ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • fg лекција 15 прашања 1-4
  • Зошто да продолжиш да учиш за Јехова?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто да продолжиш да учиш за Јехова?
  • Добра вест од Бог!
  • Сличен материјал
  • Како да се зближиш со Бог?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Не постои подобар начин на живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Како да се зближиш со Бог?
    Добра вест од Бог!
  • За нас е добро да стануваме сѐ поблиски со Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
Повеќе
Добра вест од Бог!
fg лекција 15 прашања 1-4

ЛЕКЦИЈА 15

Зошто да продолжиш да учиш за Јехова?

1. Зошто е добро да продолжиш да ја проучуваш Библијата?

Две жени ја проучуваат Библијата за време на паузата на работа

Без сомнение, ова разгледување на основните библиски учења ја зајакна твојата љубов кон Јехова. Но, мора постојано да ја зајакнуваш оваа љубов (1. Петрово 2:2). Ако продолжиш да се зближуваш со Бог така што ќе ја проучуваш неговата Реч, ќе можеш да се надеваш на вечен живот. (Прочитај Јован 17:3; Јуда 21.)

Колку повеќе го запознаваш Бог, толку поцврста ќе станува твојата вера. Верата ќе ти помогне да му угодиш на Бог (Евреите 11:1, 6). Ќе те поттикне да се покаеш и да направиш промени во својот живот. (Прочитај Дела 3:19.)

2. Како можеш да им помагаш на другите со она што го научи за Бог?

Жена се моли на Бог

Можеш да станеш многу близок со Јехова

Сигурно ќе сакаш да им го пренесеш и на другите она што го научи, бидејќи обично сакаме да ги споделиме добрите вести. Додека и понатаму ја проучуваш Библијата, ќе научиш како можеш со нејзина помош да објасниш зошто веруваш во Јехова и која е добрата вест. (Прочитај Матеј 24:14; Римјаните 10:13, 15.)

Повеќето од нас најпрво им ја кажале добрата вест на своите пријатели или роднини. Но, убаво е да бидеме обѕирни. Наместо да им речеш дека нивната религија е погрешна, кажувај им за убавите работи што ги ветил Бог. Исто така, имај на ум дека врз луѓето честопати поголем впечаток остава твоето однесување отколку твоите зборови. (Прочитај 2. Тимотеј 2:24, 25.)

3. Колку близок со Бог можеш да бидеш?

Ако продолжиш да ја проучуваш Библијата, ќе можеш да напредуваш во духовен поглед. Со текот на времето, ќе можеш да станеш многу близок со Јехова. Всушност, ќе можеш да станеш дел од неговото семејство. (Прочитај 2. Коринќаните 6:18.)

4. Како да продолжиш да напредуваш?

Ќе напредуваш во духовен поглед ако продолжиш да ја проучуваш Божјата Реч (Евреите 5:13, 14). Замоли некој Јеховин сведок да ја проучува Библијата со тебе со помош на книгата Што навистина учи Библијата? Колку повеќе учиш од Божјата Реч, толку посреќен ќе бидеш. (Прочитај Псалм 1:1-3; 73:27, 28.)

Јеховини сведоци нудат бесплатен курс за проучување на Библијата

Добрата вест ни ја дал Јехова, кој е среќен Бог. Ќе се зближиш со него ако се зближиш и со неговиот народ (Евреите 10:24, 25). Ако продолжиш да го правиш она што го сака Јехова, ќе можеш да го добиеш вистинскиот живот — вечен живот. Најдоброто нешто што можеш да го направиш е да се зближиш со Бог. (Прочитај 1. Тимотеј 1:11; 6:19.)

Нешто повеќе можеш да прочиташ во 18. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели