Дали е на повидок светски мир?
НИЗ историјата не се оскудевало во мировни планови и мировни декларации од еден или друг вид. За жал, се чини дека имало толку многу војни кои ги поништуваат. Колку и да се важни мировните преговори и прогласи, повеќето луѓе научиле да не ставаат преголема доверба во нив.
Сепак, во текот на последниве неколку години, повеќе посматрачи и новински аналитичари почнале да чувствуваат дека нешто чудно се случува. Тие ја истакнале веројатноста дека можеби овој пат сцената навистина е подготвена за светски мир. ”Надежта за мирољубиво решавање на судирите е подобро втемелена отколку во било која друга година од завршувањето на II. Светска војна“, рекол Стокхолмскиот меѓународен институт за мир. Еден угледен новински дописник бил наведен во врска со брзите промени во Источна Европа да изјави: ”Мирот на Земјата изгледа многу повозможен отколку во било кое време од II. Светска војна наваму“. Дури и весникот The Bulletin of the Atomic Scientists изразил сличен став. Во 1988 тој го вратил својот фамозен часовник на страшниот суд од три минути до дванаесет, на шест минути до дванаесет, а потоа во април 1990, уште еднаш на десет минути до дванаесет.
Сето ова предизвикало повеќе оптимизам и еуфорија. Луѓето низ светот почнуваат да мислат дека најпосле народите ја препознале залудноста на војната и сега се спремни за мир. Многу луѓе говорат за Студената војна и трката во вооружување како за минато. Некои размислуваат околу тоа што да се направи со парите кои владите се надеваат да ги заштедат со намалувањето на воените издатоци. Дали е веројатно дека навистина дошло времето за траен мир? Дали народите навистина учат ’да ги прековуваат своите мечови во плугови, и своите копја на српови‘? (Исаија 2:4). Што покажуваат фактите?
Заборавените војни
”Крајот на студената војна и новото попуштање на затегнатоста помеѓу Исток и Запад наведе некои да поверуваат дека мирот е дневна заповед“, забележува весникот The Economist од Лондон. ”Но не е така. Отстранет е еден голем извор на затегнатост, но светот сѐ уште има многу такви мали извори.“ Какви се тие ”мали“ затегнатости или судири?
Ленцовата лабораторија за истражување на мирот, една независна истражувачка организација од Соединетите американски држави, известува дека од септември 1990, ширум светот беснееле најмалку 15 војни. Тука не е вклучена ирачката инвазија врз Кувајт, зашто извештајот ги набројува само војните во кои биле убиени најмалку илјада луѓе годишно до тој датум. Некои од овие војни траеле 20 па и повеќе години. Заедно однеле 2 900 000 животи, а повеќето од тоа биле цивили. Во сликата не се вклучени оние што се убиени во некои од најкрвавите војни кои штотуку завршија минатата година, како оние во Уганда, Авганистан и Иран-Ирак.
Околу три милиони луѓе убиени додека светот наводно се наоѓа пред мир! Само по себе тоа е трагично. Меѓутоа, поголема трагедија е што повеќето од овие војни се воделе практично незабележени — и неоплакани — од останатиот свет. Тоа се таканаречени заборавени војни, иако повеќето од нив — државни удари, граѓански војни, револуции — биле водени во некои понеразвиени народи. За повеќето луѓе во богатите, индустријализирани народи, половината милион луѓе убиени во Судан, или третина милион луѓе убиени во Ангола, изгледа не предизвикува многу интерес. Всушност, постојат и такви кои аргументираат дека светот се наоѓал во беспримерен период на мир од крајот на II. Светска војна бидејќи немало војна помеѓу развиените народи, и дека и покрај ужасната затегнатост и зголемувањето на вооружувањето, суперсилите не влегле во војна.
Дали постои надеж за мир?
Ако мирот едноставно значи да нема глобална нуклеарна војна, тогаш можеби некој ќе аргументира дека народите во светот веќе постигнале таков успех во своите настојувања за мир. Политиката на Засигурано Взаемно Уништување (МАД) ги спречила суперсилите да отидат толку далеку. Но, дали е тоа навистина мир? Како би можело да биде, кога луѓето живеат во постојан страв од моментално и потполно уништување? Како можеме да зборуваме за мир кога толку многу човечки животи по светот се упропастени, нивните средства за живот уништени, а изгледите за смисловен, исполнет живот се избришани со војни, големи или мали.
Нобеловецот Ели Визел еднаш напишал: ”Од памтивек луѓето говореле за мирот без да го постигнат. Дали едноставно ни недостига доволно искуство? Иако велиме мир, водиме војна. Понекогаш дури водиме војна во името на мирот. . . . Можеби војната станала премногу дел од историјата за да воопшто некогаш биде елиминирана“.
Дали нашата иднина навистина е толку мрачна? Или можеби човештвото барало мир во погрешен правец?
[Слика на страница 3]
”Оваа генерација луѓе на Земјата можат да бидат сведоци на настапувањето на еден неповратен период на мир во историјата на цивилизацијата.“ — Советскиот претседател Михаил Горбачов, на самитот на врвот во Вашингтон, Д.К., САД, мај 1990.
[Извор на слика]
UPI/Bettmann Newsphotos
[Слики на страница 4]
”Пред нас лежи нов свет на слобода . . ., свет на траен мир, каде трговијата е совесна и кадешто е можно сето она што изгледа можно.“ — Претседателот на САД, Џорџ Буш, на светскиот економски самит на врвот во Хјустон, Тексас, САД, јули 1990.
[Извор на слика]
UPI/Bettmann Newsphotos
”Ѕидовите кои некогаш ги делеа луѓето и идеите, се рушат. Европејците решаваат за својата сопствена судбина. Тие избираат слобода. Избираат економска слобода. Избираат мир.“ — Декларација на НАТО на самитот во Лондон, Англија, јули 1990.
[Извор на слика на страница 2]
Cover photos U.S. Naval Observatory photo (stars); NASA photo (earth)