ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 1/7 стр. 26
  • Ослободување од демонското влијание

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ослободување од демонското влијание
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Сличен материјал
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • „Никогаш не сум почувствувала таква љубов“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 1/7 стр. 26

Објавителите на Царството известуваат

Ослободување од демонското влијание

СПИРИТИСТИЧКИОТ обичај одамна доминирал со животите на милиони луѓе. Но, можно е човек да се ослободи! Токму тоа им се случило на мнозина во древниот град Ефес. Според библискиот извештај, ‚мнозина од оние, кои правеле магии, собирајќи ги книгите свои, ги гореле . . . Така моќно растело и се засилувало словото Господово‘ (Дела 19:19, 20).

Христијанското собрание денес исто така доживува пораст. Како што било случај во Ефес, меѓу оние кои стануваат верници, има и такви кои претходно практикувале демонизам. Тоа го илустрира следново искуство од Зимбабве.

Гого (Баба) Мтупа била добро позната по својата спиритистичка моќ. Кај неа доаѓале луѓе дури од Замбија, Боцвана и од Јужна Африка за да ги лечи со својата народна медицина. Гого Мтупа исто така ги учела другите како да станат нанга, односно врач. А понекогаш и маѓепсувала!

Едно неделно утро, Гого Мтупа ја посетиле Јеховини сведоци кои биле ангажирани во службата од куќа до куќа. Таа многу се радувала што можела да дискутира со нив за библиското ветување за еден нов свет на праведност, свет слободен од сите зли влијанија. Ја зела книгата Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата и се согласила да има домашна библиска студија.a Само после три студии, почнала да присуствува на состаноците.

Преку нејзиното проучување на Библијата, Гого Мтупа дознала дека нејзината посебна моќ доаѓала од зли духовни суштества кои се побуниле против Јеховината сувереност (2. Петрово 2:4; Јуда 6). Исто така, дознала дека овие демони се решени да го свртат секого што можат против Јехова и против чистото обожавање. Поради тоа што нејзината живеачка зависела од привикувањето на овие зли духовни суштества, што да направи?

Гого Мтупа ја изразила својата желба да се куртули од сите свои амајлии и спиритистичка опрема. Во нив спаѓал нејзиниот посебен накит за главата и „рогови од бик кои зборуваат“, што ги користела при своите нанга лекувања. Гого Мтупа сакала да се куртули од сите такви предмети за да може да му служи на единствениот вистинит и жив Бог, Јехова.

Но, некои од нејзините роднини приговарале, бидејќи таа ги поддржувала финансиски. Ја молеле да им ги предаде ним предметите сосе нејзината необјаснива моќ за да можат тие да продолжат да профитираат. Гого Мтупа одбила.

Со помошта од локалното собрание на Јеховините сведоци, таа собрала три големи торби со спиритистичка опрема и го изгорела сето тоа. Додека пламењата ги голтале нејзините инструменти за демонско обожавање, Гого Мтупа викала: „Гледајте! Тој рог не може да се спаси себеси“.

Со текот на времето, Гого радосно го симболизирала своето предание на Јехова преку крштавање во вода. Како заработува сега? Со продавање зеленчук. Да, преку моќта на Божјата Реч, човек може да се ослободи од демонското обожавање. Гого Мтупа вели: „Никогаш не сум се чувствувала толку слободна“.

[Фуснота]

a Издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели