ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 1/6 стр. 25-28
  • Школата Гилеад го испраќа својот 100-ти клас

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Школата Гилеад го испраќа својот 100-ти клас
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Библиски совет од постари мажи
  • Практични изрази од полето
  • Радувајте се во Јехова и бидете весели
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Спремниот дух ги донесува луѓето во Гилеад
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Од успешни студенти до успешни мисионери
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Школата Гилеад — 50 години стара, а сѐ појака
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 1/6 стр. 25-28

Школата Гилеад го испраќа својот 100-ти клас

БИБЛИСКАТА школа Гилеад на Стражарска кула одиграла важна улога во глобалното објавување на Божјето Царство во поново време. Откако школата Гилеад во 1943 година започна да обучува мисионери, нејзините дипломци имаат служено во над 200 земји. На 2 март 1996 година, дипломираше 100-от клас.

Студентите ја посетуваа школата за време на еден период кога во подрачјето на Образовниот центар на Стражарска кула во Патерсон (Њујорк) беше паднало преку 2 метри снег. Не е за изненадување што снегот паѓаше и на денот на нивното дипломирање. Сепак, аудиториумот беше полн, а остатокот од публиката слушаше во Патерсон, Волкил и во Бруклин — сѐ на сѐ 2.878 лица.

Теодор Џерес, член на Одборот за поучување при Водечкото тело, служеше како претседавач. По срдечното добредојде упатено до присутните гости од многу земји, тој ги покани сите да станат и да ја испеат песната број 52. Аудиториумот одекнуваше со фалба за Јехова додека ја пееја песната „Името на нашиот Татко“, од книгата Пејте му фалби на Јехова. Таа песна, заедно со забелешките на претседавачот во врска со употребата на образованието за фалба на Јехова, ѝ дадоа тон на програмата што требаше да уследи.

Библиски совет од постари мажи

Првиот дел од програмата беше составен од кратки говори до класот што дипломираше, а ги одржаа извесен број долгогодишни слуги на Јехова. Ричард Абрахамсон, член на персоналот на главното седиште, кој ја започнал својата полновремена служба во 1940 година, го поттикна класот: „Продолжете да се исправате“. Тој ги потсети дека тие веќе имаат доживеано различни периоди на исправање во својот живот како христијани, вклучувајќи ги и нивните пет месеци школување во Гилеад. Тогаш, зошто би требало да продолжат да се исправаат?

Говорникот објасни дека изразот што го употребил апостол Павле во 2. Коринтјаните 13:11 (НС), „подразбира напреден процес, постојано подложување на Јеховиното обликување или прочистување на лицето, наштимување за лицето да ги исполни построгите Јеховини мерила“. На нивните странски доделби, класот што дипломираше ќе се соочи со нови предизвици за нивната вера. Ќе треба да научат нов јазик, да се приспособат на поинаква култура и услови за живот и да се адаптираат на поинакви видови подрачја. Исто така, ќе треба да се справуваат со поинакви личности во нивните мисионерски домови и во нивните нови собранија. Ако внимателно би ги применувале библиските начела во сите овие ситуации, со спремност да се исправаат, тогаш, како што напишал апостол Павле, ќе можат ‚и понатаму да се радуваат‘ (НС).

Џон Бар, еден од петмината членови на Водечкото тело кои учествуваа во програмата, својата тема ја зеде од 1. Коринтјаните 4:9. Тој ги потсети своите слушатели дека христијаните се претстава за ангелите и за луѓето. „Знаејќи го ова“, рече тој, „многу се зголемува важноста на животниот пат на еден христијанин, особено кога ќе увиди дека со она што го кажува и што го прави, тој може да има значајно влијание врз оние кои посматраат, како врз невидливите така и врз видливите. Верувам дека ова е нешто што би било многу добро да го запомните сите вие, драги браќа и сестри од 100-от клас на Гилеад, кога ќе заминете во далечните краеви од Земјата.“

Брат Бар ги поттикна 48-те студенти да задржат на ум дека додека им помагаат на лицата слични на овци да ја научат вистината, ‚пред ангелите Божји станува радост за еден грешник, што се кае‘ (Лука 15:10). Осврнувајќи се на 1. Коринтјаните 11:10, тој покажа дека ставот на едно лице во поглед на теократските подготовки влијае не само врз нашите браќа и сестри кои ги гледаме туку и врз ангелите кои не ги гледаме. Колку само е корисно да се има на ум оваа поширока слика!

Еден друг член на Водечкото тело, Герит Леш, и самиот дипломец на школата Гилеад, дискутираше за таквите стихови како Псалм 124:1, 2; Захарија 2:4, 5 и Псалм 71:21 (НС), за да покаже дека Јехова ‚го опколува својот народ‘. Тој му дава заштита од секоја страна. Дали Бог ќе даде таква заштита само во текот на големата неволја? „Не“, одговори говорникот, „бидејќи Јехова веќе е ‚огнен ѕид‘, заштита за својот народ. Повоената 1919 година го затекна остатокот од духовниот Израел како желно посакува да ја проповеда добрата вест за Царството ширум светот, за сведоштво на сите народи. Тие беа претставници на симболичниот Ерусалим на небесата. Јехова им гарантира божествена заштита на овие претставници како група во текот на времето на крајот. Тогаш, кој може делотворно да ги сопре? Никој.“ Колку смирувачки за нив и за сите кои тесно се дружат со нив во вршењето на божествената волја!

Јулизис Глас, сениорски член на наставничкиот кадар, го охрабри класот да ‚го дообликуваат своето место во Јеховината организација ширум светот‘. Местото претставува ситуација или активност што особено одговара на способностите или карактерот на лицето. „Вие, идни мисионери, сте го нашле своето место во организацијата на Јеховините сведоци ширум светот“, изјави тој. „Но, колку и да е вредно сега, ова е само почеток на вашиот живот како мисионери.“ Тие ќе треба да се заложат да ги користат добро своите способности и да се вклопат во посебните задачи што им ги дава Јехова и неговата организација.

Последниот говор во овој дел од програмата го одржа Валас Ливеранс, член на наставничкиот кадар на Гилеад кој 17 години служеше во Боливија. „Дали ќе го ставите Бог на испит?“ — ги праша тој студентите. Како да го сторат тоа? Нацијата Израел го ставила Бог на испит на погрешен начин (5. Мојсеева 6:16). „Очигледно е погрешно ако го ставиме Бог на испит преку негодување или мрморење, или можеби преку покажување недостиг на вера во начинот на кој тој постапува со работите“, изјави говорникот. „Кога ќе пристигнете на вашата нова доделба, спротивставувајте се на таа склоност“, подбуди тој. Тогаш, кој е исправниот начин да го ставиме Бог на испит? „Тоа е ако го држиме за збор, ако го правиме токму тоа што го вели тој и ако потоа го оставиме исходот во негови раце“, објасни брат Ливеранс. Како што се гледа од Малахија 3:10, Јехова го повикува својот народ: „Испитајте Ме“. Тој ветил дека ако тие верно ги донесат своите десетоци во храмската житница, тој ќе ги благослови. „Зошто да не гледате на вашата мисионерска доделба на сличен начин?“ — праша говорникот. „Јехова сака да бидете успешни во тоа, и затоа ставете го на испит. Држете се за вашата доделба. Правете ги исправките што тој ги бара од вас. Истрајте. Гледајте дали тој нема да ве благослови.“ Колку добар совет за сите оние кои му служат на Јехова!

По песната, програмата се промени од говори во една серија восхитувачки интервјуа.

Практични изрази од полето

Марк Нумар, нов член на наставничкиот кадар на Гилеад, ги повика студентите да раскажат искуства што ги имале во службата на подрачјето додека ја посетувале школата. Во нив беше истакната вредноста од покажувањето иницијатива во службата, и на публиката ѝ дадоа практични идеи што таа би можеле да ги користи.

За време на нивното школување, студентите од овој клас на Гилеад извлекоа особена корист од тоа што беа во можност да се дружат со членовите на одборите на подружниците од 42 земји, кои исто така беа во Образовниот центар Патерсон заради посебна обука. Мнозина од нив дипломирале на Гилеад со години порано. На програмата беа водени интервјуа со претставниците од 3, 5, 51. и од 92. клас, како и од Проширената школа Гилеад во Германија. Колку само беа корисни нивните коментари!

Тие раскажаа како се чувстувале мисионерите додека гледале како на нивните доделби расте бројот на фалители на Јехова од еден грст на десетици илјади. Раскажаа за уделот што го имале тие во носењето на добрата вест до раштрканите живеалишта во Андите и до селата по горните теченија на реката Амазон. Дискутираа за тоа како им сведочеле на неписмени луѓе. Кажуваа за нивната лична борба да научат нови јазици и што би можеле дипломците реалистично да очекуваат во однос на тоа колку брзо би биле во состојба да сведочат и да држат говори на некој јазик како што е кинески. Тие дури и демонстрираа како пример презентации на шпански и на кинески. Тие истакнаа дека мисионерите се најделотворни кога се трудат да го научат не само јазикот туку и начинот на размислување на луѓето. Раскажаа за честопати суровите услови за живеење во сиромашните земји и изјавија: „Мисионерите би требало да сфатат дека оваа ситуација честопати е поврзана со експлоатација. Еден мисионер ќе го стори најдоброто ако чувствува онака како што чувствувал Исус — тој имал сочувство кон луѓето кои биле како овци без пастир“.

После песната, програмата продолжи со еден говор од А. Д. Шредер, член на Водечкото тело. Тој ја имаше предноста да биде еден од првобитните инструктори на школата Гилеад кога таа беше отворена во 1943 година. Како соодветно финале на програмата, тој дискутираше на темата „Да се поздравува Јехова како Суверен Господ“. Привлечната дискусија на брат Шредер во врска со 24. псалм ги импресионира сите присутни со тоа колку само величествена предност е да се поздравува Јехова како Суверен Господ.

По доделувањето на дипломите и последната песна, Карл Клајн од Водечкото тело заклучи со срдечна молитва. Колку само практична и духовно освежувачка програма беше тоа!

Во деновите после дипломирањето, 48-те членови од 100-от клас започнаа да се преселуваат на мисионерските доделби во 17 земји. Но, тоа не значеше почеток на нивната служба. Тие веќе имаа солидно минато во полновремената христијанска служба. Кога се запишаа во Гилеад, во просек имаа по 33 години старост и имаа посветено повеќе од 12 години во полновремената служба. Некои од нив биле членови на бетелската фамилија на Друштвото Стражарска кула ширум светот. Други служеле како патувачки надгледници. Еден број од студентите веќе учествувале во некој облик на странска служба — во Африка, Европа, Јужна Америка, на морските острови и во групи на странски јазици во нивните земји. Но, сега тие им се придружија на многуте други мисионери кои се радувале што можеле да речат: ‚Ќе служиме секаде во светот каде што сме потребни‘. Нивна срдечна желба е да го користат својот живот за да го величаат Јехова.

[Рамка на страница 27]

Податоци за класот:

Број на застапени земји: 8

Број на земји во кои се доделени: 17

Број на студенти: 48

Просечна старост: 33,75

Просек на години во вистината: 17,31

Просек на години во полновремена служба: 12,06

[Слика на страница 26]

100-от клас што дипломираше на Библиската школа Гилеад на Стражарска кула

Во долната листа, редовите се нумерирани однапред наназад, а имињата се наведени одлево надесно во секој ред.

1) Ширли М.; Грундстрем М.; Џенардини Д.; Џајмо Џ.; Шод В.; Феар П.; Бјукенан К.; Робинсон Д. 2) Пајн К.; Краус Б.; Расикот Т.; Хансен А.; Бетс Т.; Берг Џ.; Гарсија Н.; Флеминг К. 3) Винери Л.; Винери Л.; Харпс К.; Џајмо К.; Берг Т.; Ман К.; Бериос В.; Пфајфер К. 4) Рандел Л.; Џенардини С.; Краус Х.; Флеминг Р.; Д’Абади С.; Ширли Т.; Стивенсон Г.; Бјукенан Б. 5) Робинсон Т.; Гарсија Х.; Харпс Ф.; Расикот Д.; Д’Абади Ф.; Феар М.; Стивенсон Г.; Шод Д. 6) Бетс Л.; Пфајфер А.; Бериос М.; Пајн Ј.; Ман Л.; Рандел П.; Грундстрем Ј.; Хансен Г.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели