ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 15/5 стр. 10-15
  • Дали е бракот единствениот клуч до среќата?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали е бракот единствениот клуч до среќата?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Причини да бидеш среќен
  • „Само во Господ“
  • Оние кои не се во можност да се оженат „во Господ“
  • Клучот до вистинската среќа
  • Нешто „подобро отколку синови и ќерки“
  • Бракот не е единствениот клуч до среќа
  • Вистинска среќа во служењето на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Бракот — дар од Бог
    Зачувај ја Божјата љубов
  • Мудри совети за самештвото и бракот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Што вели Библијата за самештвото и за бракот?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 15/5 стр. 10-15

Дали е бракот единствениот клуч до среќата?

„Таа е слободна да се омажи за кого сака, само во Господ. Но посреќна е ако остане така како што е“ (1. КОРИНТЈАНИТЕ 7:39, 40, NW).

1. Како Писмото го опишува Јехова, и што тој сторил за своите суштества?

ЈЕХОВА е „среќниот Бог“ (1. Тимотеј 1:11, NW). Како Великодушен Дарител на „секој добар дар и секој совршен подарок“, на сите свои интелигентни суштества — човечки и духовни — им го дава токму она што им е потребно за да бидат среќни во службата за него (Јаков 1:17). Со оглед на тоа, птицата занесена во песна, палавото кученце или разиграниот делфин, сведочат дека Јехова ги создал животните за да му се радуваат на животот на своите соодветни места на живеење. Псалмистот оди дури дотаму што поетски се изразил дека „се заситуваат дрвјата по полето, кедрите ливански, што си ги посадил“ (Псалми 103:16).

2. а) Што покажува дека Исус наоѓа среќа во вршењето на волјата на неговиот Татко? б) Кои причини за среќа ги имале Исусовите ученици?

2 Исус Христос е ‚точната претстава на самото Божје битие‘ (Хебреите 1:3, NW). Затоа не е за изненадување што Исус треба да биде наречен ‚среќен и единствен Владетел‘ (1. Тимотеј 6:15, NW). Тој ни дава прекрасен пример за тоа како вршењето на Јеховината волја може да претставува поголемо задоволство од храната и да причинува потполна радост. Исус исто така ни покажува дека е радост кога се постапува во Божји страв, односно, со продлабочено почитување и здрав страв да не предизвикаме Негово незадоволство (Псалми 40[39]:8; Исаија 11:3, NW; Јован 4:34). Кога 70-темина ученици се вратиле „со радост“ после една акција на проповедање за Царството, самиот Исус „се израдува во светиот дух“. Откако во молитва му ја изразил својата радост на својот Татко, им се обратил на учениците и рекол: „Среќни се очите кои ги гледаат работите кои вие ги гледате. Зашто ви велам: Многу пророци и цареви копнееја да ги видат работите кои вие ги гледате, но не ги видоа, и да ги чујат работите кои вие ги слушате, но не ги чуја“ (Лука 10:17-24, NW).

Причини да бидеш среќен

3. Кои се некои причини за среќа?

3 Зарем нашите очи не треба да бидат среќни што ги посматраат работите кои ги гледаме во исполнение на Јеховината Реч и намери во ова време на крајот? Зарем ние не треба да бидеме пресреќни што ги разбираме пророштвата кои верните пророци и цареви како Исаија, Даниел и Давид, не можеле да ги разберат? Зарем не сме воодушевени што му служиме на среќниот Бог, Јехова, под водството на среќниот Владетел, нашиот Цар Исус Христос? Секако дека сме!

4, 5. а) Што мораме да избегнуваме за да останеме среќни во Јеховината служба? б) Кои се некои работи кои допринесуваат за среќата, и кои прашања ги наметнува тоа?

4 Меѓутоа, ако сакаме да останеме среќни во Божјата служба, нашите предуслови за среќа не смееме да ги темелиме на световни идеи. Тие би можеле многу лесно да ни го замаглат размислувањето затоа што се поврзани со материјално богатство, блескав начин на живот и слично. Секоја „среќа“ темелена на такви работи ќе биде краткотрајна, затоа што овој свет поминува (1. Јованово 2:15-17).

5 Повеќето Јеховини предадени слуги сфаќаат дека постигнувањето на световни цели нема да донесе вистинска среќа. Само нашиот небесен Татко дава духовни и материјални работи кои придонесуваат за вистинската среќа на неговите слуги. Колку сме му благодарни за духовната храна што ни ја дава преку „верниот и разумен роб“! (Матеј 24:45-47, NW). Благодарни сме и за телесната храна и за други материјални работи што ги добиваме од Божјата рака полна со љубов. А тука е и прекрасниот дар на бракот и радостите кои се поврзани со семејниот живот. Не е чудно што искрената желба на Ноемина за нејзините снаи, кои биле вдовици била изразена со следниве зборови: „Нека Јехова ви даде подарок, и да најдете почивалиште секоја во куќата на својот маж“ (Рута 1:9, NW). Значи бракот е клуч којшто може да отвори врата кон голема среќа. Но дали бракот е единствениот клуч за отклучување на портата кон среќен живот? Особено младите треба сериозно да испитаат дали е тоа така.

6. Која била првобитната намера на брачното уредување според 1. Мојсеева?

6 Раскажувајќи за потеклото на бракот, Библијата вели: „Го создаде Бог човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде. И ги благослови Бог, и им рече: ‚Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа‘“ (1. Мојсеева 1:27, 28). Со тоа што Јехова го воспоставил бракот, Адам бил употребен да доведе во постоење повеќе човечки суштества, и така да се прошири човечкиот род. Но, бракот значи многу повеќе од тоа.

„Само во Господ“

7. За кој брачен услов еден верен патријарх многу се потрудил да го исполни?

7 Бидејќи Јехова е основачот на бракот, би се очекувало тој да постави мерила за бракот кои би довеле до среќа за неговите слуги. Во времето на патријарсите, остро биле спречувани браковите со оние кои не биле обожаватели на Јехова. Авраамовиот слуга Елиезер морал да се заколне во Јехова дека за синот на патријархот Исак нема да му земе жена од Канаанците. Елиезер долго патувал и претпазливо ги следел Авраамовите упатства за да ја најде ‚жената, која што Господ [Јехова] ја определил за слугата Негов‘ (1. Мојсеева 24:3, 44). Така Исак се оженил за Ревека. Кога нивниот син Исав одбрал жени од паганските Хетејци, тие жени „станаа тегоба за Исака и Ревека“ (1. Мојсеева 26:34, 35; 27:46; 28:1, 8).

8. Сојузот на Законот кое ограничување го наметнал на бракот и зошто?

8 Под сојузот на Законот, венчавањето со мажи и жени кои припаѓале на одредени канаански нации било забрането. Јехова го поучил својот народ: „Не склопувај женидби со нив, не мажи ги ќерките свои за нивните синови ниту го жени својот син за нивната ќерка; зашто таа би го одвратила твојот син од мене; тој би им служел на други богови; Јахве би се разгневил против вас, и брзо би те истребил“ (Поновљени закон 7:3, 4, Ст).

9. Каков совет за бракот им дава Библијата на христијаните?

9 Не е за изненадување што слични ограничувања за венчавање со оние кои не го обожаваат Јехова треба да се применат во рамките на христијанското собрание. Апостолот Павле ги советувал другите верници: „Не впрегнувај се заедно со неверниците; зашто, какво, општување постои меѓу правдата и беззаконието? Што општо има меѓу светлината и темнината? Какво согласие може да има меѓу Христа и Велијар? Или, што општо има меѓу верник и неверник?“ (2. Коринтјаните 6:14, 15). Тој совет може да се примени на различни начини, а сигурно е применлив и на бракот. Павловото јасно упатство до сите предадени Јеховини слуги е дека треба да земат во обѕир венчавање со некого „само ако е во заедница со Господ“ (1. Коринтјаните 7:39, NW, фуснота).

Оние кои не се во можност да се оженат „во Господ“

10. Што прават многумина неоженети христијани и кое прашање се наметнува?

10 Многу неоженети христијани избрале да го следат примерот на Исус Христос така што развиваат дар на самештво. Од друга страна, бидејќи сега не се во можност да најдат богобојазлив партнер и да се оженат „во Господ“, многу лојални христијани ја ставиле својата доверба во Јехова и останале самци наместо да се венчаат со неверник. Божјиот дух во нив донесува плодови како што се радост, мир, вера и самосовладување, кои им овозможуваат да задржат чесно самештво (Галатјаните 5:22, 23). Меѓу оние кои успешно се соочуваат со овој испит на оддаденост на Бог се прилично големиот број наши христијански сестри кои длабоко ги цениме. Во различни земји, тие го надминуваат бројот на браќата и затоа имаат главен удел во делото на проповедање. Навистина, „Самиот Јехова изјавува: жените кои ја кажуваат добрата вест се голема војска“ (Псалми 68:11, NW). Всушност, многу од Божјите неоженети слуги од обата пола го задржуваат својот интегритет бидејќи ‚се надеваат на Господа [Јехова] од сѐ срце и Он ќе ги покаже нивните патеки‘ (Соломонови изреки 3:5, 6). Но дали оние кои засега не можат да се оженат „во Господ“ ќе бидат несреќни?

11. Во што можат да бидат сигурни христијаните кои остануваат сами поради почитување на библиските начела?

11 Да запомниме дека сме Сведоци на среќниот Бог, Јехова, и служиме под среќниот Владетел, Исус Христос. Затоа, ако нашето почитување на ограничувањата кои се јасно поставени во Библијата, нѐ поттикне да останеме сами бидејќи не можеме да најдеме брачен партнер „во Господ“, дали е логично да мислиме дека Бог и Христос ќе нѐ остават несреќни? Секако не. Според тоа, мораме да заклучиме дека е можно да бидеме среќни како христијани во неоженета состојба. Јехова може навистина да нѐ усреќи, без разлика дали сме во брак или сами.

Клучот до вистинската среќа

12. Што покажува случајот со непослушните ангели во поглед на бракот?

12 Бракот не е единствениот клуч до среќа за сите Божји слуги. Земи ги за пример ангелите. Пред Потопот, некои ангели развивале желби кои биле неприродни за духовните суштества, станале незадоволни што не можеле да се женат, и се материјализирале во тела од месо за да си земаат жени како сопруги. Бидејќи со тоа тие ангели „го напуштија своето живеалиште“, Бог „ги стави во вечни окови, во мрак за суд на великиот ден“ (Јуда 6; 1. Мојсеева 6:1, 2). Очигледно, Бог никогаш не планирал ангелите да се женат. Затоа бракот едноставно не би можел да биде клучот до нивната среќа.

13. Зошто се среќни светите ангели, и што покажува тоа за сите Божји слуги?

13 Сепак, верните ангели се среќни. Јехова ги поставил темелите на Земјата „на радосниот концерт на утринските ѕвезди и на едногласното ликување на [ангелските] Божји синови“ (Јов 38:7, The New Jerusalem Bible). Зошто светите ангели се среќни? Затоа што се во постојана служба на Јехова Бог, ‚слушајќи го гласот на неговата реч‘ за да ја извршуваат. Тие наоѓаат задоволство во ‚извршувањето на она што му се допаѓа‘ (Псалми 103:20, 21, NW, фуснота). Да, среќата на светите ангели доаѓа од тоа што верно му служат на Јехова. Тоа е клучот до вистинската среќа и за луѓето. Што се однесува до тоа, оженетите помазани христијани кои сега среќно му служат на Бог, нема да се женат кога ќе воскреснат во небесен живот, туку ќе бидат среќни како духовни суштества кои ја вршат божествената волја. Значи, сеедно дали се во брак или сами, сите Јеховини лојални слуги можат да бидат среќни, затоа што вистинскиот темел за среќа е верното служење на Творецот.

Нешто „подобро отколку синови и ќерки“

14. Какво пророчко ветување им било дадено на богобојазливите евнуси во древниот Израел, и зошто би можело тоа да изгледа чудно?

14 Дури и ако некој лојален христијанин никогаш не се ожени, Бог може да ја осигура неговата среќа. Може да се извлече охрабрување од следниве зборови кои пророчки им биле упатени на евнусите во древниот Израел: „Вака вели Господ [Јехова] за евнусите: на оние кои ги држат моите саботи и избираат што ми е мене угодно, и го држат мојот завет, Ним ќе им дадам место во својот дом и меѓу своите ѕидови и име подобро отколку синови и ќерки, име вечно ќе му дадам на секого од нив, кое нема да се затре“ (Исаија 56:4, 5, ДК). Некој можеби би очекувал на овие поединци да им бидат ветени жена и деца за да се продолжи нивното име. Но им било ветено нешто „подобро отколку синови и ќерки“ — трајно име во Јеховиниот дом.

15. Што може да се каже за исполнувањето на Исаија 56:4, 5?

15 Ако овие евнуси се сметаат за пророчка слика поврзана со ‚Божјиот Израел‘, тие ги претставуваат помазаниците кои добиваат трајно место во Јеховиниот духовен дом или храм (Галатјаните 6:16). Без сомнение, ова пророштво дословно ќе се примени на побожните евнуси од древниот Израел кои ќе бидат воскреснати. Ако ја прифатат Христовата откупна жртва и ако продолжат да го бираат она што му се допаѓа на Јехова, тие ќе добијат ‚вечно име‘ во Божјиот нов свет. Во ова време на крајот, тоа би можело исто така да се примени на оние од ‚другите овци‘ кои се одрекуваат од бракот и од родителството за во уште поголема мера да се оддадат на Јеховината служба (Јован 10:16). Некои од нив можеби ќе умрат неоженети и без деца. Но ако се верни, во воскресението ќе добијат нешто „подобро отколку синови и ќерки“ — име „кое нема да се затре“ во новиот поредок.

Бракот не е единствениот клуч до среќа

16. Зошто може да се каже дека бракот секогаш не носи среќа?

16 Некои луѓе мислат дека среќата е неразделно поврзана со бракот. Меѓутоа, мора да се признае дека дури и помеѓу Јеховините слуги денес, бракот секогаш не носи среќа. Тој решава некои проблеми, но често создава други кои би можеле да бидат потешки за решавање отколку оние што ги доживуваат самците. Павле рекол дека бракот носи „телесни неволи“ (1. Коринтјаните 7:28). Постојат периоди кога оженетиот е „загрижен“ и „поделен“. Тој или таа често открива дека му е тешко да биде во „постојана служба на Господ без пречки“ (1. Коринтјаните 7:33-35, NW).

17, 18. а) Што известиле некои патувачки надгледници? б) Каков совет дал Павле и зошто е корисно да се применува?

17 И бракот и самештвото се дарови од Бог (Рута 1:9; Матеј 19:10-12, NW). Меѓутоа, за да бидат успешни и двете состојби, важно е размислувањето во молитва. Патувачките надгледници известуваат дека многу Сведоци се венчаваат премногу млади и често стануваат родители пред да бидат спремни да ги преземат одговорностите кои произлегуваат од тоа. Некои од тие бракови се распаѓаат. Други двојки се борат со своите проблеми, а нивните бракови не им донеле среќа. Како што напишал англискиот драматург Вилијам Конгрејв, оние кои се женат набрзина „се каат бавно“.

18 Покраинските надгледници исто така известуваат дека некои млади браќа се воздржуваат да се пријават во бетелска служба или во Школата за оспособување на слуги поради условот некое време да останат сами. Но Павле го дава советот да не се женат пред да ‚помине цутот на младоста‘, односно, да се почека додека не се намали почетниот порив на половиот нагон (1. Коринтјаните 7:36-38, NW). Годините поминати како возрасен самец му пружаат на поединецот драгоцено искуство и увид, со што тој или таа се става во подобра положба да избере брачен партнер или да ја донесе грижливо разгледаната одлука да остане сам.

19. Како можеме да гледаме на работите ако немаме вистинска потреба од брак?

19 Некои од нас го поминале цутот на младоста, со нејзиниот јак порив за полова интимност. Можеби понекогаш размислуваме за благословите на бракот, а всушност го имаме дарот на самештво. Јехова може да види дека делотворно му служиме во состојбата на самци и дека немаме вистинска потреба од брак кој би можел да бара да напуштиме одредени предности во службата за него. Ако бракот не е лична потреба и ако не сме благословени со партнер, Бог можеби има планирано нешто друго за нас. Затоа, да покажеме вера дека тој ќе ни го даде она што ни е потребно. Најголемата среќа произлегува од понизното прифаќање на она кое изгледа дека е Божја волја за нас, како што еврејските браќа „се успокоија и Го прославуваа Бога“ откако сфатиле дека тој на Паганите им подарил покајание за да би можеле да имаат живот (Дела на св. апостоли 11:1-18).

20. а) Кој совет за самештво им се дава на младите христијани? б) Која фундаментална мисла во врска со среќата останува да важи?

20 Според тоа, бракот може да биде клуч до среќа, но може исто да ја отвори вратата кон проблеми. Едно е сигурно: Бракот не е единствениот пат до среќата. Според тоа, имајќи го предвид сево ова, би било мудро, особено за младите христијани, да се потрудат да си создадат услови за неколку години на самештво. Тие години можат добро да се искористат да му се служи на Јехова и да се напредува во духовноста. Меѓутоа, без оглед на староста или на духовниот напредок, следнава фундаментална мисла важи за сите оние кои безрезервно му се предадени на Бог: Вистинската среќа се наоѓа во верното служење на Јехова.

Како би одговорил?

◻ Зошто Јеховините слуги се среќни?

◻ Зошто бракот не е клучот до најголемата среќа?

◻ Што се бара од Јеховиниот народ при изборот на брачниот другар?

◻ Зошто е логично да се верува дека христијаните кои остануваат сами можат да бидат среќни?

◻ Што мора да се признае за бракот и среќата?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели