ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 15/1 стр. 2-4
  • Дали војните се неизбежни?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали војните се неизбежни?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Биолошка нужност?
  • Причини за војна
  • Војни
    Разбудете се! 2017
  • Вистинскиот виновник за војните и страдањата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Како гледа Бог на војните денес
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Како гледа Бог на војните?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 15/1 стр. 2-4

Дали војните се неизбежни?

ВОЈНАТА е едно депримирачко обележје на вестите. Без сомнение, овие билтени за бруталности те обеспокојуваат. Но, веројатно те принудуваат и да се прашаш зошто мора оружјето да биде посредник во повеќето спорови. Зарем човекот никогаш нема да се научи да живее во мир?

Лекот за болката војна се чини дека е понедофатлив отколку лекот за сидата. Во 20-ов век, цели нации биле мобилизирани во војна, милиони луѓе втурнати во бој, а стотици градови разурнати до темел. На хоризонт, се чини, не се гледа никаков крај на ова крвопролевање. Фабриките за оружје, кои имаат корист од тоа, гарантираат дека светските армии — и герилите — и понатаму ќе бидат страотно успешни.

Како што военото оружје станува сѐ посмртоносно, така бројот на жртвите достигнува астрономски цифри. Повеќе од половина од 65-те милиони војници кои се бореле во Првата светска војна биле убиени или ранети. Околу 30 години подоцна, само две атомски бомби збришаа од Земјава повеќе од 150.000 Јапонски цивили. Од Втората светска војна па наваму, судирите станаа полокализирани, но, сепак се смртоносни, особено за цивилното население кое денес сочинува 80 проценти од жртвите.

Иронично е што, овие масовни колежи се случуваат во столетие кое видело неспоредливи напори војната, како начин на решавање на споровите помеѓу нациите, да се прогласи за незаконска. Со неодамнешниот крај на студената војна надежите дека ќе настапи нов, мирољубив светски поредок беа големи. Но, глобалниот мир останува илузија како и секогаш. Зошто?

Биолошка нужност?

Некои историчари и антрополози тврдат дека војните се неизбежни — дури и нужни — едноставно затоа што се дел од еволуционата борба за преживување. Под влијание на ваквиот начин на размислување, воениот аналист Фридрих фон Бернарди тврдел, во 1914 година, дека војната се водела „во интерес на биолошкиот, социјалниот и моралниот напредок“. Теоријата се состоела во тоа дека војната е начин да се елиминираат послабите поединци или народи, а појаките да останат.

Таквиот аргумент тешко би ги утешил милионите воени вдовици и сирачиња. Освен тоа што морално е противречно, ова размислување ги игнорира суровите стварности на современото војување. Митралезот не прави разлика дали пред него стои најприлагодливиот, а бомбата заедно ги збришува и силните и слабите.

Не осврнувајќи се на отрезнувачките лекции од Првата светска војна, Адолф Хитлер сонувал да скове надмоќна раса по пат на воено освојување. Во својата книга Mein Kampf, напишал: „Човештвото нараснало големо во вечната борба, и само во вечниот мир исчезнува. . . . Посилниот мора да господари и не смее да се претопи со послабиот“. Наместо да го унапреди човештвото, Хитлер на тој начин жртвувал милиони животи и опустошил цел континент.

Сепак, ако војната не е биолошка нужност, тогаш, што ги тера луѓето кон самоуништување? Кои сили присилуваат цели нации да влегуваат во „варварска работа“a? Следи список на само некои клучни фактори кои ги спречуваат најдобрите напори на миротворците.

Причини за војна

Национализам: Најчесто предизвикан од политичарите и генералите, национализмот е еден од најмоќните сили за поттикнување војна. Многу војни започнале со цел да се заштитат „националните интереси“ или да се одбрани „народната чест“. Ако преовладува менталитет „тоа е моја земја“, без обѕир дали е добар или лош, секаква агресија е оправдана како превенција од контранапад.

Етничка омраза: Многу регионални војни се иницирани, а потоа разгорени, поради долготрајна омраза помеѓу различни раси, племиња или етнички групи. Трагичните граѓански војни во поранешна Југославија, во Либерија и Сомалија се најсвежи вакви примери.

Економско и воено ривалство: За време на наизглед мирниот период пред Првата светска војна, европските сили, всушност, формирале огромни армии. Германија и Велика Британија биле вплеткани во натпревар во изградба на воени бродови. Бидејќи секоја од тие моќни нации, кои на крајот влегле во ова крвопролевање, верувала дека со војната ќе ја зголеми својата моќ и дека тоа ќе ѝ донесе неочекувани економски благослови, условите за конфликт биле зрели.

Религиозно непријателство: Особено зајакнати со расни поделби, религиозните разлики можат да произведат експлозивна смеса. Коренот на судирите во Либан и Северна Ирска, како и на војните помеѓу Индија и Пакистан, бил во религиозното непријателство.

Невидлив иницијатор на војни: Библијата ни открива дека „богот од овој свет“, Сатана Ѓаволот, е активен како никогаш досега (2. Коринтјаните 4:4). Исполнет со голем гнев, знаејќи дека му останува „малку време“, ги предизвикува настаните, вклучувајќи ги и војните, со што ја влошува и онака јадната состојба на Земјата (Откровение 12:12).

Овие клучни причини за војна не е лесно да се искоренат. Платон, пред повеќе од 2.000 години, рекол дека „само мртвите го виделе крајот на војната“. Дали неговото мрачно установување на горката вистина е нешто што мораме да научиме да го прифатиме, или, пак, имаме причина да се надеваме дека еден ден ќе има свет без војна?

[Фуснота]

a Наполеон ја опишал војната како „варварска работа“. Најголемиот дел од својот живот го минал во војска, а речиси 20 години како врховен командант на армија со што самиот лично го искусил варварството на бојот.

[Извор на слика на страница 2]

Насловна страница: Цртеж од John Singer Sargent’s painting Gassed (детаљ), Imperial War Museum, Лондон

[Извор на слика на страница 3]

Instituto Municipal de Historia, Barcelona

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели