ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • jl поглавје 4
  • Зошто го издадовме Преводот Нов свет?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто го издадовме Преводот Нов свет?
  • Кој ја врши Јеховината волја денес?
  • Сличен материјал
  • Меѓник за љубителите на Божјата реч
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Превод Нов свет — ценет од милиони луѓе низ целиот свет
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Дали е точен Преводот Нов свет?
    Најчесто поставувани прашања
  • Како да избереш добар превод на Библијата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Повеќе
Кој ја врши Јеховината волја денес?
jl поглавје 4

ПОГЛАВЈЕ 4

Зошто го издадовме Преводот Нов свет?

Стара машина за печатење
Објавување на првото издание на Светото писмо — превод Нов свет
Луѓе гледаат во Светото писмо — превод Нов свет во Конго (Киншаса)

Конго (Киншаса)

Објавување на Светото писмо — превод Нов свет во Руанда

Руанда

Фрагмент од грчкиот превод на Симах во кој стои Божјето име

Фрагмент од грчкиот превод на Симах во кој стои Божјето име во Псалм 69:31 (трети или четврти век од н.е.)

Со децении, Јеховините сведоци користеа, печатеа и дистрибуираа различни преводи на Библијата. Но, тогаш увидовме дека има потреба од нов превод што ќе им помогне на луѓето „добро да ја запознаат вистината“, што е во склад со Божјата волја (1. Тимотеј 2:3, 4). Па така, во 1950 год. почнавме да издаваме делови од нашиот превод на Библијата, Преводот Нов свет, на современ англиски јазик. Потоа, тој превод послужи како темел за да се направи точен превод на Библијата на преку 130 јазици.

Беше потребна лесно разбирлива Библија. Со текот на времето, јазиците се менуваат, па многу преводи содржат нејасни или застарени изрази што тешко може да се разберат. Освен тоа, беа откриени древни ракописи кои се поточни и, временски гледано, поблизу до периодот кога биле напишани оригиналните записи, а тоа помогна подобро да се разбере библискиот хебрејски, арамејски и грчки јазик.

Беше потребен превод кој верно ќе ја пренесе Божјата реч. Наместо да си земаат слобода со Божјите вдахновени списи, преведувачите на Библијата треба верно да го следат оригиналниот текст. Меѓутоа, во повеќето преводи на Светото писмо не се спомнува Божјето име, Јехова.

Беше потребна Библија што ќе му оддаде признание на нејзиниот Автор (2. Самоилова 23:2). Во Преводот Нов свет, Јеховиното име е вратено на околу 7.000 места каде што се јавува во најстарите библиски ракописи, како што се гледа од фрагментот на сликата (Псалм 83:18). Оваа Библија, која е плод на повеќегодишно внимателно истражување, е задоволство да се чита бидејќи јасно ги пренесува Божјите мисли. Сеедно дали имаш Превод Нов свет на твојот јазик или не, убаво е да си стекнеш навика да ја читаш Јеховината Реч секој ден (Исус Навин 1:8; Псалм 1:2, 3).

  • Зошто сметавме дека е потребен нов превод на Библијата?

  • Што е добро да правиме секој ден ако сакаме да дознаеме која е Божјата волја?

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Прочитај го предговорот на Преводот Нов свет и одговори на прашањето: „Со какво чувство на одговорност одборот за превод ја преведе оваа Библија?“ Потоа спореди го нивниот превод на следниве стихови со други преводи што можеби ги имаш: 1. Мојсеева 4:1; Псалм 110:1; Исаија 65:11; Матеј 5:3; 11:12; 1. Коринќаните 16:22.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели