ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lff лекција 31
  • Што е Божјето Царство?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што е Божјето Царство?
  • Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
  • ШТО НАУЧИ:
  • ИСТРАЖУВАЈ
  • Што е Божјето Царство?
    Што навистина учи Библијата?
  • Што ќе постигне Божјето Царство?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Божјето Царство владее
    Спознание кое води до вечен живот
  • Царство што ќе ја промени целата Земја
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
lff лекција 31
Лекција 31. Исус Христос како Цар на небото пред Јеховиниот престол.

ЛЕКЦИЈА 31

Што е Божјето Царство?

Печатено издание
Печатено издание
Печатено издание

Главната тема на Библијата е тесно поврзана со Божјето Царство. Преку тоа Царство, Јехова ќе ја исполни својата првобитна намера со Земјата. Што е Царството? Од каде знаеме дека тоа веќе владее? Што постигнало досега и што ќе постигне во иднина? Одговорот на овие прашања ќе го добиеме во оваа и во следните две лекции.

1. Што е Божјето Царство и кој е Цар на тоа Царство?

Божјето Царство е влада која ја воспоставил Јехова Бог. Исус Христос е Цар на тоа Царство и владее од небото (Матеј 4:17; Јован 18:36). Библијата за него вели: „Тој ќе царува... засекогаш“ (Лука 1:32, 33). Како Цар на Божјето Царство, Исус ќе владее над сите луѓе на Земјата.

2. Кој владее заедно со Исус?

Исус не владее сам. Во Библијата пишува: „Луѓе од секое племе и јазик и народ и народност... ќе царуваат над земјата“ (Откровение 5:9, 10). Колкумина ќе владеат со Христос? Од времето кога Исус дошол на Земјата па сѐ до денес, милиони луѓе станале негови следбеници. Но, само 144.000 од нив ќе владеат заедно со него на небото. (Прочитај Откровение 14:1-4.) Сите други христијани ќе живеат на Земјата и ќе бидат жители на Божјето Царство (Псалм 37:29).

3. Зошто Божјето Царство е далеку подобро од човечките влади?

Дури и кога се трудат да прават добри работи, човечките владетели немаат моќ да го направат сето она што го сакаат. А порано или подоцна, на нивно место доаѓаат некои што повеќе гледаат за себе отколку за доброто на народот. Но Исус, владетелот на Божјето Царство, нема никогаш да биде заменет со некој друг. Божјето Царство „нема никогаш да пропадне“ (Даниел 2:44). Исус ќе владее над целата Земја и нема да биде пристрасен кон никого. Тој е добар, праведен и ги сака луѓето, и ќе ги поучува да го следат неговиот пример — да покажуваат добрина, праведност и љубов. (Прочитај Исаија 11:9.)

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во овој дел ќе дознаеш зошто Божјето Царство е далеку подобро од сите човечки влади.

Исус Христос од својот небесен престол владее над Земјата. Неговите совладетели седат зад него на своите престоли. Зад сите нив се наоѓа Јехова, кој е прикажан како блескава светлина.

4. Моќна влада која ќе владее над целата Земја

Исус Христос има поголема моќ и власт од кој и да било друг владетел во историјата. Прочитај Матеј 28:18, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Во кој поглед власта што Исус ја има се разликува од власта на кој и да било човечки владетел?

Човечките влади често се менуваат. Освен тоа, секоја од нив има власт само над одредено подрачје. Но, што е со Божјето Царство? Прочитај Даниел 7:14, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Како ќе ни користи тоа што Божјето Царство „нема да пропадне“?

  • Како ќе ни користи тоа што Царството ќе владее над целата Земја?

5. Човечките влади мора да бидат заменети

Зошто Божјето Царство мора да ги замени човечките влади? Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:

ВИДЕОКЛИП: Што е Божјето Царство? — извадок (1:41)

  • Кои се последиците од човечкото владеење?

Прочитај Проповедник 8:9, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Што мислиш, дали Божјето Царство треба да ги замени човечките влади? Зошто мислиш така?

6. Владетелите на Божјето Царство можат да нѐ разберат

Нашиот Цар, Исус, живеел како човек, и затоа „може да сочувствува со нас во нашите слабости“ (Евреите 4:15). Со него ќе владеат 144.000 верни мажи и жени кои Јехова ги избрал „од секое племе и јазик и народ и народност“ (Откровение 5:9).

  • Дали ти е утешно тоа што Исус и сите оние што ќе владеат со него знаат како е да бидеш човек? Зошто?

Помазани мажи и жени од различни временски периоди и од различно потекло.

Јехова избира мажи и жени од различно потекло за да владеат со Исус

7. Божјето Царство ги има најдобрите закони

Владите носат закони за кои сметаат дека ќе ги штитат граѓаните и ќе бидат за нивно добро. Слично на тоа, и Божјето Царство има закони кои неговите жители мора да ги држат. Прочитај 1. Коринќаните 6:9-11, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Што мислиш, каков ќе биде светот кога секој ќе живее во склад со Божјите закони и мерила?a

  • Јехова очекува жителите на Царството да се држат за неговите закони. Дали тоа ти звучи разумно? Зошто мислиш така?

  • Што ни покажува дека луѓето што не ги држат Божјите закони можат да се сменат? (Види го стих 11.)

Еден сообраќаен полицаец го запира сообраќајот на една прометна раскрсница. Луѓе на различна возраст преминуваат улица.

Владите носат закони кои ќе им пружат заштита на луѓето и ќе бидат за нивно добро. Но, законите на Божјето Царство се далеку подобри

АКО НЕКОЈ ТЕ ПРАША: „Што е Божјето Царство?“

  • Што би му одговорил?

ШТО НАУЧИ:

Божјето Царство е влада која е воспоставена на небото и која ќе владее над целата Земја.

Како би одговорил?

  • Кои се владетелите на Божјето Царство?

  • Во која смисла Божјето Царство е далеку подобро од сите човечки влади?

  • Кои се некои работи што Јехова ги очекува од жителите на Царството?

Цел:

ИСТРАЖУВАЈ

Некои луѓе сметаат дека Божјето Царство се наоѓа во нашето срце. Прочитај што поучувал Исус за Царството.

„Дали Божјето Царство се наоѓа во твоето срце?“ (Статија на интернет)

Зошто Јеховините сведоци сметаат дека е поважно да му бидат оддадени на Божјето Царство отколку на човечките влади?

Оддадени на Божјето Царство (1:44)

Дознај што открива Библијата за 144-те илјади кои ќе владеат со Исус.

„Кој оди на небото?“ (Статија на интернет)

Прочитај како една жена која била во затвор се уверила дека само Бог може да воспостави праведен свет.

„Каде го најдов решението за неправдите“ (Разбудете се! од ноември 2011)

a Некои од овие закони и мерила ќе бидат разгледани во дел 3 од оваа книга.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели