ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 1/4 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Сличен материјал
  • Елисавета родила дете
    Поуки од Библијата
  • Тие биле наградени бидејќи чекореле во беспрекорност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Се родил оној што требало да го подготви патот
    Исус — патот, вистината и животот
  • Две пораки од Бог
    Исус — патот, вистината и животот
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 1/4 стр. 31

Прашања од читателите

Дали Захарија, таткото на Јован Крстител, оглувел исто како што онемел, како што се чини дека укажува Лука 1:62?

Некои заклучиле дека Захарија исто така оглувел. Во библискиот извештај читаме: „Сакаа да му го дадат името на татка му Захарија. Но мајка му одговори и рече: ‚Не, туку да се нарече Јован!‘ Ѝ рекоа нејзе: ‚Никој нема во твојот род, кој се вика со такво име. И го прашаа со знаци татка му, како би сакал да го наречат. Тој побара штичка и ги напиша зборовите: ‚Јован му е името‘“ (Лука 1:59-63).

Сепак, ништо во овој извештај посебно не вели дека Захарија не можел да слуша за некое време.

Пред тоа ангелот Габриел му го објавил на Захарија претстојното раѓање на син кој требало да го наречат Јован. Остарениот Захарија мислел дека е тешко да се верува. Ангелот му одговорил: „И ете, ти ќе онемиш и не ќе можеш да говориш до оној ден, кога ќе се исполни тоа, оти не поверува на моите зборови, што ќе се исполнат во свое време“ (Лука 1:13, 18-20). Ангелот рекол дека говорот, а не слухот на Захарија ќе биде одземен.

Извештајот понатаму гласи: „А кога излезе [од светилиштето], не можеше да зборува со нив [луѓето коишто чекале]; и разбраа дека имал видение во храмот; тој им објаснуваше со знаци, но остануваше нем“ (Лука 1:22). Грчкиот збор овде преведен со „нем“ ја содржи мислата да се биде отапен, во говорот, слухот или обете (Лука 7:22). А што се случило со Захарија? Па, разгледај што се случило кога оздравел. „И веднаш му се одврзаа устата и јазикот негов, и зборуваше, благословувајќи Го Бога“ (Лука 1:64). Тоа разумно води до заклучокот дека на Захарија му била одземена само моќта за говор.

Тогаш, зошто другите го прашувале Захарија „со знаци . . ., како би сакал да го наречат [детето]“? Некои преведувачи дури го преведуваат ова „на јазикот со знаци“ или „користејќи знаковен јазик“.

Захарија, кој онемел после објавата на ангелот, честопати за да се изрази бил принуден да користи гестови, што е еден вид знаковен јазик. На пример, тој „им објаснуваше со знаци“ на оние во храмот (Лука 1:21, 22). Кога подоцна побарал штичка, сигурно употребил знакови или гестови (Лука 1:63). Затоа, можно е, оние кои биле околу него за време на таа занеменост, да биле исто така наведени да употребуваат гестови.

Меѓутоа, постои и поверојатно објаснување за знаците споменати во Лука 1:62. Елисавета штотуку се изјаснила за името на нејзиниот син. Затоа, без да ѝ противречат, тие можеби едноставно го презеле следниот и исправен чекор да ја прифатат одлуката на нејзиниот сопруг. Тоа можеле да го сторат само со кимање со главата или со гестикулација. Фактот дека тие не го напишале своето прашање за Захарија да го прочита, може дури да биде доказ дека тој ги слушнал зборовите на својата жена. Па така, едноставното кимање со главата или споредбениот знак за него можеле да значат: ‚Па, сите ние (вклучувајќи те и тебе, Захарија) ја слушнавме препораката, но која е твојата крајна одлука за името на детето?‘

И непосредно потоа се случило друго чудо кое ја променило ситуацијата. „Веднаш му се одврзаа устата и јазикот негов, и зборуваше, благословувајќи Го Бога“ (Лука 1:64). Немало потреба да се споменува нешто за неговиот слух ако тој воопшто не бил погоден.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели