ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 1/4 стр. 9-14
  • Поздрави го Божјиот нов свет на слободата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поздрави го Божјиот нов свет на слободата
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Го ослободува својот народ
  • Вистинска слобода во Божјиот нов свет
  • Светско образование за живот
  • Големи слободи уште сега
  • Ослободување на другите од лажните верувања
  • Барај го Јехова
  • Што ќе стори Божјето Царство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Наскоро свет без војна
    Разбудете се! 1996
  • Прекрасниот нов свет создаден од Бог
    Дали Бог се грижи за нас?
  • Слободен, но одговорен народ
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 1/4 стр. 9-14

Поздрави го Божјиот нов свет на слободата

„Ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе“ (ОТКРОВЕНИЕ 21:4).

1, 2. Кој единствено може да донесе вистинска слобода, и што можеме да научиме за Него од Библијата?

ИСТОРИЈАТА ја докажала вистинитоста на она што го рекол пророкот Еремија: „На земскиот човек не му припаѓа неговиот пат. Не стои до човекот, кој оди, ниту да управува со својот чекор“. Единствено кој може исправно да го управува човечкиот чекор? Јеремија продолжил: „Исправи ме, о Јехова“ (Јеремија 10:23, 24, NW). Да, само Јехова може да донесе вистинско ослободување од проблемите кои го измачуваат човечкото семејство.

2 Библијата содржи многу примери на Јеховината способност да им донесе слобода на оние кои му служат. „Сѐ, што беше порано напишано, за наша поука беше напишано, та преку трпението и преку утехата од Писмата да имаме надеж“ (Римјаните 15:4). Јеховините осуди над лажното обожавање исто така биле забележани, и тие служат како „предупредување за нас, на кои дојдоа краевите на системите на работите“ (1. Коринтјаните 10:11, NW).

Го ослободува својот народ

3. Како Јехова ја покажал својата способност да го ослободи својот народ во Египет?

3 Еден пример на Божјата способност да изврши осуда над лажното обожавање и да ги ослободи оние кои ја вршат неговата волја, се одиграл кога неговиот народ од старо време бил заробен во Египет. Втора Мојсеева 2:23-25 вели: „Нивниот повик за помош поради ропството постојано се креваше до вистинскиот Бог. Во свое време, Бог го слушна нивното воздивнување“ (NW). Покажувајќи над египетските лажни богови надмоќност која влевала стравопочитување, Семоќниот Бог нанел десет неволји над таа нација. Секоја неволја била со намера да ги понижи боговите на Египет, и да покаже дека тие биле лажни и дека не можеле да им помогнат на Египќаните кои ги обожавале. Така Бог го ослободил својот народ и го уништил Фараонот и неговите војски во Црвеното море (2. Мојсеева, поглавја 7 до 14).

4. Зошто не било неправедно што Бог ги извршил своите осуди над Канаанците?

4 Кога Бог го довел Израел во Канаан, биле уништени неговите жители кои обожавале демони, а земјата му била дадена на Божјиот народ. Како универзален Суверен, Јехова го има правото да ги извршува своите осуди над расипаните религии (1. Мојсеева 15:16). А во врска со канаанската религија, Библискиот прирачник (Bible Handbook) од Хејли вели: „Обожавањето на . . . канаанските богови се сотоело од најразвратни оргии; нивните храмови биле центри на разврат. . . . Обожавањето на Канаанците се состоело од необуздано неморално однесување како дел од нивниот религиозен ритуал, во присуство на нивните богови; а потоа, ги убивале своите првородени деца, како жртва на истите тие богови. Се чини дека во голема мера Канаанската земја станала еден вид Содом и Гомора во национални размери“. Тој додава: „Дали една цивилизација со таква одвратна гнасотија и бруталност имала право и понатаму да постои? . . . Археолозите кои копале во урнатините на канаанските градови, се чудат како Бог не ги уништил уште пред тоа“.

5. Како Божјето ослободување на својот древен народ служи како образец за наше време?

5 Овој извештај за Божјето постапување против лажното обожавање, ослободувајќи го својот народ на сојузот и давајќи им ветена земја, служи како образец за работите кои треба да дојдат. Тој укажува на многу блиската иднина кога Бог ќе ги здроби лажните религии на овој свет и оние кои се заземаат за нив, и дека ќе ги воведе своите современи слуги во нов свет на праведност (Откровение 7:9, 10, 13, 14; 2. Петрово 3:10-13).

Вистинска слобода во Божјиот нов свет

6. Кои се некои од прекрасните слободи што Бог ќе ги даде во новиот свет?

6 Во новиот свет, Бог ќе го благослови својот народ со сите прекрасни аспекти на слободата што ги планира за човечкото семејство. Тогаш ќе постои ослободеност од угнетувањето на политичките, економските и на елеметите на лажната религија. Ќе постои слобода од гревот и смртта, а луѓето ќе го имаат изгледот засекогаш да живеат на Земјата. „Праведниците ќе ја наследат земјата, и ќе живеат на неа довека“ (Псалми 37:29, ДК; Матеј 5:5).

7, 8. Што ќе доживееме кога повторно ќе добиеме совршено здравје во новиот свет?

7 Набргу откако ќе биде воведен тој нов свет, на неговите жители на зачудувачки начин ќе им биде вратено совршено здравје. Во Јов 33:25 стои: „Тогаш телото негово ќе се подмлади повеќе, отколку во млади години; а тој ќе се врати во дните на младите свои години“. Исаија 35:5, 6 ветува: „Тогаш ќе им се отворат очите на слепите, ушите на глувите ќе се отнат; тогаш куциот ќе скока како елен, и јазикот на немиот ќе пее“.

8 Замислете се вие кои имате физички болести поради старост или слабо здравје, како во новиот свет секое утро се будите здрави и јаки. Брчките ѝ отстапиле место на мазната, здрава кожа — повеќе нема потреба од лосиони за кожа. На замаглените или ослепени очи им се враќа совршен вид — нема повеќе потреба од наочари. Потполно е вратен слухот — фрли ги тие помагала за слушање. Осакатените нозе се сега јаки и цели — ослободи се од тие бастуни, патерици и колички за инвалиди. Нема повеќе болест — исфрли ги сите тие лекови. Затоа, Исаија 33:24 претскажува: „Ниеден од жителите нема да каже: ‚болен сум‘“. Тој исто така наведува: „Тие ќе најдат радост и веселба, а жалоста и воздишката ќе се оддалечат“ (Исаија 35:10).

9. Како на војната засекогаш ќе ѝ биде ставен крај?

9 Никој повеќе нема да ѝ биде жртвуван на војната. „[Бог] ги прекина војните до крајот на земјата, лакот го преби, копјето го скрши, и колата ја изгоре со оган“ (Псалми 46:9, ДК). Владетелот на Божјето Царство, Исус Христос, кого Исаија 9:6 го нарекува „Кнез на мирот“, никогаш повеќе нема да дозволи воено оружје. Стих 7. додава: „На изобилието од кнежевска власт и мир нема да има крај“ (NW).

10, 11. Што ќе значи тоталниот мир за Земјата?

10 Каков благослов ќе биде за човештвото и за Земјата да се ослободат од военото оружје! А во денешно време, оружјето кое се употребувало во претходните војни, сѐ уште ги уништува луѓето. Во Франција, од 1945 наваму убиени се преку 600 стручњаци за отстранување бомби додека отстранувале експлозивни тела кои останале од претходните војни. Надлежниот на тамошната агенција за отстранување на бомби, рекол: „Сѐ уште наоѓаме неексплодирани топовски ѓулиња од француско-пруската војна од 1870. Има езера полни со отровни гранати од I. светска војна. Повремено, некој фармер со својот трактор ќе помине врз противтенковска мина од II Светска војна, бум! — и тој е мртов. Тие работи ги има насекаде“. Пред две години The New York Times наведе: „За овие 45 години од завршетокот на II Светска војна па досега, [единиците за отстранување на бомби] го ослободија [француското] земјиште од 16 милиони артилериски гранати, 490.000 бомби и 600.000 подводни мини. . . . Милиони хектари останаа оградени, со оружје до колена и опколени со плакати кои предупредуваат: ‚Не приоѓај. Опасно по живот!‘“

11 Колку ќе биде поинаку во новиот свет! Секој ќе има добри станбени услови, изобилство од храна и наградувачка, мирољубива работа на претворање на целата Земја во рај (Псалми 72:16, ДК; Исаија 25:6; 65:17-25). Никогаш повеќе луѓето и Земјата нема да бидат бомбардирани од милиони експлозивни средства. На таков нов свет мислел Исус кога на оној кој покажал вера во него, му рекол: „Ќе бидеш со мене во Рајот“ (Лука 23:43, NW).

Светско образование за живот

12, 13. Какво светско образовно дело за нашето време прорекле Исус и Исаија?

12 Кога некој учи за Божјиот нов свет, учи и и за тоа дека во наше време, Јехова создал светско собрание организирано за вистинско обожавање. Тоа ќе биде јадрото на новиот свет, а Бог сега го употребува за да ги поучи другите за своите намери. Таа христијанска организација извршува светско образовно дело од досега невидена природа и големина. Исус претскажал дека тоа ќе се изврши. Рекол: „Ќе биде проповедано ова Евангелие за царството по целиот свет, за сведоштво на сите народи; и тогаш ќе дојде крајот“ (Матеј 24:14).

13 И Исаија зборувал за тоа светско образовно дело: „Во завршниот дел од деновите [во наше време] мора да се случи гората на Јеховиниот дом [неговото возвишено вистинско обожавање] да биде цврсто втемелена . . . и кон неа мораат да се слеваат сите нации. И многу народи сигурно ќе отидат и ќе речат: ‚Дојдете, да одиме на Јеховината гора, . . . и тој ќе нѐ поучи за своите патишта, а ние ќе одиме по неговите патеки‘“ (Исаија 2:2, 3, NW).

14. Како можеме денес да го идентификуваме Божјиот народ?

14 Според тоа, светското дело на сведочење за Божјето Царство е силен доказ дека сме близу до крајот на овој злобен систем и дека вистинската слобода е на дофат. Оние кои ги посетуваат луѓето со надежната порака за Божјиот нов свет, во Дела на св. апостоли 15:14 се опишани како „народ што ќе го носи [Божјето] име“. Кој го носи Јеховиното име и кој дава сведоштво по целата Земја за Јехова и неговото Царство? Историскиот запис на 20. век го дава одговорот: само Јеховините сведоци. Денес нивниот број изнесува преку четири милиона, во преку 66.000 собранија низ целиот свет (Исаија 43:10-12; Дела на св. апостоли 2:21).

15. Како можеме да ги препознаеме вистинските Божји слуги во однос на политичките работи?

15 Уште еден доказ дека Јеховините сведоци го исполнуваат пророштвото за делото на проповедање на Царството е забележан во Исаија 2:4: „Ќе ги прековаат мечевите свои во плугови, а копјата свои — во српови: народ против народ нема да крене меч и нема повеќе да се учат на војна“. Значи, оние кои го вршат светското дело на проповедање за Божјата Царска влада не смеат ‚повеќе да се учат на војна‘. Исус рекол дека тие не смеат да ‚бидат од светот‘ (Јован 17:16). Тоа значи дека мораат да бидат неутрални во политичките работи, да не се заземаат за некоја страна во расправиите и војните на народите. Кои се тие што не се дел од светот и кој повеќе не се учи на војна? Повторно, историскиот запис на 20. век сведочи: само Јеховините сведоци.

16. Колку ќе биде темелно Божјето образовно дело ширум светот?

16 Светското образовно дело на Јеховините сведоци ќе продолжи дури и откако Бог ќе го доведе овој сегашен злобен свет до неговиот крај. Исаија 54:13 наведува: „Сите твои синови ќе бидат поучени од Јехова“ (NW). Тоа поучување ќе биде толку темелно што Исаија 11:9 претскажува: „Земјата ќе биде полна со Јеховиното спознание како што водите го покриваат сето море“ (NW). Ќе им треба постојано поучување не само на оние кои ќе го преживеат крајот на овој стар свет и на децата кои можеби ќе се родат во новиот свет, туку и на милијардите кои ќе се вратат во живот со воскресението. На крајот, секој што ќе живее на Земјата ќе биде поучен исправно да ја користи својата слободна волја во границите на Божјите закони. А каков ќе биде резултатот? „Кротките ќе ја наследат земјата и ќе се насладуваат во изобилен мир“ (Псалми 36[37]:11).

Големи слободи уште сега

17. Што му рекол Мојсеј на Божјиот древен народ да прави?

17 Кога древните Израелци биле на прагот на Ветената Земја, Мојсеј им зборувал и рекол: „Ви ги изнесов наредбите и законите, кои ми ги предаде Господ [Јехова, NW], Бог мој, за да постапувате така во земјата, во која влегувате, за да ја наследите. И така, пазете ги и исполнувајте ги, зашто во тоа е вашата мудрост и вашиот разум пред очите на сите народи, кои, откако ќе ги чујат сите тие наредби, ќе речат: овој голем народ е мудар и разумен народ. Оти има ли некој голем народ, кому неговиот бог му се приближил толку, како што е близок кон нас Господ [Јехова, NW], нашиот Бог, кога и да го повикаме?“ (5. Мојсеева 4:5-7).

18. Кои големи слободи ги имаат уште сега оние кои му служат на Бог?

18 Денес милионите кои го обожаваат Јехова исто така се на прагот на една ветена земја — новиот свет. Бидејќи ги слушаат Божјите закони, го имаат Бог близу до себе и се разликуваат од сите други народи. Бог веќе ги ослободил од идеите на лажната религија, расизмот, недозволената употреба на дрога, национализмот, војната и од раширените сексуално преносливи болести. И повеќе од тоа, тој ги обединил во едно нескршливо меѓународно братство на љубовта (Јован 13:35). Тие не се вознемирени поради иднината, туку „се радуваат поради добрата состојба на срцето“ (Исаија 65:14, NW). Какви величествени слободи уживаат сега со тоа што му служат на Бог како на Владетел! (Дела на апостолите 5:29, 32, NW; 2. Коринтјаните 4:7; 1. Јованово 5:3).

Ослободување на другите од лажните верувања

19, 20. Како луѓето се ослободени преку библиското учење за состојбата на мртвите?

19 Многумина од оние на кои Јеховините сведоци им проповедаат, исто така ги откриваат тие слободи. На пример, во земјите кадешто се обожаваат претци, Јеховините сведоци им објавуваат на другите дека мртвите не живеат никаде и дека не можат да им наштетат на живите. Сведоците укажуваат на Проповедник 9:5 каде стои дека „живите знаат, дека ќе умрат, а мртвите ништо не знаат“. Тие исто така се повикуваат на Псалми 145[146]:4 кој вели дека кога некој ќе умре, „тој се враќа во земјата своја; во тој ден исчезнуваат сите негови помисли“. Значи Библијата покажува дека не постои привиден дух или бесмртна душа која ги лекува или ги застрашува живите. Затоа, нема потреба да се трошат тешко заработените пари за плаќање на услугите на вражалците или свештениците.

20 Таквото точно библиско спознание ги ослободува луѓето од учењата за пеколен оган и чистилиште. Кога луѓето ќе ја научат библиската вистина дека мртвите не се свесни, туку се како во длабок сон, повеќе не се загрижени за она што им се случило на нивните драги кои се мртви. Наместо тоа, го очекуваат прекрасното време за кое зборувал апостол Павле кога рекол: „Ќе има воскресение на мртвите, на праведните и на неправедните“ (Дела на св. апостоли 24:15).

21. Кој, без сомнение, ќе спаѓа меѓу воскреснатите, и каква веројатно ќе биде нивната реакција?

21 Во воскресението, мртвите ќе се вратат во живот на Земја засекогаш ослободена од наследената Адамова смрт. Без сомнение, во воскреснатите ќе спаѓаат и деца жртвувани на канаанските богови, како Молох, младите момчиња жртвувани на ацтечките богови, и безбројните милиони жртвувани на богот на војната. Колку ќе бидат зачудени и воодушевени тие некогашни жртви на лажните верувања! Таквите воскреснати ќе можат тогаш радосно да изјават: „Каде е, смрт, умирачката твоја? каде е гробе, пропаста твоја?“ (Осија 13:14, ДК).

Барај го Јехова

22. Што треба да имаме на ум ако сакаме да живееме во Божјиот нов свет?

22 Дали сакаш да живееш во Божјиот праведен нов свет, кадешто ќе има вистинска слобода? Ако сакаш, тогаш земи ги при срце зборовите од 2. Летописи 15:2: „Господ [Јехова, NW] е со вас, кога сте вие со Него; и ако Го барате, ќе Го најдете; ако, пак, Го оставите, и Он ќе ве остави“. И имај на ум дека твоите искрени напори да научиш за Бог и да му угодуваш, нема да бидат незабележани. Во Евреите 11:6 стои дека Бог ги „наградува оние, што Го бараат“. А во Римјаните 10:11 стои: „Кој верува во него, нема да се разочара“ (Ст).

23. Зошто треба да го поздравиме Божјиот нов свет на слободата?

23 Божјиот нов свет на вистинска слобода е токму на хоризонтот. Таму, „самата творба ќе се ослободи од ропството на распадливоста за да учествува во слободата на славата на Божјите деца“. И „ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе“ (Римљанима 8:21, Ст; Откровение 21:4). Тогаш сите Јеховини слуги ќе ги кренат своите глави и радосно ќе го поздрават Божјиот нов свет на слободата, извикувајќи: ‚Ти благодариме Јехова за вистинската слобода конечно!‘

Како би одговорил?

◻ Како Јехова ја покажал својата способност да го ослободи својот народ?

◻ Какви прекрасни слободи ќе постојат во Божјиот нов свет?

◻ Како Јехова ги поучува луѓето за живот?

◻ Кои се некои од слободите кои Божјиот народ ги ужива уште сега со тоа што му служи на Јехова?

[Слика на страница 10]

Јехова ја покажал својата надмоќност над египетските лажни богови со тоа што ги ослободил своите обожаватели

[Слики на страници 12 и 13]

Денес, вистинските Божји слуги се препознаваат по тоа што го спроведуваат неговото образовно дело ширум светот и го носат неговото име

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели