ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • yc тема 8 стр. 18-19
  • Јосија имал добри пријатели

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јосија имал добри пријатели
  • Поучете ги своите деца
  • Сличен материјал
  • Јосија решил да го прави она што е добро
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Јосија го сакал Божјиот закон
    Поуки од Библијата
  • Понизниот Јосија ја имал Јеховината наклоност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Последниот добар цар на Израел
    Мојата книга со библиски приказни
Повеќе
Поучете ги своите деца
yc тема 8 стр. 18-19
Цар Јосија го слуша својот пријател Еремија

ТЕМА 8

Јосија имал добри пријатели

Што мислиш, лесно ли е да го правиш она што е добро?— Повеќето луѓе мислат дека не е. Библијата ни кажува за едно момче по име Јосија. Нему ич не му било лесно да го прави она што е добро. Но, тој имал добри пријатели што му помагале. Ајде да дознаеме нешто повеќе за Јосија и за неговите пријатели.

Татко му на Јосија бил цар на Јуда и се викал Амон. Амон бил многу лош и им служел на други богови. Кога умрел Амон, Јосија станал цар на Јуда. Ама, тогаш имал само осум години! Дали и тој бил лош како татко му?— Не бил.

Пророкот Софонија им ја кажува пораката од Јехова на луѓето од Јуда

Софонија им кажувал на луѓето да не им служат на други богови

Уште како дете, Јосија сакал да го слуша Јехова. Затоа, се дружел само со оние што го сакале Јехова. Тие многу му помогнале на Јосија да го прави она што е добро. Кои му биле пријатели на Јосија?

Еден од нив бил Софонија. Софонија бил пророк и им кажувал на луѓето во Јуда дека ќе им се случат лоши работи ако им служат на други богови. Јосија го слушал Софонија и му служел на Јехова, а не на други богови.

Друг пријател на Јосија му бил Еремија. Тој бил отприлика колку Јосија. Тие двајца уште како деца живееле близу еден до друг и биле многу добри пријатели. Кога Јосија умрел, Еремија напишал една посебна песна во која кажал колку жали по Јосија. Еремија и Јосија си помагале еден на друг да го прават она што е добро и да му бидат послушни на Јехова.

Јосија и Еремија си помагале еден на друг да го прават она што е добро

Што учиш од Јосија?— Уште од мал, Јосија сакал да го прави она што е добро. Тој знаел дека треба да се дружи само со луѓе што го сакаат Јехова. И ти избирај си пријатели кои го сакаат Јехова и кои ќе ти помагаат да го правиш она што е добро!

ПРОЧИТАЈ ВО БИБЛИЈАТА:

  • 2. Летописи 33:21-25; 34:1, 2; 35:25

ПРАШАЊА:

  • Кој му бил татко на Јосија? Дали тој го правел она што е добро?

  • Што сакал да прави Јосија уште како дете?

  • Како се викале двајца пријатели на Јосија?

  • Што учиш од Јосија?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели