ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 15/3 стр. 29
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Сличен материјал
  • Кој е авторот на Библијата?
    Разбудете се! 2007
  • Како Бог ја инспирирал Библијата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Кој ја напишал Библијата?
    Одговор на библиски прашања
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 15/3 стр. 29

Прашања од читателите

◼ Кој библиски писател бил ”војсководач“, како што е наведено во книгата The Bible—God’s Word or Man’s? (Библијата — Божја Реч или човечка)?a

Таа корисна книга, за Божјата Реч на страна 10. вели: ”Библијата е единствена и поради тврдењата кои ги поставиле многу нејзини писатели. Околу 40 лица, во кои припаѓале цареви, овчари, рибари, службеници, свештеници, еден војсководач и еден лекар, имале удел во запишувањето на делови од Библијата. Секогаш одново писателите изјавувале дека не запишувале сопствени мисли, туку Божји.

Некои прашале кои различни писатели се поврзани со тие различни професии или активности. Во врска со тоа, молиме да го разгледаш следното:

Цареви: Бројни библиски писатели биле цареви. Давид и Соломон доаѓаат најпрво на ум. (Псалм 3, насловот; Изреките 1:1; Проповедник 1:1). Меѓутоа, песната од Исаија 38:10-20 ја напишал Езекија (9. стих). Многу изучувачи веруваат дека тој исто така го составил 119. Псалм, веројатно пред да стане цар. А Езекија играл улога во собирањето на Изреките, поглавја 25-29 (Изреките 25:1). Последното поглавје од Изреките го составил ”царот Лемуел“. Некои го сметаат за цар Езекија, додека други мислат дека Лемуел е царот Соломон (Изреките 31:1).

Овчари: Давид и пророкот Амос работеле како овчари (1. Самоилова 16:11-13; 17:15, 28, 34; Амос 1:1). Амос ја напишал библиската книга која го носи неговото име, а Давид составил бројни псалми. Познатиот Псалм 23 несомнено ја одразува Давидовата блискост со овчарството.

Рибари: Од Исусовите апостоли кои биле рибари, Јован и Петар подоцна биле инспирирани да напишат библиски книги (Матеј 4:18-22). Јован под божествена инспирација запишал извештај во форма на Евангелие, како и три писма и Откровението. Петар напишал две инспирирани писма.

Државни службеници: И Даниел и Нехемија биле државни службеници на странски влади кои владееле над Божјиот народ (Неемија 1:1, 11; 2:1, 2; Даниел 1:19; 2:49; 6:1-3). Две библиски книги ги носат имињата на тие луѓе.

Свештеници: Двајца Божји пророци кои биле употребени за пишување на библиските книги биле свештеници. Тоа биле Еремија и Езекиел (Еремија 1:1; Езекиел 1:1-3). Понатаму, Езра бил аронски свештеник кој бил ’книжевник вешт во наредбите и законите што му ги дал Јахве на Израел‘. Тој ”настојувал со сето срце да проникне во Јахвиниот Закон, да го врши и да го поучува Израел во законите и обичаите“ (Езра 7:1-6, 10, 11, Ст).

Војсководач: Улогата која ја играл Исус Навин во водењето на војската додека Израелците влегувале во Ветената земја и се бореле против многуте непријателски народи го оспособила како војсководач (Исус Навин 1:1-3; 11:5, 6). Бил повластен да напише книгата Исус Навин. Освен тоа, некои читатели на Библијата исто така и на Давид гледаат како на човек кој имал улога на војсководач пред да стане цар (1. Самоилова 19:8; 23:1-5).

Лекар: Конечно, во Колосјаните 4:14 се споменува ”љубениот лекар Лука“. Лука го напишал Евангелието кое го носи неговото име, а очигледно и Дела на апостолите.

[Фуснота]

a Објавено 1989. од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели