажите кои се спремни да преземат одговорности во собранието мора да живеат според високи морални мерила и да ги исполнат условите што се наведени во Божјата Реч (1. Тимотеј 3:1-10, 12, 13; Тит 1:5-9). Божјите слуги треба редовно да се состануваат со соверниците за да се храбрат еден со друг (Евреите 10:24, 25). Таквите состаноци треба да бидат поучни и да ги изградуваат присутните (1. Коринќаните 14:26, 31).

Во времето кога го пишувал своето Второ послание до Тимотеј, Павле повторно се наоѓал во Рим. Бил во затвор и ја чекал пресудата. Го посетувале само неколку браќа кои биле доволно храбри да се изложат на таков ризик. Павле знаел дека му останува уште малку време. Тој рекол: „Добро се борев, трката ја истрчав до крај, верата ја зачував“ (2. Тимотеј 4:7). Веројатно кратко потоа Павле бил погубен. Но, неговите посланија до ден-денес им даваат сигурно водство на вистинските Божји слуги.

Се темели на Римјаните, 1. Коринќаните, 2. Коринќаните, Галатите, Ефешаните, Филипјаните, Колошаните, 1. Солуњаните, 2. Солуњаните, 1. Тимотеј, 2. Тимотеј, Тит, Филимон и Евреите.

  • Кои морални начела и совети за исправно постапување се наоѓаат во посланијата на Павле?

  • Како Павле ја разјаснил улогата на Христос во исполнувањето на Божјата намера?

  • Кои упатства ги дал Павле во врска со организирањето на собранието?

КОЈ Е ВЕТЕНОТО ПОТОМСТВО?

Откако Адам и Ева згрешиле, Бог ѝ се обратил на змијата со следниве симболични зборови: „Ќе ставам непријателство помеѓу тебе и жената, и помеѓу твоето потомство и нејзиното потомство. Тој ќе ти ја смачка главата, а ти ќе го раниш во петицата“ (1. Мојсеева 3:15). Библијата открива дека таа ‚празмија‘ е Ѓаволот (Откровение 12:9). Но, кој е ветеното Потомство, односно ветениот Избавител? Тоа останало тајна која во Библијата се откривала постепено низ вековите.

Околу 2.000 години по гревот на Адам и Ева, Јехова рекол дека ветеното Потомство ќе се роди во лозата на Авраам (1. Мојсеева 22:17, 18). Со векови подоцна, апостол Павле открил дека главниот Потомок е, всушност, Месијата, Исус Христос (Галатите 3:16). Кога Исус бил убиен, на симболичен начин бил ‚ранет во петицата‘, како што било проречено во 1. Мојсеева 3:15. Но, Бог го воскреснал, и така Исус бил „оживеан во духот“ (1. Петрово 3:18).

Божјата намера е и 144.000 луѓе да бидат дел од тоа потомство (Галатите 3:29; Откровение 14:1). Тие воскреснуваат како духовни суштества и стануваат сонаследници со Христос во небесното Царство (Римјаните 8:16, 17).

Како моќен Цар на небото, Исус наскоро ќе ги отстрани Ѓаволот и неговото потомство, во кое спаѓаат злите луѓе и демоните кои го следат Сатана (Јован 8:44; Ефешаните 6:12). Владеењето на Исус ќе им донесе мир и радост на сите послушни луѓе. На крајот, тој ќе ѝ „ја смачка главата“ на змијата, односно ќе го уништи Сатана (Евреите 2:14).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели