ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 15/4 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Сличен материјал
  • Крвта — неопходна за живот
    Како може крвта да ти го спаси животот?
  • Исправно цени го дарот на живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Да се спаси животот со крв — како?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Божјето гледиште за животот
    Што навистина учи Библијата?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 15/4 стр. 31

Прашања од читателите

Бидејќи Сауловите војници јаделе месо со крв, зошто не ги погубиле, затоа што таква била казната која се наоѓа во Божјиот закон?

Овие мажи навистина го повредиле Божјиот закон за крвта, но веројатно им била покажана милост бидејќи имале почитување за крвта иако требале да бидат повнимателни во покажувањето на тоа почитување.

Разгледај ја ситуацијата. Израелците водени од цар Саул и неговиот син Јонатан војуваат со Филистејците. Во моментот кога ‚израилевите мажи биле изморени‘ од бојот, Саул брзоплето ги заколнал своите борци да не јадат додека не го поразат непријателот (1. Царства 14:24). Набргу неговата заклетва создала проблем.

Неговите борци војувале тешка битка и огромниот напор причинил штетни последици. Станале изгладнети и исцрпени. Што направиле во таква вонредна ситуација? „Тогаш народот се нафрли на пленот, и земаа овци, волови и телиња, и ги колеа наземи, и народот јадеше заедно со крвта“ (1. Царства 14:32).

Што се однесува до Божјиот закон за крвта тоа било повреда, бидејќи некои од Сауловите луѓе и го известиле, велејќи му: „Ете, народот греши пред Господа, јаде со крвта“ (1. Царства 14:33). Да, законот велел дека кога се колат животни, крвта треба да се исцеди пред месото да се јаде. Бог не барал да се преземаат фанатички мерки за да се ицеди крвта. Со преземање на разумни постапки за дренажа неговите слуги можеле да покажуваат почитување за значењето на крвта (5. Мојсеева 12:15, 16, 21-25). Животинската крв можела да се употреби за жртва на олтарот но не смеела да се јаде. Промислен прекршок бил казнуван со смрт, бидејќи на Божјиот народ му било речено: „Не јадете крв од никакво тело, бидејќи душата на секое тело е во крвта негова, секој што ќе ја јаде, ќе се истреби“ (3. Мојсеева 17:10-14).

Дали војниците на цар Саул намерно го прекршиле законот? Дали покажале крајно непочитување на божествениот закон за крвта? (Спореди 4. Мојсеева 15:30.)

Не би требало така да заклучиме. Извештајот вели дека ‚ги колеле животните наземи, и народот јадел заедно со крвта‘. Значи можеби направиле некаков обид да ја исцедат крвта (5. Мојсеева 15:23). Сепак, во нивната исцрпена и изгладнета состојба не ги обесиле закланите трупови дозволувајќи соодветно време за нормална дренажа на крвта. Тие ги заклале овците и говедата „наземи“ што можело да го спречи исцедувањето. И брзо го сечеле месото од труповите кое можеби пливало во крв. Затоа, дури и ако мислеле да го почитуваат Божјиот закон, не го проследиле според исправните начини, ниту, пак, со соодветно времетраење.

Последицата била што ‚народот јадел заедно со крвта‘ што било грев. Саул го признал тоа и наредил пред него да се дотркала голем камен. На војниците им заповедал: „Секој нека го дотера при мене волот свој и секој — овцата своја, и колете тука и јадете, и не грешете пред Господа, не јадете со крвта“ (1. Царства 14:33, 34). Виновните војници послушале и ‚Саул му изградил жртвеник на Господа‘ (1. Царства 14:35).

Со тоа што ги колеле животните на каменот веројатно била овозможена прописна дренажа на крвта. Месото од животните требало да го јадат на местото каде што животните биле заклани. Саул можел да земе од исцедената крв за олтарот и да побара Божја милост за оние кои згрешиле. Јехова ја проширил својата милосрдност очигледно затоа што знаел кои обиди војниците ги направиле иако биле многу уморни и гладни. Бог можеби ја зел предвид и Сауловата брзоплета заклетва со која принудно ги довел своите луѓе во таква очајна ситуација.

Овој извештај покажува, навистина, дека една итна ситуација не е оправдување за непочитување на божествениот закон. Би требало да ни помогне и да ја согледаме потребата грижливо да размислиме пред да направиме заклетва бидејќи брзоплет завет може да ни предизвика проблеми нам, но и на другите (Проповедник 5:4-6).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели