ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 15/2 стр. 4-7
  • Кога повеќе нема да има страдање

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кога повеќе нема да има страдање
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто веднаш не ја спровел својата волја?
  • Зошто не ги натера луѓето да го прават она што е исправно?
  • А што е со сите невини жртви?
  • Вистинска утеха за оние кои страдаат?
  • „Обновувањето на сите ствари“
  • Што вели Библијата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
  • Утеха за оние што страдаат
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Зошто Бог ги допушта страдањата?
    Што навистина учи Библијата?
  • Трето прашање: Зошто Бог дозволува да страдам?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 15/2 стр. 4-7

Кога повеќе нема да има страдање

СТРАДАЊЕТО не било дел од Божјата првобитна намера со човечкото семејство. Тој ниту го предвидел ниту, пак, го сака. ‚Ако е така‘ — можеби ќе прашаш — ‚како почнало и зошто Бог допуштил да трае сѐ досега?‘ (Спореди Јаков 1:13.)

Одговорот се наоѓа во најраниот запис од човековата историја, Библијата, особено книгата 1. Мојсеева. Таа вели дека нашите прародители, Адам и Ева, го следеле Сатана Ѓаволот во неговата побуна против Бог. Нивните постапки покренале фундаментални спорни прашања кои го нападнале самиот темел на универзалниот закон и ред. Кога се повикале на правото да одлучуваат самите што е добро а што лошо, тие ја предизвикале Божјата сувереност. Го довеле во прашање неговото право да владее и да биде единствениот судија за „добро и лошо“ (1. Мојсеева 2:15—17; 3:1—5).

Зошто веднаш не ја спровел својата волја?

‚Тогаш, зошто Бог не ја спровел веднаш својата волја?‘ — можеби прашуваш. За мнозина, работата изгледа толку едноставна. ‚Бог имал моќ. Требало да ја употреби за да ги уништи бунтовниците‘ — велат тие (Псалм 146:5). Но, прашај се следново: ‚Дали јас без двоумење ги одобрувам оние кои ја користат надмоќноста за да ја спроведат својата волја? Зарем инстинктивно не чувствувам одбивност кога некој диктатор ги користи своите одреди на смртта за да ги елиминира непријателите?‘ Повеќето разумни луѓе се гадат на такво нешто.

‚Ах‘ — велиш — ‚но ако Бог ја поседувал таа моќ, никој не би ги оспорил неговите постапки.‘ Сигурен ли си? Зарем не е точно дека луѓето го доведуваат во прашање Божјето користење на моќта? Се сомневаат во тоа зошто тој не ја употребил во некои случаи, како на пример во неговото толерирање на злото. Исто така се сомневаат зошто ја употребил во други случаи. Дури и верниот Авраам имал проблем во врска со Божјето користење на моќта против Своите непријатели. Сети се кога Бог одлучил да го уништи Содом. Погрешно мислејќи, Авраам се плашел дека добрите луѓе ќе умрат заедно со лошите. Извикал: „Не е можно така да постапиш Ти, да погубиш праведни со неправедни заедно“ (1. Мојсеева 18:25). Дури и на исправно настроените луѓе како Авраам им треба уверување дека апсолутната моќ нема да биде злоупотребена.

Се разбира, Бог можел веднаш да ги уништи Адам, Ева и Сатана. Но, помисли како би влијаело тоа врз другите ангели или врз идните суштества кои подоцна би можеле да станат свесни за неговите постапки. Дали тоа би ги оставило со нагризувачки прашања во врска со исправноста на Божјето владеење? Зарем тоа не би го изложило Бог на обвинението дека тој, всушност, е еден вид тоталитарен деспот, како што го опишал Ниче, Бог кој бездушно го елиминира секој што му се спротивставува?

Зошто не ги натера луѓето да го прават она што е исправно?

‚Зарем Бог не можел едноставно да ги натера луѓето да го прават она што е исправно?‘ — би можеле некои да прашаат. Па, размисли и за ова. Низ сета историја, владите се обидувале да ги натераат луѓето да се прилагодат на нивниот начин на размислување. Некои влади или поединечни владетели практикувале различни облици на контролирање на умот, можеби користејќи дрога или хирургија, лишувајќи ги своите жртви од прекрасниот дар на слободна волја. Зарем не го цениме тоа што сме лица со слободна волја, иако тој дар подлежи на злоупотреба? Дали ги одобруваме обидите на некоја влада или владетел да ја одземе таа слобода?

Тогаш, каква алтернатива постоела за Бог непосредно пред да употреби моќ за да го спроведе законот? Јехова Бог установил дека побуната најдобро ќе се реши ако на оние, кои ги отфрлиле неговите закони, им допушти еден привремен период на независност од неговото владеење. Тоа би му дало на човечкото семејство, што потекнало од Адам и Ева, едно ограничено време во кое ќе управува со себеси без да биде подложно на Божјиот закон. Зошто Бог го сторил тоа? Затоа што знаел дека, со текот на времето, би се создал несоборив доказ кој ќе докаже дека неговиот начин на владеење секогаш е исправен и праведен, дури и кога ја користи својата неограничена моќ за да ја спроведе својата волја, и дека секоја побуна против него, порано или подоцна, ќе донесе катастрофа (5. Мојсеева 32:4; Јов 34:10—12; Јеремија 10:23).

А што е со сите невини жртви?

‚Во меѓувреме, што е со сите невини жртви?‘ — можеби прашуваш. ‚Дали нивната болка навистина се исплатила за да се докаже некоја точка од законот?‘ Па, Бог не допуштил злото да постои само за да докаже некаква нејасна точка од законот. Напротив, тоа е за да ја утврди еднаш засекогаш фундаменталната вистина дека само тој е суверен и дека послушноста спрема неговите закони е битна за трајниот мир и среќата на сите негови суштества.

Една пресудна работа што треба да се има на ум е тоа што Бог знае дека тој може потполно да ја отстрани секоја штета која постоењето на злото може да му ја нанесе на човечкото семејство. Тој знае дека, долгорочно гледано, привремениот период на болка и страдање ќе има корисен исход. Помисли на мајката која цврсто го држи своето дете додека лекарот му нанесува болка со ставање на вакцината за да го заштити од некоја болест која инаку би го убила детето. Ниедна мајка не сака нејзиното дете да чувствува болка. Ниеден лекар не сака да му нанесе страдање на својот пациент. Детето во тоа време не ја сфаќа причината за болката, но подоцна ќе разбере зошто била допуштена.

Вистинска утеха за оние кои страдаат?

Некои можеби мислат дека самото знаење на овие работи може да биде од мала утеха за оние кои страдаат. Ханс Кинг наведува дека разумното објаснување за постоењето на страдањето е „скоро исто толку корисно за страдалникот колку што е корисно кога на еден изгладнет човек му држиш лекција за хемиските својства на прехранбените производи“. Тој прашува: „Може ли сето остроумно резонирање навистина да охрабри еден човек кој скоро е совладан од страдање?“ Па, сето „остроумно резонирање“ на луѓето кои ја игнорираат Божјата Реч, Библијата, не ги охрабрило оние кои страдаат. Таквото човечко резонирање само го зголемило проблемот, со тоа што укажува дека Бог одредил човекот да страда и дека Земјата била создадена за да биде долина на солзи или пробен полигон за оние кои на крајот ќе постигнат вечен живот на небото. Какво богохулство!

Сепак, самата Библија дава вистинска утеха. Таа не само што дава доследно објаснување за постоењето на страдањето туку гради и доверба во Божјето сигурно ветување дека тој ќе ја отстрани сета штета што ја предизвикало ова привремено допуштање на страдањето.

„Обновувањето на сите ствари“

Многу скоро, Бог ќе ги обнови работите на оној начин како што тој намислил да бидат уште пред да се побунат неговите први човечки творби. Неговото одредено време за човековото независно владеење речиси истекло. Ние живееме во времето кога тој ќе го испрати ‚Исуса, кого, навистина, небото мора да го задржи до времињата на обновувањето на сите ствари, за кои зборувал Бог преку устата на своите свети пророци од старо време‘ (Дела 3:20, 21, НС).

Што ќе стори Исус Христос? Ќе ја исчисти Земјата од сите Божји непријатели (2. Солунјаните 1:6—10). Тоа нема да биде некакво погубување по кратка постапка, какво што извршуваат човечките диктатори. Огромните докази што ги потврдуваат катастрофалните последици од лошото човеково владеење ќе покажат дека Бог ќе има потполно право наскоро да ја употреби својата неограничена моќ за да ја спроведе својата волја (Откровение 11:17, 18). Во почетокот, ова ќе значи „неволја“ (НС) каква што Земјата никогаш порано не доживеала, слична но многу поголема од потопот од Ноевото време (Матеј 24:21, 29—31, 36—39). Оние кои ќе ја преживеат оваа „голема неволја“, ќе доживеат „времиња за освежување“ кога ќе го видат исполнувањето на сите Божји ветувања дадени ‚преку устата на неговите свети пророци‘ (Дела 3:20, 21; Откровение 7:14—17, НС). Што ветил Бог?

Па, Божјите пророци од старо време велат дека ќе му дојде крај на страдањето предизвикано од војна и крвопролевање. На пример, Псалм 45:9 ни кажува: ‚Ќе ги прекрати војните до крајот на земјата‘. Нема повеќе невини жртви и несреќни бегалци, силувани, осакатувани и убивани во сурови војни! Пророкот Исаија вели: „Народ против народ нема да крене меч и нема повеќе да се учат на војна“ (Исаија 2:4).

Пророците исто така претскажуваат крај на страдањето предизвикано од криминал и неправда. Изреки 2:21, 22 ветуваат дека „праведните ќе живеат на земјата“ и дека оние кои предизвикуваат болка и страдање ‚ќе бидат искоренети од неа‘. Повеќе нема ‚човек да господари над човек на своја штета‘ (Проповедник 8:9). Сите зли ќе бидат отстранети засекогаш (Псалм 36:10, 38). Секој ќе може да живее во мир и безбедност, ослободен од страдање (Михеј 4:4).

Освен тоа, пророците исто така ветуваат дека ќе има крај на страдањето предизвикано од телесни и емоционални болести (Исаија 33:24). Исаија ветува дека слепите, глувите, онеспособените и сите оние кои се погодени со болест и заболување, ќе бидат излечени (Исаија 35:5, 6). Бог ќе ги укине дури и последиците од смртта. Исус прорекол дека „сите, кои се во гробовите, ќе го чујат гласот на Синот Божји и ќе излезат“ (Јован 5:28, 29). Во својата визија за „ново небо и нова земја“, на апостол Јован му било речено дека „ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе: ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе“ (Откровение 21:1—4). Замисли си го тоа! Нема болка, нема солзи, нема викање, нема смрт — нема повеќе страдање!

Без разлика какви трагедии можеби се случиле во текот на ова привремено толерирање на злото, сите тие ќе бидат излечени. Дури и сеќавањата на човечката болка и страдање — кои Бог никогаш не ги намеравал — потполно ќе бидат избришани. „Поранешните жалости ќе бидат заборавени . . . поранешните нема повеќе да се спомнуваат“ — прорекол Исаија (Исаија 65:16, 17). Божјата првобитна намера — едно совршено човечко семејство да живее во тотален мир и среќа на рајска Земја — ќе биде потполно остварена (Исаија 45:18). Довербата во неговата сувереност ќе биде апсолутна. Каква само предност е да се живее во времето кога Бог ќе го оконча сето човечко страдање, времето кога Бог ќе покаже дека тој не е некаков „деспот, лажго, измамник, џелат“, како што Го обвинил Ниче, туку дека секогаш е полн со љубов, мудар и праведен во своето спроведување на апсолутната моќ!

[Слика на страница 5]

Некои владетели практикувале контрола на умот, лишувајќи ги своите жртви од слободна волја

[Извор на слика]

UPI/Bettmann

[Слика на страница 7]

Кога нема да има повеќе страдање, сите ќе му се радуваат на животот во потполност

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели