ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 15/9 стр. 25-29
  • Како дошла Библијата до нас — дел два

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како дошла Библијата до нас — дел два
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Се појавува еден пионер
  • Црквата возвраќа
  • Ефектот од печатењето
  • Вилијам Тиндејл и англиската Библија
  • Истражувањето донесува појасно разбирање
  • Тиндејл ги преведува Хебрејските списи
  • Библијата и Тиндејл под забрана
  • Вилијам Тиндејл — човек со визија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Тие ја сакале Божјата Реч
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Засолниште за печатењето на Библијата
    Разбудете се! 2002
  • Тие ја ценеле Библијата — извадок (Вилијам Тиндејл)
    Разно
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 15/9 стр. 25-29

Како дошла Библијата до нас — дел два

Пламењата се извивале кон небото додека било натрупувано сѐ повеќе и повеќе огрев врз кладата што бучи. Но, ова не бил обичен оган. Силниот голем оган бил ложен со Библии додека свештениците и прелатите посматрале. Но, со тоа што ги купил Библиите за да ги уништи, бискупот од Лондон несвесно му помогнал на преведувачот Вилијам Тиндејл да финансира натамошни изданија!

Што довело до таква решеност на обете страни во битката? Во едно претходно издание ја разгледавме историјата на публикувањето на Библијата во доцниот среден век. Сега, доаѓаме до зората на една нова ера кога пораката и авторитетот на Божјата Реч штотуку требало да имаат длабок ефект врз општеството.

Се појавува еден пионер

Џон Виклиф, почитуван оксфордски научник, силно проповедал и пишувал против небиблиските практики на Католичката црква, засновајќи го својот авторитет врз ‚Божјиот закон‘, мислејќи на Библијата. Тој ги испраќал своите студенти, лолардите, ширум англиските села за да ја проповедаат библиската порака на англиски секому кој би слушал. Пред да умре во 1384, тој го иницирал преведувањето на Библијата од латински на англискиот од неговото време.

Црквата нашла многу причини за да го презре Виклиф. Прво, тој го осудувал свештенството поради нивните неумерености и неморалното однесување. Освен тоа, многу од Виклифовите симпатизери ги злоупотребувале неговите учења за да ги оправдаат своите вооружени бунтови. Свештенството го обвинувало Виклиф, дури и после неговата смрт, иако тој никогаш не застапувал насилнички востанија.

Во едно писмо до папата Џон XXIII во 1412, надбискупот Арандел се осврнал на него како на „никакво и неподносливо човече Џон Виклиф, со клет спомен, тој син на старата змија, самиот гласник и чедо на антихристот“. Доведувајќи го своето поткажување до кулминација, Арандел напишал: „За да ја наврши мерката на својата злоба, тој го измисли средството за нов превод на писмото на мајчин јазик“. Всушност, она што најмногу ги разјарило црковните водачи бил фактот што Виклиф сакал на луѓето да им ја даде Библијата на нивниот јазик.

Па сепак, неколкумина угледни поединци имале пристап до Писмото на домашните јазици. Една од нив била Ана од Бохемија, која во 1382 се омажила со кралот Ричард II од Англија. Таа ги поседувала Виклифовите англиски преводи на Евангелијата, кои постојано ги проучувала. Кога станала кралица, нејзиниот поволен став помогнал да се унапреди каузата на Библијата — и тоа не само во Англија. Ана ги охрабрила студентите од Прашкиот универзитет во Бохемија да дојдат во Оксфорд. Таму тие ентузијастично ги студирале делата на Виклиф и зеле некои од нив назад во Прага. Популарноста на Виклифовите учења на Прашкиот универзитет подоцна послужила како поддршка за Јан Хус, кој студирал и најпосле поучувал таму. Хус направил читлива чешка верзија од старословенскиот превод. Неговите напори ја унапредиле општата употреба на Библијата во Бохемија, како и во соседните земји.

Црквата возвраќа

Свештенството било бесно на Виклиф и на Хус и поради тоа што поучувале дека „голиот текст“, оригиналното инспирирано Писмо без никакви додатоци, има поголем авторитет отколку „глосите“, несмасните традиционални објаснувања на маргините од Библиите со црквено одобрение. Неразводнетата порака од Божјата Реч била таа која овие проповедници сакале да ја направат достапна за обичниот човек.

Поради тоа што лажно му била ветена сигурна придружба, Хус бил намамен во 1414 да дојде пред католичкиот концил во Костанца (Германија) за да ги брани своите гледишта. Концилот бил составен од 2.933 свештеници, бискупи и кардинали. Хус се согласил да се откаже доколку неговите учења би можеле на темел на Писмото да бидат докажани како лажни. За концилот тоа не било прашањето. Неговиот предизвик на нивниот авторитет бил доволна причина тие да го запалат на клада во 1415, додека тој гласно се молел.

Истиот концил, исто така, направил конечен гест на осуда и навреда за Џон Виклиф, со тоа што донел одлука неговите коски да се ексхумираат во Англија и да се запалат. Оваа наредба била толку одбивна што не била извршена сѐ до 1428, по барање на папата. Но, како и секогаш, таквото жестоко противење не ја намалило ревноста на останатите љубители на вистината. Напротив, тоа ја зголемило нивната одлучност да ја публикуваат Божјата Реч.

Ефектот од печатењето

До 1450, само 35 години по смртта на Хус, Јоханес Гутенберг во Германија почнал да печати со подвижни букви. Неговото прво големо дело било едно издание на латинската Вулгата, завршено околу 1455. До 1495, целата Библија или делови од неа биле печатени на германски, италијански, француски, чешки, холандски, хебрејски, каталонски, грчки, шпански, старословенски, португалски и српски — по тој редослед.

Во 1516, холандскиот научник Десидериј Еразмо го произвел првото комплетно печатено издание на грчкиот текст. Еразмо сакал Писмото да „биде преведено на јазиците на сите луѓе“. Меѓутоа, се колебал да ја ризикува својата огромна популарност со тоа што би го превел самиот. Па сепак, следеле други кои ќе бидат похрабри. Меѓу овие поединци истакнат бил Вилијам Тиндејл.

Вилијам Тиндејл и англиската Библија

Тиндејл бил образован на Оксфорд, и околу 1521 дошол во домот на сер Џон Волш како тутор на неговите деца. При оброците околу Волшовата богата трпеза, младиот Тиндејл често ги вкрстувал вербалните мечови со локалното свештенство. Тиндејл прозаично ги предизвикувал нивните гледишта, отворајќи ја Библијата и покажувајќи им ги стиховите. Со текот на времето, Волшови станале уверени во она што го велел Тиндејл, а свештениците поретко биле повикувани и биле примани со помала одушевеност. Се разбира, ова уште повеќе ги огорчувало свештениците против Тиндејл и неговите верувања.

Еднаш, за време на една расправа, еден од Тиндејловите религиозни опоненти тврдел: „Подобро без Божјите закони отколку без папините“. Замисли си го Тиндејловото уверување кога одговорил: „Му се спротивставувам на папата и на сите негови закони. Ако ме поживее Бог, нема да поминат многу години додека направам едно момче кое стои зад плугот да го познава Писмото подобро од тебе“. Тиндејловата решеност се искристализирала. Подоцна тој напишал: „Од искуство увидов дека е невозможно лаиците да се утврдат во каква и да е вистина, доколку писмото не им се изнесе јасно пред очи на нивниот мајчин јазик за да можат да ја видат суштината, редот и значењето на текстот“.

Во тоа време, уште не била отпечатена ниедна Библија на англиски. Така, во 1523, Тиндејл заминал за Лондон за да измоли поддршка од бискупот Тунстал за еден преведувачки проект. Одбиен, тој ја напуштил Англија за да ја следи својата цел и никогаш да не се врати. Во Келн (Германија), кај неговиот прв печатар бил извршен претрес, и Тиндејл едвај се спасил со некои од скапоцените неподврзани страници. Меѓутоа, во Вормс (Германија), биле завршени најмалку 3.000 примероци од неговиот англиски „Нов завет“. Тие биле испратени во Англија и почнале да се дистрибуираат таму во почетокот на 1526. Некои од овие биле Библиите што бискупот Тунстал ги купил и ги изгорел, несвесно помагајќи му на Тиндејл да го продолжи своето дело!

Истражувањето донесува појасно разбирање

Тиндејл очигледно уживал во својата работа. Како што се изразува The Cambridge History of the Bible, „Писмото го правело среќен, и има некаква брзина и веселост во неговиот ритам кој ја пренесува неговата среќа“. Тиндејловата цел била да го остави Писмото да му зборува на обичниот човек со колку што е можно поточни и поедноставни термини. Неговите студии му го покажувале значењето на библиските зборови, кои со векови биле завиткани во црковна доктрина. Не плашејќи се ниту од заканата со смрт ниту од злобното перо на својот моќен непријател сер Томас Мор, Тиндејл ги инкорпорирал своите наоди во својот превод.

Работејќи од оригиналниот грчки од Еразмовиот текст наместо од латински, Тиндејл избрал „љубов“ наместо „милосрдие“, за попотполно да го изрази значењето на грчкиот термин ага́пе. Исто така, употребил „конгрегасион“ наместо „црква“, „покае“ наместо „испашта“ и „старешини“ наместо „свештеници“ (1. Коринтјаните 13:1—3; Колосјаните 4:15, 16; Лука 13:3, 5; 1. Тимотеј 5:17, Tyndale). Овие преиначувања биле опустошувачки за авторитетот на црквата и за традиционалните религиозни практики, како што е исповедањето пред свештеници.

Тиндејл на сличен начин се држел за зборот „воскресение“, отфрлајќи ги како небиблиски чистилиштето и свесноста после смртта. Во врска со мртвите, на Мор му напишал: „Ставајќи ги на небо, во пеколот и во чистилиштето, [ти] ги уништуваш аргументите со кои Христос и Павле го докажуваат воскресението“. Во овој поглед, Тиндејл се осврнал на Матеј 22:30—32 и на 1. Коринтјаните 15:12—19. Тој исправно поверувал дека мртвите остануваат несвесни сѐ до едно идно воскресение (Псалм 145:4; Проповедник 9:5; Јован 11:11, 24, 25). Ова значело дека целата подготовка за молитва до Марија и до „светците“ била бесмислена, затоа што тие во нивната бесвесна состојба не можеле ниту да чујат ниту да посредуваат.

Тиндејл ги преведува Хебрејските списи

Во 1530, Тиндејл произвел едно издание на Пентатеухот, првите пет книги од Хебрејските списи. Така, тој станал првото лице кое ја превело Библијата од хебрејски директно на англиски. Тиндејл бил и првиот англиски преведувач кој го употребил името Јехова. Лондонскиот научник Дејвид Даниел пишува: „Тиндејловите читатели сигурно биле силно импресионирани од фактот што Божјето име било наново откриено“.

Во својот обид да постигне јасност, Тиндејл употребил различни англиски зборови за да преведе еден хебрејски збор. Меѓутоа, тесно ја следел хебрејската структура. Резултатот ја сочувува збиената сила на хебрејскиот јазик. Тој самиот рекол: „Особините на хебрејскиот јазик се согласуваат илјада пати повеќе со англискиот отколку со латинскиот. Начинот на зборување е многу сличен; затоа, на илјадници места не е потребно ништо друго освен да се преведе на англиски, од збор до збор“.

Овој во основа дословен пристап го зачинил Тиндејловиот превод со хебрејски изрази. Некои од нив мора да изгледале доста чудни при првото читање. Сепак, Библијата конечно станала толку позната, што многу од овие изрази сега се дел од англискиот јазик. Во примерите спаѓаат: „човек според срцето Свое“ (како во 1. Царства 13:14), „пасха“ и „жртвен јарец“. Освен тоа, читателите на англиската Библија на тој начин се запознале со хебрејската мисла, која им дала подобар увид во инспирираното Писмо.

Библијата и Тиндејл под забрана

Можноста да се чита Речта Божја на свој јазик била восхитувачка. Англиското население се оѕвало со тоа што купувало сѐ што можело да се прошверцува во земјата, камуфлирано како бали со ткаенина или други стоки. Во меѓувреме, свештенството размислувало за сигурната загуба на својата позиција доколку Библијата почне да се смета за конечен авторитет. Затоа, за преведувачите и нивните поддржувачи ситуацијата сѐ повеќе станувала ствар на живот и смрт.

Постојано гонет од Црквата и од Државата, Тиндејл продолжил да работи скришно во Антверпен (Белгија). Сепак, посветувал по два дена во седмицата на она што го нарекувал своја разонода — служејќи им на другите англиски бегалци, сиромашните и болните. Најголемиот дел од своите средства ги трошел на тој начин. Пред да може да ја преведе втората половина од Хебрејските списи, Тиндејл бил предаден за пари од страна на еден Англичанец, кој се преправал како пријател. Погубен во Вилворд (Белгија), во 1536, неговите последни горливи зборови биле: „Господи! отвори му ги очите на Кралот на Англија“.

До 1538, кралот Хенри VIII од свои причини наредил во секоја црква во Англија да се стават Библии. Иако заслугата не му била припишана на Тиндејл, преводот што бил избран, всушност, бил неговиот. На овој начин, Тиндејловото дело станало толку добро познато и омилено што „го одредило фундаменталниот карактер на повеќето последователни верзии“ на англиски (The Cambridge History of the Bible). Речиси 90 отсто од Тиндејловиот превод бил пренесен директно во King James Version од 1611.

Слободниот пристап до Библијата значел голема промена за Англија. Дискусиите што се воделе околу Библиите што биле поставени во црквите станале толку живи што понекогаш се мешале со црквените богослужби! „Старите луѓе научиле да читаат за да можат директно да дојдат до Божјата Реч, а децата уживале да им се придружуваат на своите постари за да слушаат“ (A Concise History of the English Bible). Овој период исто така доживеал драматичен пораст во дистрибуирањето на Библијата во другите европски земји и јазици. Но, библиското движење во Англија требало да изврши влијание ширум светот. Како се случило тоа? И на кој начин натамошните откритија и истражувања влијаеле врз Библиите што ги користиме денес? Нашиот извештај ќе го завршиме со наредната статија од оваа серија.

[Слика на страница 26]

Тиндејловиот „Нов завет“ од 1526 — единствениот познат комплетен примерок кој го избегнал пламенот

[Извор на слика]

© The British Library Board

[Табела/слики на страници 26 и 27]

(Види во публикацијата)

Клучни датуми во пренесувањето на Библијата

Нашата ера

Започната Виклифовата Библија (пред 1384)

1400

Хус погубен 1415

Гутенберг — првата печатена Библија о. 1455

1500

Рани печатени преводи на домашен јазик

Еразмовиот грчки текст од 1516

Тиндејловиот „Нов завет“ од 1526

Тиндејл погубен 1536

Хенри VIII во 1538 наредува во црквите  да се стават Библии

1600

King James Version од 1611

[Слики]

Виклиф

Хус

Тиндејл

Хенри VIII

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели