ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 1/7 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Сличен материјал
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
  • Кревајќи ги крилјата како орли
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Млади — дозволете родителите да ви помогнат да си го заштитите срцето!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Избрани стихови од книгата Изреки
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 1/7 стр. 31

Прашања од читателите

Дали писателот на Пословици 30:19 навистина мислел дека начинот на кој човек препредено заведува девојка е „премногу чудесен“?

Тоа е можното значење на Пословици 30:19, кое, како што е познато, не е стих кој лесно би се сфатил.

Барајќи ја смислата на овој стих, не би требало да го игнорираме контекстот. Нешто пред овој пасус, вдахновениот писател наброил четири работи кои на некој начин се ненаситливи (Пословици 30:15, 16, NW). Потоа наброил: „Има три работи кои се покажале премногу чудесни за мене, и четири кои не сум ги спознал: патот на орел на небесата, патот на змија по карпа, патот на брод во срцето на морето и патот на телесно способен човек со девојка“ (Пословици 30:18, 19, NW).

Што би можело да биде „чудесно“ во овие четири работи?

Можеби мислејќи дека „чудесно“ мора да вклучува позитивно или добро, некои научници објаснуваат дека секоја од овие четири работи ја покажува мудроста на Божјето творештво: чудото, како може огромна птица да лета, како може безнога змија да се движи по карпа, како може тежок брод да стои на површината на разбрането море, и како може крепко момче безнадежно да се вљуби и да се ожени со шармантна девојка и потоа да произведат прекрасно дете. Еден професор нашол поинаква сличност во четирите работи, дека секоја патува по пат кој е секогаш нов — одењето на орелот, змијата и бродот таму кадешто не постои патека, и почетокот на развивање на љубов помеѓу двајца.

Меѓутоа, четирите работи не мораат да бидат „чудесни“ во добра смисла и дека она што им е заедничко е нешто позитивно. Пословици 6:16-19 (NW) набројуваат „работи кои Јехова ги мрази“. И како што е забележано токму пред стихот во прашањето, Пословици 30:15, 16 набројуваат работи (шеол, неродна матка, исушена земја и оган што беснее) кои никогаш не велат: „Доста!“. Сигурно дека тие не се чудесно добри.

Хебрејскиот збор во Пословици 30:18 преведен со „чудесен“, значи: „да одвои, разликува; да одликува, извонредно, прекрасно“. Некоја работа може да биде различна, извонредна или да ѝ се чудиме и без да е добра. Даниел 8:23, 24 (NW) прорекол еден жесток цар кој ќе предизвика опустошување „на чудесен начин“ и кој „ќе одведе моќни во пропаст“, вклучувајќи ги и светите. (Спореди 5. Мојсеева 17:8; 28:59; Захарија 8:6, сите NW).

Стиховите кои следуваат по Пословици 30:18, 19, можат да го дадат објаснението што му било тешко на писателот да сфати. Стих 20 споменува прељубничка жена која „се најала и ја избришала устата своја, па вели: ‚ништо лошо не сум направила‘“. Можеби грешела тајно и лукаво, но, бидејќи немало траги за нејзиниот престап, можела да се преправа ИЛИ да тврди дека е невина.

Постои сличност со претходното набројување. Орелот се издигнува кон небото, змијата преминува преку карпата, бродот ги сече брановите — ниеден не остава траги, и би било тешко да се обележи патеката на кое и да е од трите. Ако ова е заедничко за трите, што е со четвртото, „патот на телесно способниот маж со девојка“?

На ова исто така не може да му се следи трагата. Еден младич може да користи лукавство, елеганција и препредени начини за ненаметливо да ја придобие наклонетоста на некоја невина девојка. Бидејќи неискусна, таа не може да ги открие неговите измами. Дури и откако е заведена, таа е неспособна да објасни како тој ја добил; на набљудувачите исто така им е тешко да објаснат. Сепак, многу млади жени ја изгубиле својата невиност со лукави заводници. Иако е тешко да се обележи патеката на таквите препредени мажи, сепак тие имаат цел, како орелот во лет, змијата која се лизга или бродот на море. Кај заводниците целта е сексуално искористување.

Во оваа светлина, суштината на Пословици 30:18, 19 не е за научни или механички ствари на создавањето. Наместо тоа, пасусот ни нуди морално предупредување, токму како што Пословици 7:1-27 предупредуваат да се избегнува опасноста од убедливата блудница. Еден начин на кој христијанските сестри можат да го земат при срце предупредувањето од Пословици 30:18, 19, е во поглед на мажите кои пројавуваат интерес за проучување на Библијата. Ако се чини дека некој љубезен маж, макар и колега од работа, покажува таков интерес, сестрата треба да го упати кај некој брат во собранието. Братот може да го задоволи секој искрен интерес без опасностите од „телесно способниот човек со девојка“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели