ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 15/2 стр. 5-7
  • Можат ли ликовите да те приближат до Бог?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Можат ли ликовите да те приближат до Бог?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Скапоцени, усовршени, но бескорисни
  • Католичкото гледиште
  • Измамени од еден непријател
  • Приближување кон Бог
  • Религиозни предмети
    Разбудете се! 2014
  • Оддавањето почит кон ликови — спорно прашање
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Дали Бог сака да користиме религиозни предмети?
    Разбудете се! 2008
  • Заблуда бр. 6: Бог одобрува да се користат кипови и икони
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 15/2 стр. 5-7

Можат ли ликовите да те приближат до Бог?

МНОШТВА египетски, вавилонски и грчки ликови денес ги исполнуваат музеите. Статуите кои некогаш биле предмет на ревносно почитување, сега се изложени како обични дела на древната уметност. Нивната сила била само во замислата на оние кои ги обожавале. Со исчезнувањето на луѓето кои ги почитувале, исчезнала и божемната сила на тие ликови. Ликовите биле изложени како немоќни — какви што всушност отсекогаш и биле — безживотни предмети од дрво, камен или метал.

Што е со ликовите коишто луѓето ги почитуваат и обожаваат денес? Зарем тие ликови се помоќни од древните египетски, вавилонски и грчки ликови? Дали тие навистина биле средства кои му помогнале на човекот да му се приближи на Бог?

Со заминувањето на секоја генерација, се чини дека човештвото сѐ повеќе и повеќе се оддалечува од Бог. И што можат сите тие ликови по светот да сторат во врска со тоа? Доколку не им се посветува внимание, собираат прав или на крајот ’ргосуваат или гнијат. Не можат да се грижат ни самите за себе, а камоли да сторат нешто за човештвото. Меѓутоа, што е уште поважно, што има да каже Библијата во врска со ова?

Скапоцени, усовршени, но бескорисни

Не е никакво изненадување што Библијата ги разобличува ликовите како бескорисни и потполно неспособни да им помогнат на своите поклоници да се приближат кон Бог. Иако религиозните слики обично се скапоцени и усовршени, Библијата ја покажува нивната вистинска вредност кога вели: „Идолите нивни се сребро и злато, дело на човечки раце! Уста имаат а не говорат, очи имаат а не гледаат, уши имаат а не слушаат, нос имаат а не мирисаат, раце имаат а не фаќаат, нозе имаат а не одат, и од своето грло глас не пуштаат. Такви ќе станат и оние кои ги градат и сите кои имаат доверба во нив“ (Псалми 115:4-8, Д-р Лујо Бакотиќ).

Не само што Библијата ги разоткрива идолите како безвредни, туку исто така зборува осудувачки во поглед на ликовите и нивните обожаватели: „Налик се на птичји страшила во бавча: не знаат да зборуваат. Треба да ги носиш, зашто не умеат да одат. Не бојте се од нив, бидејќи не можат да прават зло, но ниту добро не можат да прават. На секој човек му застанува умот, секој златар се посрамува од својот кип, зашто сите кипови му се само измама, нема дух во нив! Ништожни се, смешни творби, ќе пропаднат во денот на казната“ (Јеремија 10:5, 14, 15, Стварност).

Католичкото гледиште

Вистина, многу кои се клањаат, кои се молат и кои палат свеќи и ги бакнуваат религиозните ликови, не се сметаат себеси за идолопоклоници или обожаватели на ликови. На пример, католиците тврдат дека тие ги почитуваат ликовите на Христос и Марија не затоа што ликовите сами по себе поседуваат некаква божественост, туку поради оној кого тие ликови го претставуваат. The World Book Encyclopedia изјавува дека „во римокатоличката црква ликовите се почитуваат како симболи на луѓето коишто [тие ликови] ги претставуваат“. Католичкото свештенство проповедало дека е исправно да се почитува некој лик сѐ додека обожавањето по квалитет е подредено на она кое му припаѓа на самиот Бог.

Стварноста говори дека овие ликови се почитуваат. Дури и New Catholic Encyclopedia соопштува дека таквото почитување претставува „акт на обожавање“. Меѓутоа, Исус Христос ја исклучил употребата на ликови како помош во приближувањето до Бог кога рекол: „Никој не доаѓа при Отецот, освен преку Мене“ (Јован 14:6). Тогаш, не е никакво изненадување што христијаните од првиот век ја отфрлиле употребата на ликови во обожавањето.

И покрај сето тоа, денес религиите на т.н. христијанство ги надминуваат сите други по бројноста на ликови. Да, и покрај сите историски и библиски докази кои ја откриваат бесмисленоста на почитувањето на ликови, оние кои тврдат дека се христијани и понатаму се клањаат и се молат пред ликови во својата искрена потрага по Бог. Зошто?

Измамени од еден непријател

Пророкот Исаија изјавил дека обожавателите на ликови од неговото време не ја уочиле бесмисленоста на своите постапки поради тоа што нивните очи биле „затворени за да не гледаат, и срцата нивни — за да не разбираат“ (Исаија 44:18). Кој со сигурност би можел да изврши толкаво влијание врз луѓето? Иконокластичкиот концил од 754 н.е. прогласил дека почитувањето на ликови било воведено од Сатана со цел човекот да се одвлече од вистинскиот Бог. Дали овој залучок бил исправен?

Да, бидејќи е во склад со вдахновената Библија, која со векови порано изјавила дека главниот Божји непријател, Сатана Ѓаволот, „им ги заслепил умовите“ на луѓето за да вистината „не ги осветли“ (2. Коринтјаните 4:4). Така кога некој му оддава почит на некој лик наместо да му се приближи на Бог, тој всушност им служи на интересите на демоните (1. Коринтјаните 10:19, 20).

Приближување кон Бог

Ликовите не можат да ни помогнат да му се приближиме на Бог. Големиот Творец, Јехова Бог, се гади од почитувањето на ликови (5. Мојсеева 7:25). „Јехова е Бог кој бара исклучително предание“ (Наум 1:2, NW). Тој вели: „Јас сум Господ (Јехова, NW), тоа е мое име, и својата слава нема да ја дадам на друг ниту фалбата своја на режани ликови“ (Исаија 42:8, ДК). Според тоа, Библијата нѐ предупредува дека оние кои им оддаваат почит на ликови „нема да го наследат царството Божјо“ (Галатјаните 5:19-21).

Сепак, Јехова е Бог кој е милостив и кој простува. Библијата зборува за такви кои се свртеле од своите идоли кон Бог и биле прогласени за праведни откако прекинале со своите идолопоклонички обичаи (1. Коринтјаните 6:9-11; 1. Солунјаните 1:9). Тие внимавале на Исусовите зборови: „Бог е дух, и оние кои го обожаваат мораат да го обожаваат со дух и вистина“ (Јован 4:24, NW).

Сериозното проучување на Библијата ќе ти открие дека не е тешко да му се приближиш на Бог (Дела на св. апостоли 17:26-28). Тој има топла, полна со љубов, пристаплива личност, и нѐ повикува и очекува од нас да развиеме близок однос со него (Исаија 1:18).

Јеховините сведоци те покануваат да го запознаеш нашиот небесен Татко како Личност, да научиш за неговото име, Јехова, и за неговите особини и постапки со човештвото. Преку страниците на неговата Реч, Библијата, ќе разбереш зошто навистина не ти се потребни видливи помагала, како статуи и слики, за да му се приближиш на Бог. Да, „приближете се кон Бога, и Он ќе се приближи кон вас“ (Јаков 4:8).

[Рамка на страница 6]

Историчарите забележуваат дека...

◻ „Добро е познат фактот дека будизмот, втемелен во шестиот век пр.н.е., не го има видено ликот на својот основач сѐ до околу првиот век.“

„Со векови хиндуистичката традиција беше во суштина неиконска.“

„И хиндуизмот и будизмот започнаа без икони, а сепак постепено попримија ликови во своето обожавање. Христијанството го стори истото“ (The Encyclopedia of Religion од Мирчеа Елијаде).

◻ „Од различни библиски извештаи е очигледно дека вистинското обожавање на Бог било лишено од ликови. ... Во НЗ [Новиот Завет] обожавањето на туѓи богови и идоли исто така е забрането“ (New Catholic Encyclopedia).

◻ „Ликовите биле непознати во обожавањето на првите христијани. (Cyclopedia of Biblical, Theological, and Ecclesiastical Literature, од Меклинток и Стронг).

◻ „Ниту во Новиот Завет, ниту во кои и да било автентични списи од раното доба на христијанството, не може да се открие никаква трага од употреба на статуи или слики во обожавањето на христијаните, ниту јавно ниту приватно“ (A Concise Cyclopedia of Religious Knowledge, од Елијас Бенџамин Сенфорд).

◻ „Раните христијани би гледале со ужас на бедната помисла за ставање ликови во црквите, а клањањето или молењето пред нив не би го сметале за ништо друго освен за идолопоклонство (History of the Christian Church од Џон Флечер Харст).

◻ „Во раната црква, правењето и оддавањето почит на портрети на Христос и светците биле доследно отфрлани (The New Encyclopædia Britannica).

◻ „Иако раната Црква не беше против уметноста, сепак немаше ликови на Христос“ (Schaff-Herzog Encyclopedia of Religious Knowledge).

[Слика на страница 7]

Исус нагласил дека Бог бара такви кои „го обожаваат Таткото со дух и вистина“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели