ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lfb погл. 42 стр. 102-стр. 103 пас. 3
  • Јонатан — храбар и верен пријател

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јонатан — храбар и верен пријател
  • Поуки од Библијата
  • Сличен материјал
  • Ги поврзувало едно нераскинливо пријателство
    Угледајте се на нивната вера
  • Јонатан — „со Бог го изврши... ова дело“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • „Ништо не може да го спречи Јехова“
    Угледајте се на нивната вера
  • Биди му лојален на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
Повеќе
Поуки од Библијата
lfb погл. 42 стр. 102-стр. 103 пас. 3
Јонатан со неговиот штитоносец

ПОГЛАВЈЕ 42

Јонатан — храбар и верен пријател

Најстариот син на цар Саул се викал Јонатан и бил храбар воин. Давид рекол дека Јонатан бил побрз од орел и посилен од лав. Еден ден, Јонатан видел 20 Филистејци на еден рид. Тој му рекол на својот штитоносец: „Ќе ги нападнеме само ако Јехова ни даде знак. Ако Филистејците ни речат да се качиме кај нив, тогаш ќе ги нападнеме“. Филистејците им довикнале: „Дојдете да се бориме!“ Така Јонатан и штитоносецот се искачиле на ридот и ги победиле филистејските војници.

Јонатан му дал на Давид неколку свои работи

Бидејќи Јонатан бил најстариот син на Саул, тој требало да го наследи престолот и да биде следен цар. Но, Јонатан знаел дека за следен цар на Израел Јехова го избрал Давид. Сепак, не бил љубоморен. Напротив, Јонатан и Давид станале добри пријатели. Тие си ветиле дека ќе се бранат еден со друг. Во знак на пријателство, Јонатан му дал на Давид неколку свои работи — наметката, мечот, лакот и појасот.

Еднаш, додека Давид се криел од Саул, Јонатан отишол кај него и му рекол: „Биди храбар, не плаши се. Јехова те избра тебе за цар. Дури и татко ми го знае тоа“. Дали и ти би сакал да имаш толку добар пријател како Јонатан?

Јонатан неколку пати си го ризикувал животот за да му помогне на својот пријател. Тој знаел дека татко му сака да го убие Давид, па затоа му рекол: „Ќе направиш грев ако го убиеш Давид. Што ти згрешил?“ Кога го чул ова, Саул многу се налутил. Неколку години после тоа, Саул и Јонатан загинале во една битка.

Откако Јонатан умрел, Давид го побарал Мефивостеј, синот на Јонатан. Кога го донеле кај него, Давид му рекол: „Татко ти ми беше многу добар пријател. Затоа, ќе се грижам за тебе до крајот на твојот живот. Ќе живееш во мојата палата и секогаш ќе јадеш на мојата маса“. Давид никогаш не го заборавил својот пријател Јонатан.

„Сакајте се еден со друг како што јас ве сакав вас! Никој нема поголема љубов од оваа: да го даде својот живот за своите пријатели“ (Јован 15:12, 13)

Прашања: Како Јонатан покажал дека е храбар? Како Јонатан покажал дека е верен пријател?

1. Самоилова 14:1-23; 18:1-4; 19:1-6; 20:32-42; 23:16-18; 31:1-7; 2. Самоилова 1:23; 9:1-13

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели