ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 1/11 стр. 21-22
  • Образован човек

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Образован човек
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Роден во Тарс
  • Римски граѓанин
  • Исправно гледиште
  • Благословите на Царството можеш да ги имаш и ти
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • „Чујте што ќе ви речам... во своја одбрана!“
    ,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
  • Законска одбрана на добрата вест
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 1/11 стр. 21-22

Образован човек

„ГЛЕДАТЕ, браќа, какви сте вие, повиканите: не мнозина сте по тело мудри, не мнозина силни, не мнозина благородни“ (1. Коринтјаните 1:26). Како што покажуваат овие зборови, постои опасност да се биде заглибен во световна мудрост или да се има висока општествена положба. Таквите работи можат за некого да бидат препрека да ја прифати добрата вест (Соломонови изреки 16:5а; Марко 10:25).

Сепак, во Павлово време некои кои биле мудри по тело, ја прифатиле вистината, а еден од нив бил и самиот Павле. Добро образован и очигледно од угледно семејство, Павле бил ревносен евангелизатор. Со тоа покажал дека и привилегираните во овој свет можат да му служат на Јехова доколку нивното срце е исправно. Тие можат да ги употребат дури и своите световни способности во Јеховината служба (Лука 16:9).

Роден во Тарс

Павле бил роден во Тарс, „не непознат град“, како што го опишал подоцна (Дела на св. апостоли 21:39). Веројатно таму го стекнал познавањето на јазиците — особено владеењето на грчкиот — кое било од непроценлива вредност во неговото мисионерско дело. Во Тарс бил изложен не само на еврејскиот начин на живот, туку и на паганската култура, а сето тоа искуство го употребил исто така во подоцнежните години како апостол за нациите. Тој знаел да ја изрази вистината на начин на кој тие можеле да го разберат (1. Коринтјаните 9:21). На пример, разгледај го неговиот говор до атињаните за кој се известува во Делата на св. апостоли, 17. поглавје. Таму тој вешто се повикал на религијата на атињаните и во своето изнесување на вистината дури вметнал цитат од еден нивни поет.

Римски граѓанин

Павле имал уште една световна предност. Бил римски граѓанин, па така можел и тоа да го искористи за унапредување на добрата вест. Во Филипи, тој и неговите другари биле тепани и затворени без да им се суди. Да му се направи такво нешто на римски граѓанин било незаконито, и кога Павле им го свртел вниманието на властите на овој факт, тие му дозволиле да остане и да им служи на собранијата пред да замине кон своето следно одредиште (Дела на св. апостоли 16:37-40).

Подоцна, кога се појавил пред намесникот Фест, Павле го искористил своето право како римски граѓанин за својот случај да се обрати на цезарот. На тој начин имал прилика да ја брани добрата вест пред највисоката власт на Римската империја (Дела на св. апостоли 25:11, 12; Филипјаните 1:7).

Павле добил обука на практичен начин кој подоцна се покажал корисен. Во изработувањето на шатори бил поучен веројатно од својот татко. Благодарение на тоа, тој можел да се издржува во службата кога средствата биле ниски (Дела на св. апостоли 18:1-3). Исто така добил интензивно религиозно образование. Бил воспитан како „фарисеј, син на фарисеј“ (Дела на св. апостоли 23:6). Навистина, тој проучувал крај нозете на Гамалиил, еден од најпрочуените еврејски учители (Дела на св. апостоли 22:3). Таквото образование, кое веројатно може да се спореди со денешното квалитетно факултетско образование, укажува на тоа дека потекнувал од прилично угледно семејство.

Исправно гледиште

Павловото минато и обука му нуделе светла иднина во јудаизмот. Можел далеку да дотера. Меѓутоа, штом прифатил дека Исус е Месијата, Павловите цели се промениле. Кога им пишувал на Филипјаните, истакнал некои од своите поранешни световни предности и рекол: „Тоа што беше за мене придобивка, поради Христа го сметав за штета. Затоа сметам дека и сѐ друго е штета спрема преважното познавање на Христа Исуса, мојот Господ, поради Кого се одреков од сѐ, и сѐ сметам за отпад, само за да Го придобијам Христа“ (Филипјаните 3:7, 8).

Овој образован човек не гледал со копнеж по она што би можел да стори со своето световно образование; ниту ја искористил својата „голема ученост“ (NW) да ги заплаши другите (Дела на св. апостоли 26:24; 1. Коринтјаните 2:1-4). Наместо тоа, ставајќи ја сета доверба на Јехова Бог, тој се осврнал на своите претходни изгледи, велејќи: „Го заборавам она што е зад мене, а се стремам кон она што е пред мене, трчам кон целта — кон наградата на горното призвание од Бога во Исуса Христа“ (Филипјаните 3:13, 14). Павле ги ценел духовните работи.

Сепак, таа претходна обука Павле ја употребил во Јеховината служба. Кога рекол за Евреите: „Јас им сведочам дека тие имаат ревност за Бога“, тој говорел од лично искуство (Римјаните 10:2). Како активен фарисеј, сигурно имал ревност за Бог и за Писмата. Откако станал христијанин, Павловата ревност била ублажена со точно спознание и можел да го употреби своето поранешно образование за праведна цел. На пример, во книгата до Евреите тој го искористил своето рано образование за израелската историја и храмското обожавање за да ја покаже надмоќта на христијанскиот систем.

Денес некои кои се мудри по тело, исто така се одѕиваат на добрата вест. Луѓе со различни степени на образование, како и од сите видови професии и занаети, ја прифатиле вистината и своето претходно обучување го употребиле во Јеховината служба. Меѓутоа, какво и да е нивното световно образование, христијаните никогаш не го губат од предвид фактот дека поживотоважни се духовните квалификации. Тие се „поважните работи“ (NW) бидејќи можат да нѐ доведат до вечен живот (Филипјаните 1:10).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели