ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • jy погл. 67 стр. 160-стр. 161 пас. 4
  • „Никој никогаш не зборувал така“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Никој никогаш не зборувал така“
  • Исус — патот, вистината и животот
  • Сличен материјал
  • Не успеваат да го уапсат
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Научи лекција од Никодим
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Разговорот на Исус со Никодим
    Исус — патот, вистината и животот
  • ‚Сѐ уште не бил дојден Неговиот час‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
Повеќе
Исус — патот, вистината и животот
jy погл. 67 стр. 160-стр. 161 пас. 4
Војниците кои биле пратени да го уапсат Исус се вратиле без него

ПОГЛАВЈЕ 67

„Никој никогаш не зборувал така“

ЈОВАН 7:32-52

  • БИЛЕ ПРАТЕНИ СТРАЖАРИ ЗА ДА ГО УАПСАТ ИСУС

  • НИКОДИМ ЗАСТАНАЛ ВО ОДБРАНА НА ИСУС

Празникот на сениците не бил завршен, и Исус сѐ уште бил во Ерусалим. Му било мило што ‚мнозина од народот поверувале во него‘. Се разбира, тоа воопшто не им се допаѓало на верските водачи. Тие испратиле неколку стражари, кои служеле како верска полиција, за да го уапсат (Јован 7:31, 32). Но, Исус не се обидел да се скрие.

Наместо тоа, Исус продолжил јавно да поучува во Ерусалим, велејќи: „Уште малку време сум со вас, а тогаш ќе одам кај оној што ме испрати. Ќе ме барате, но нема да ме најдете, и таму каде што сум јас, вие не можете да дојдете“ (Јован 7:33, 34). Евреите не можеле да сфатат што сакал да каже, па затоа се прашувале еден со друг: „Каде наумил да оди овој, та да не можеме да го најдеме? Зар наумил да оди кај Евреите, кои се расеани меѓу Грците, па да ги поучува Грците? Што значи тоа што го кажа: ‚Ќе ме барате, но нема да ме најдете, и таму каде што сум јас, вие не можете да дојдете‘?“ (Јован 7:35, 36). Но, Исус зборувал за својата смрт и воскресението на небото, каде што неговите непријатели не можеле да отидат.

На седмиот ден на празникот, Исус спомнал нешто што го правел свештеникот во храмот секое утро за време на празникот. Тој излевал вода донесена од езерцето Силоам во еден резервоар, а оттаму таа се слевала во подножјето на жртвеникот. Веројатно мислејќи на тоа, Исус рекол: „Ако некој е жеден, нека дојде кај мене и нека пие! Кој ќе поверува во мене, како што е речено во Писмото: ‚Од неговата внатрешност ќе потечат реки на жива вода‘“ (Јован 7:37, 38).

Исус зборувал за нешто што требало да се случи по неговата смрт. Тогаш неговите ученици ќе биле помазани со свет дух и ќе биле повикани за живот на небото. Тоа се случило на Педесетница 33 год. од н.е., кога учениците кои биле помазани со свет дух почнале да им ја пренесуваат вистината на другите луѓе. Оттогаш, симболично кажано, почнале да течат потоци со вода што давала живот.

Кога го слушнале она што го кажал Исус, некои рекле: „Овој навистина е Пророк“, очигледно мислејќи на ветениот пророк кој требало да биде поголем од Мојсеј. Други велеле: „Овој е Христос“. Но, некои се противеле на тоа, велејќи: „Зарем Христос доаѓа од Галилеја? Зарем Писмото не вели дека Христос доаѓа од потомството на Давид, и од Витлеем, селото од каде што беше Давид?“ (Јован 7:40-42).

Така дошло до поделба меѓу народот. Иако некои сакале Исус да биде уапсен, никој не кренал рака на него. Кога стражарите се вратиле кај верските водачи без Исус, главните свештеници и фарисеите ги прашале: „Зошто не го доведовте?“ Стражарите одговориле: „Никој никогаш не зборувал така“. Верските водачи толку се разбесниле што почнале да ги исмејуваат стражарите и да го навредуваат народот: „Зарем и вие сте заведени? Поверувал ли во него некој од поглаварите или од фарисеите? Но овој народ, кој не го познава Законот, е проклет“ (Јован 7:45-49).

Никодим зборува во одбрана на Исус

Тогаш Никодим, кој бил фарисеј и член на Судскиот совет, се осмелил да застане во одбрана на Исус. Околу две и пол години пред тоа, Никодим дошол кај Исус ноќе и покажал вера во него. Овојпат, во корист на Исус, рекол: „Зар нашиот закон му суди на човек ако најнапред не го сослуша и не дознае што прави?“ Каков одговор дале верските водачи во самоодбрана? Тие рекле: „Зар и ти си од Галилеја? Истражи, па ќе видиш дека никаков пророк нема да дојде од Галилеја“ (Јован 7:51, 52).

Во светите списи не било конкретно кажано дека некој пророк ќе дојде од Галилеја. Меѓутоа, пишувало дека во „Галилеја на незнабошците“ ќе се појавела „голема светлина“, што укажувало дека Христос требало да дојде од Галилеја (Исаија 9:1, 2; Матеј 4:13-17). Освен тоа, како што било проречено, Исус се родил во Витлеем и бил потомок на Давид. Иако на фарисеите тоа можеби им било познато, веројатно токму тие меѓу народот рашириле многу од лагите за Исус.

  • Како Исус можеби посочил на нешто што се случувало секое утро за време на Празникот на сениците?

  • Зошто стражарите не го уапсиле Исус, и како реагирале на тоа верските водачи?

  • Што укажувало дека Христос требало да дојде од Галилеја?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели