ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 15/5 стр. 26-29
  • Чувај се од припишувањето погрешни мотиви

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Чувај се од припишувањето погрешни мотиви
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Поука од минатото
  • Нашето гледиште за старешините
  • Чувствата во врска со родителите
  • Нашиот став спрема сохристијаните
  • Биди мотивиран од љубов
  • Кој е клучот за вистинското христијанство?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Спасени, но не поради делата, туку поради незаслужената љубезност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Дали ги гледаш другите како што ги гледа Јехова?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • „Живејте во љубов“
    Приближи му се на Јехова
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 15/5 стр. 26-29

Чувај се од припишувањето погрешни мотиви

ЕДЕН угледен телевизиски евангелист објавил остро обвинение против еден друг проповедник поради тоа што извршил прељуба. Меѓутоа, за една година, евангелистот обвинител бил фатен со една проститутка.

Во еден друг случај, една водечка светска сила испрати пратеници за да ги доведат завојуваните фракции на мировна маса. Во меѓувреме, истата нација скришно ги испраќаше своите трговци со оружје во странски нации за да продаваат оружје вредно милијарди долари.

Поради тоа што бесрамното лицемерие станало толку вообичаено, дали е некакво чудо тоа што скептицизмот во голема мера ја истиснал довербата? За мнозина, сомневањето во мотивите на другите станало навика.

Како христијани, мораме да внимаваме да не дозволиме таквите ставови да влијаат врз нашиот однос со верните соверници. Иако Исус Христос нѐ поттикнал да бидеме „претпазливи како змии“ додека сме меѓу нашите непријатели, тој не рекол дека треба да бидеме сомничави спрема неговите вистински следбеници (Матеј 10:16, НС). Тогаш, кои се опасностите од припишувањето погрешни мотиви на другите? На кои подрачја мораме да бидеме особено внимателни за да избегнуваме една таква склоност? И како можеме да го штитиме нашиот скапоцен однос со сохристијаните?

Поука од минатото

Да им се припишуваат погрешни мотиви на другите без оправдана причина е исто како да ги осудуваме. Тоа е како да избрзуваме со заклучокот дека нивните зборови или дела се само трик кој крие нешто подмолно и злобно. Честопати, вистинскиот проблем лежи во погрешното гледиште за работите, како што може да се види од библискиот извештај што се наоѓа во Исус Навин, поглавје 22.

Израелците завршиле со освојувањето на Ветената земја и штотуку ги добиле своите племенски територии. Племињата на Рувим и Гад и полуплемето на Манасија изградиле еден олтар „голем на изглед“ крај реката Јордан. Другите племиња погрешно заклучиле дека ова било чин на отпадништво. Се претпоставувало дека трите племиња ќе ја употребат оваа голема градба за принесување жртви, наместо да одат во шаторот за состаноци во Сило, назначеното место за обожавање. Племињата обвинители веднаш направиле подготовки за воена акција (Исус Навин 22:10—12).

Пофално е тоа што комуницирале со своите израелски браќа така што испратиле една официјална делегација предводена од Финес. Откако ги чуле обвиненијата за неверност, бунт и отпадништво против Јехова, племињата кои наводно постапиле навредливо, ја објасниле својата причина за овој огромен олтар. Наместо за жртва, тој олтар требало да ‚биде сведок‘ за единството на племињата на Израел во обожавањето на Јехова (Исус Навин 22:26, 27). Делегацијата се вратила дома задоволна поради тоа што ништо не нашле неисправно кај своите браќа. На тој начин била спречена една граѓанска војна и ужасно крвопроливање.

Каква поука за нас никогаш да не бидеме брзи да им припишеме погрешни мотиви на другите! Честопати, она што изгледа точно со чисто површно набљудување, испаѓа сосема поинаку откако ќе се испита поблиску. Ова важи за многу аспекти од животот на еден христијанин.

Нашето гледиште за старешините

Додека ја извршуваат својата одговорност ‚да ја пасат црквата на Господа‘, старешините понекогаш наоѓаат за неопходно да посоветуваат различни поединци во собранието (Дела 20:28). На пример, како реагираме ако некој старешина ни зборува за нашите деца за такви работи како што е лошо друштво или неисправно однесување со некој од спротивниот пол? Дали претпоставуваме дека тој има скриен мотив и си велиме: ‚Тој никогаш не го сакал нашето семејство‘? Ако дозволиме таквите чувства да влијаат врз нас, би можеле да зажалиме подоцна. Духовната благосостојба на нашите деца може да биде загрозена, па би требало да го цениме корисниот библиски совет (Изреки 12:15).

Кога некој собраниски старешина нѐ советува, да не бараме некои притаени мотиви. Напротив, да се запрашаме дали постои некој начин на кој можеме да извлечеме корист од неговиот совет темелен на Библијата. Апостол Павле напишал: „Секоја казна [стега, НС] однапред не се покажува дека е за радост, туку за жалост; но потоа на свикнатите на неа таа ќе им принесе мирен род на праведност“ (Евреите 12:11). Затоа, да бидеме благодарни и да размислуваме објективно за работите. Запомни дека честопати на старешините им е исто толку тешко да ни дадат совет колку што нам ни е тешко да го примиме.

Чувствата во врска со родителите

Кога се соочени со извесни родителски ограничувања, некои млади луѓе ги доведуваат во прашање мотивите на своите родители. Некои млади би можеле да речат: ‚Зошто моите родители поставуваат толку многу правила? Тие сигурно не сакаат да се радувам на животот‘. Меѓутоа, наместо да извлекуваат такви заклучоци, помладите треба објективно да ја проанализираат ситуацијата.

Родителите со години се грижеле за своите деца. Тоа било правено со огромни жртви во материјален поглед и на други начини. Дали постои некаква причина да се заклучи дека тие сега се решени да им го направат беден животот на своите тинејџерски деца? Зарем не е поразумно да се размисли дека љубовта ги мотивира овие родители да ги штитат своите деца и да се грижат за нив? Зарем истата љубов не би ги навела да им постават извесни ограничувања на своите деца, кои сега се соочуваат со нови предизвици во животот? Колку само нељубезно и неблагодарно би било да им се припишат погрешни мотиви на родители полни со љубов! (Ефесјаните 6:1—3).

Нашиот став спрема сохристијаните

Мнозина се склони однапред да им судат на другите и да ги шаблонизираат. Што ако самите ние сме имале таков став и сме биле некако сомничави спрема извесни луѓе? Дали можеби сме под влијание на светот во овој поглед?

На пример, да претпоставиме дека некој од нашите духовни браќа има убав дом и скап автомобил. Дали треба автоматски да заклучиме дека тој е материјалист кој не ги става интересите на Царството на прво место во животот? Некои христијани можеби се во состојба да си дозволат убави работи, но тоа не значи дека имаат лоши мотиви или, пак, дека не ‚го бараат најнапред царството‘. Тие може да се многу зафатени во духовните активности, дарежливо користејќи ги своите материјални имоти за да ги унапредуваат интересите на Царството, можеби на еден дискретен начин (Матеј 6:1—4, 33).

Христијанското собрание од првиот век било составено од луѓе од сите видови — богати и сиромашни (Дела 17:34, НС; 1. Тимотеј 2:3, 4; 6:17; Јаков 2:5). Бог не ги проценува луѓето на темел на нивната финансиска состојба, а не би требало ни ние. Треба да ги љубиме нашите докажани и верни соверници, ‚не правејќи ништо по пристрасност‘ (1. Тимотеј 5:21).

Во овој свет кој лежи во власта на Сатана, шаблонизирањето и сомневањето попримаат различни облици. На пример, едно лице може да е сметано за насилно или материјалистички настроено само поради неговото минато. Меѓутоа, како христијани, не смееме да паднеме како жртви на таквите ставови. Јеховината организација не е место за биготизам и сомневање. Сите вистински христијани треба да го имитираат Јехова Бог кај кого „нема неправда, ни лицемерие“ (2. Летописи 19:7; Дела 10:34, 35).

Биди мотивиран од љубов

Писмото јасно вели дека ‚сите згрешиле и се лишени од славата Божја‘ (Римјаните 3:23). Затоа, нашите сообожаватели треба да ги сметаме за такви кои се обединети со нас во тежнеењето да му принесуваат прифатлива служба на Јехова. Ако сме дозволиле сомневањето или други негативни чувства да влијаат врз нашиот однос со некој духовен брат или сестра, да се молиме за Божја помош за да го сузбиеме таквиот став со цел да не паднеме како жртви на Сатана (Матеј 6:13а). Тој ја убедил Ева дека Јехова имал лоши мотиви, дека не бил заинтересиран за нејзината благосостојба и дека ѝ ускратува слободи кои би ја направиле навистина среќна (1. Мојсеева 3:1—5). Нашето припишување погрешни мотиви на нашите браќа им служи на неговите цели (2. Коринтјаните 2:11; 1. Петрово 5:8).

Ако утврдиме дека имаме склоност да им припишуваме погрешни мотиви на другите, да размислиме за примерот на Исус Христос. Иако бил совршен Син Божји, тој не барал лоши мотиви во своите ученици. Наместо тоа, Исус го барал доброто во нив. Кога неговите ученици се натпреварувале за угледен положај, тој не претпоставил дека тие имале расипани мотиви и да ги замени со 12 нови апостоли (Марко 9:34, 35). Поради тоа што биле несовршени, тие можеби на некој начин биле под влијание на културата на отпадничкиот јудаизам, кој ја нагласувал гордоста и класните разлики. Исус знаел дека основната мотивација на неговите следбеници била љубовта кон Јехова. Поради покажувањето таква љубов и поради тоа што останале верни на Исус, тие биле богато наградени (Лука 22:28—30).

Ако би гледале сомничаво на нашите верни соверници, тоа би било како да гледаме на работите низ искривена леќа. Ништо не би изгледало онака како што навистина е. Затоа, да гледаме низ леќата на љубовта. Постојат изобилни докази дека лојалните сохристијани нѐ љубат и ја заслужуваат нашата љубезна обѕирност (1. Коринтјаните 13:4—8). Затоа, да им покажуваме љубов и да се чуваме од припишувањето погрешни мотиви.

[Слика на страница 26]

Како гледаш на другите кои верно го обожаваат Бог?

[Слика на страница 27]

Довербата и почитта ги прават Јеховините сведоци едно среќно семејство

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели