ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lfb погл. 53 стр. 128
  • Храбриот Јодај

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Храбриот Јодај
  • Поуки од Библијата
  • Сличен материјал
  • Јоас го оставил Јехова поради лошото друштво
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Зошто треба да имаме страв од Јехова?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
  • Јехова ги наградува храбрите
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
  • Една амбициозна и злобна жена била казнета
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2022)
Повеќе
Поуки од Библијата
lfb погл. 53 стр. 128
Првосвештеникот Јодај на луѓето им го претставува младиот цар Јоас

ПОГЛАВЈЕ 53

Храбриот Јодај

Језавела имала ќерка по име Готолија, која била исто толку злобна како мајка ѝ. Готолија му била жена на царот на Јуда. Кога тој умрел, нивниот син станал цар. Но, кога умрел и синот, Готолија си ја приграбила власта над Јуда. Таа се обидела да го уништи целото царско семејство така што ги убила сите што би можеле да станат цареви наместо неа. Ги убила дури и своите внуци! Сите се плашеле од неа.

Првосвештеникот Јодај и неговата жена, Јосавета, знаеле дека тоа што го направила Готолија било многу лошо. Тие си го ризикувале животот за да спасат едно внуче на Готолија кое се викало Јоас. Јодај и Јосавета се грижеле за детенцето во храмот.

Кога Јоас имал седум години, Јодај ги повикал сите заповедници и левити и им рекол: „Стојте на вратите од храмот и никого не пуштајте внатре“. Тогаш Јодај го поставил Јоас за цар на Јуда и му ставил круна на главата. Луѓето од Јуда почнале да извикуваат: „Да живее царот!“

Царицата Готолија вика

Царицата Готолија ја слушнала вревата од луѓето и брзо отишла во храмот. Кога го видела новиот цар, извикала: „Заговор! Заговор!“ Заповедниците ја фатиле злобната царица, ја изнеле од храмот и ја убиле. Дали народот почнал да му служи на Јехова откако умрела таа?

Јодај им помогнал на луѓето да склучат сојуз со Јехова. Тие му ветиле дека ќе му служат само нему. Јодај им рекол да го срушат храмот на Ваал и да ги искршат идолите. Тој ги поставил свештениците и левитите да служат во храмот за да може народот повторно да го обожава Јехова таму. Јодај поставил стражари да го чуваат храмот за да не може во него да влезе никој што е нечист според Јехова. Потоа Јодај и заповедниците го однеле Јоас во палатата и го поставиле на престолот. Луѓето во Јуда биле многу среќни. Злобната Готолија повеќе ја немало, и тие повторно можеле да му служат на Јехова, а не на лажниот бог Ваал. Со својата храброст, Јодај им помогнал на многу луѓе, нели?

„Не плашете се од оние што го убиваат телото, но не можат да ја убијат душата. Туку плашете се повеќе од оној што може да ги погуби и душата и телото во геената“ (Матеј 10:28)

Прашања: Како Јодај покажал дека е храбар? Што мислиш, дали Јехова може да ти помогне и тебе да бидеш храбар?

2. Царевите 11:1 — 12:12; 2. Летописи 21:1-6; 22:10 — 24:16

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели