ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 15/11 стр. 27-28
  • Љубезниот римски центурион

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Љубезниот римски центурион
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Сличен материјал
  • Биди храбар — Јехова ќе ти помага!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
  • „Ниту една душа меѓу вас нема да пострада“
    ,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
  • Љубезност — особина што се покажува и со зборови и со дела
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Павле триумфира над неволјата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 15/11 стр. 27-28

Љубезниот римски центурион

РИМСКИТЕ центуриони (стотници) не биле познати по љубезноста. Биле поставени да водат чети од по сто изделкани за борба војници, и затоа центурионот морал да биде строг учител, строг старешина и, повремено, дури и егзекутор. Меѓутоа, Библијата ни кажува за еден римски центурион од четата на Август кој покажал вистинска великодушност и сочувство кон апостолот Павле. Кој е тој? Тоа е Јулиј.

Библијата нѐ запознава со овој човек во Дела на светите апостоли, 27. поглавје. Апостолот Павле побарал цезарот да ја сослуша неговата молба во Рим. Така Павле, заедно со повеќе други затвореници, бил предаден на чување кај еден „стотиник, по име Јулиј, од Августовата чета“. Тие отпловиле од Цезареја, морско пристаниште северозападно од Ерусалим, кое служело како штаб за римските трупи. Историчарот Лука вели: „На другиот ден стигнавме во Сидон. И Јулиј, постапувајќи со Павла човекољубиво, му позволи да отиде до пријателите свои, за да се погрижат за него“ (Дела на светите апостоли 27:1-3).

Зошто Јулиј бил мотивиран да покаже таква љубезност, Библијата не кажува ништо. Можеби имал наредба од гувернерот Фест да има посебен однос спрема Павле. Или можеби откако се запознал со околностите на Павловото апсење, Јулиј едноставно се восхитувал од Павловата храброст и беспрекорност. Во секој случај, Јулиј изгледа го ценел тоа што Павле не бил обичен затвореник.

Сепак, Јулиј не сакал да го послуша Павловото предупредување да не отпловат од Добрите пристаништа. Наскоро бродот бил зафатен од бурен ветар кој се заканувал да го заринка на еден песочен нанос на брегот на северна Африка (Дела на апостолите 27:8-17). Среде бурата Павле станал и им загарантирал на исплашените патници дека ‚ниедна душа од нив нема да загине, освен лаѓата‘. Сепак, некои од морнарите подоцна се обиделе да побегнат. Павле тогаш му рекол на Јулиј: „Ако овие не останат на коработ, вие не можете да се спасите“ (Дела на светите апостоли 27:21, 22, 30, 31).

Овој пат Јулиј го послушал Павле, и бегството на морнарите било спречено. Точно како што претскажал Павле, бродот заринкал на едно плитко место и претрпел бродолом. Од страв да не побегнат затворениците, војниците на палубата одлучиле да ги убијат сите. Уште еднаш Јулиј интервенирал и ги спречил своите луѓе, и така му го спасил животот на Павле (Дела на светите апостоли 27:32, 41-44).

Библијата не ни кажува што станало со овој љубезен центурион или дали ја прифатил христијанската вера. Љубезноста која ја покажал тој во најдобар случај била израз на делувањето на совеста дадена од Бог (Римјаните 2:14, 15). Меѓутоа, христијаните одат над обичната човечка љубезност и покажуваат божествена љубезност која произлегува од поседувањето на божји дух (Галатјаните 5:22). Навистина, ако еден пагански војник кој не го познавал Бог, можел да покаже љубезност, колку повеќе би требало божјиот народ да биде мотивиран да го прави тоа!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели