ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 15/1 стр. 3-5
  • Незаборавниот потоп

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Незаборавниот потоп
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Библискиот извештај за Потопот
  • Трагање по арката
  • Дали е пронајдена Ноевата арка?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Големиот потоп
    Мојата книга со библиски приказни
  • Осум души го преживеале Потопот
    Поуки од Библијата
  • Арката на Ное и бродоградбата
    Разбудете се! 2007
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 15/1 стр. 3-5

Незаборавниот потоп

ПРЕД околу 4 300 години, катастрофална поплава ја преплавила Земјата. Во еден гигантски замав, истребила скоро сѐ што било живо. Таа била со таква величина што оставила неизбришлива трага на човештвото, а секоја генерација ѝ ја пренесувала приказната на следната генерација.

Отприлика 850 години после Потопот, хебрејскиот писател Мојсеј го запишал извештајот за поплавата која го опфатила целиот свет. Тој бил зачуван во библиската книга Битие, кадешто од 6. до 8. поглавје можеме да ги прочитаме сликовитите детаљи.

Библискиот извештај за Потопот

Тие детаљи книгата Битие ги дава очигледно од еден очевидец: „Кога имаше Ное шестотини години, во вториот месец во таа година, дваесет и седмиот [седумнаесетиот, New World Translation od The Holy Scriptures] ден од тој месец, во тој ден бликнаа сите извори на големата бездна и се отворија окната небески. Натопувањето на земјата потраја четириесет дена и четириесет ноќи; водата надојде и го позеде ковчегот и тој се крена од земјата. И се засили водата на земјата толку многу, што ги покри сите високи планини, какви што има под целото небо“ (Прва книга Мојсеева 7:11, 17, 19).

Осврнувајќи се на влијанието врз живите суштества, Библијата вели: „Тогаш го изгуби животот секоја плот, што се движеше по земјата: и птиците, и добитокот, и ѕверовите, и сите лазачи, што се влечат по земјата, и сите луѓе“. Меѓутоа, Ное и седум други лица преживеале, заедно со примероците од секој вид ѕверови, летечки суштества и оние кои се движат по земјата (1. Мојсеева 7:21, 23). Сите биле зачувани во една пространа пловна арка која била долга околу 133 метри, широка 22 и висока 13 метри. Со оглед на тоа што единствените цели на арката биле да биде непропустлива и да се одржи на површината, таа немала заоблено дно, остар нос, погон за придвижување или опрема за кормиларење. Ноевата арка едноставно била правоаголен пловен објект, сличен на ковчег.

Пет месеци по почетокот на општиот потоп, арката се запрела на планината Арарат која во денешно време се наоѓа на источниот дел од Турција. Ное и неговото семејство излегле од арката на суво копно по една година откако започнал Потопот, и одново започнале со нормалната вообичаеност на животот (1. Мојсеева 8:14-19). Со време, човештвото се намножило во доволен број за да започне со градење на градот Вавел и на неговата озлогласена кула во близината на реката Еуфрат. Од таму луѓето биле постапно расејувани во сите делови на Земјата кога Бог ги помешал јазиците на човештвото (1. Мојсеева 11:1-9). Но, што станало со арката?

Трагање по арката

Од 19 век па наваму, биле преземени бројни потфати да се најде арката во горите на Арарат. Овие планини имаат два истакнати врва, едниот висок 5 165, а другиот 3 914 метри. Повисокиот е постојано покриен со снег. Заради климатските промени коишто проследиле по Потопот, набргу после тоа арката била покриена со снег. Некои истражувачи цврсто веруваат дека арката сѐ уште е таму, закопана длабоко во некој глечер. Тие тврдат дека постоеле периоди кога мразот се топел во доволна мера за да дозволи еден дел од арката да биде привремено откриен.

Во книгата In Search of Noah’s Ark (Во потрага по Ноевата арка) се цитира Георги Хагопјан, Ерменец, кој тврдел дека се искачил на планината Арарат и ја видел арката во 1902 и повторно во 1904 година. При првата посета, рекол тој, практично се искачил на врвот од арката. „Простум стоев и го набљудував целиот брод. Беше долг. Висок околу 12 метри“. Осврнувајќи се на запазувањето од својата следна посета, тој рекол: „Не гледав никаква реална заобленост. Не личеше на ниеден друг чамец кој некогаш сум го видел. Повеќе личеше на товарен чамец со рамно дно“.

Од 1952 до 1969, Фернанд Навара четири пати направил напори да најде доказ за арката. При неговото трето патување на планината Арарат, се пробил до дното од пукнатина во глечерот кадешто нашол парче од црн дрвен предмет закопан во мразот. „Мора да беше многу долго“, рекол тој, „и веројатно сѐ уште беше поврзано со останатиот дел од костурот на бродот. Можев да пресечам само по должината на трупецот додека не отцепив парче долго околу 1,5 метар“.

Професорот Ричард Блис, еден од неколкуте експерти кои го разгледувале дрвениот предмет, рекол: „Дрвениот предмет на Навара е конструкциска градежна греда импрегнирана со битуменска смола. Има издлабен жлеб и поставен клин. А прецизно е изделкан со рака и поставен под прав агол“. Староста на дрвениот предмет е проценета на околу четири до пет илјади години.

Иако се направени напори да се пронајде арката на планината Арарат, јасниот доказ дека таа била употребена за преживување на катаклизмичката поплава постои во писмениот запис за тој настан во библиската книга Битие. Потврдата на овој запис може да се види во големиот број легенди за потоп кај примитивните народи ширум светот. Да ги разгледаме нивните сведоштва во наредната статија.

[Слика на страници 4 и 5]

Арката имала капацитет на носивост што одговара на 10 товарни возови, секој од околу 25 американски товарни вагони!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели