Лево: една сестра која служи како колпортер проповеда во Кореја (1931); десно: проповедање на знаковен јазик во Јужна Кореја денес
ВТОР ДЕЛ
Проповедање за Царството — добрата вест се шири низ целиот свет
ИАКО денес не си на работа, стануваш порано за да се подготвиш за служба. Но, се чувствуваш толку уморно што за момент посакуваш да се вратиш в кревет и да си останеш дома. Сепак, се молиш во врска со тоа и одлучуваш да одиш. Во служба си со една постара сестра која веќе со години верно му служи на Јехова. Додека проповедате од куќа до куќа, се восхитуваш на нејзината истрајност и добрина. Во еден миг помислуваш дека и твоите браќа и сестри низ целиот свет ја пренесуваат истата порака, користат иста литература и добиваат исти поуки. Кога се враќаш од служба, се чувствуваш освежено и зајакнато. Колку се радуваш што не остана дома!
Денес проповедањето е најважната активност во која учествуваат поданиците на Божјето Царство. Исус прорекол дека во последните денови проповедничкото дело ќе достигне невидени размери (Мат. 24:14). Како се исполнува ова пророштво? Во овој дел се зборува за ревносните проповедници, и за методите и средствата кои ги користеле за да им помогнат на милиони луѓе да стекнат цврста вера во Божјето Царство.